AMC се познати по продажба на фалс, фалична, користена и оштетена роба. Јас пред 10 години прекинав секаква комуникација со нив, и од тогаш до сега не сум купил ни штрафче!
Тогаш купив 20 монтири "SUN" од кои 15 имаа дефекти уште при само прво пуштање/отварање од кутија матен екран и/или бои по екранот и/или ослабена R/G/B компонента. Ми ги заменија, а 11 од заменатите беа исто така со дефекти. На крај се испокарав, и по препукавање, објаснување и досаѓање, им ги вратив сите монитори и наместо нив земавме CTX со доплата + бидејќи наводно сме ги отвориле/фрлиле кутиите/незнам што.
Знам многу неубави искуства на други купци на големо и мало, а посебно горки искуства со оние крајните на кои компјутерите им дремеле со месеци во сервис за на крај да им ги вратат со истиот дефект, но со помината гаранција (као кој ве ебе, немате веќе гаранција).
Затоа моја најтопла препорака до сите кои не ги мразам е да го прескокнат АМЦ. Не дека и други фирми не го прават/правеле истово, меѓутоа од моите искуства АМЦ биле најкопиљаци од сите фирми во тој поглед.