Скопје - Радовиш шест часа.
Навеано. Нечисто. Нема полиција. Нема чистачи ни за лек. На секои десетина километри по еден заглавен шлепер. Наноси, соспи.
Премногу премногу премногу идиоти со летни гуми и без ланци. Со кој ум. Џипови со летни гуми. Никаква солидарност, никаков ред, без полиција, не знаат да држат растојание, не користат жмигавци, не знаат да возат во такви услови.
Сами расчистувавме и пропуштавме сообраќај, организација, шлепери, пропуштање. Исто сега кажуваат на вести демек полицијата предложила да се вози по недоправениот автопат. Таму што бевме луѓето на своја глава ги тргнавме браниците и се качивме на него па почнаа колоните да се расчистуваат.