Автор Тема: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам  (Прочитано 76066 пати)

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #60 на: 27 Јануари 2012, 00:30:19 am »
Gateaway лаптоп иам..Добри се тие,не му ги знам баш спецификациите,ама знам дека пред година дена го купив дебело,а сега не ми треба..:D
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #61 на: 27 Јануари 2012, 09:54:07 am »
Хаха Деан, тој лаптоп не постоеше пред една година :) Тој сега чини 28.000 а не па пред една година кога 2310 излезе некаде март 2011-та година ако не се лажам, ти тоа во Америка.

маме му ебам му скокнала цената, ќе проверам баш на гаранцијата кога го имам купено, знам го дадов десктопот и доплатив, ама крајна цена беше 26.000, другар мој го купи пред 2 месеци од амц 23.000 денари, ама сега гледам во амц 28.990 го продаваат, инаку во анхоч моментална цена му е 26.580, а во сет компјутери 24.990

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54919
  • Махер
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #62 на: 27 Јануари 2012, 10:06:01 am »
Каде бе за 23к, дај пиши ПП!

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #63 на: 27 Јануари 2012, 10:11:35 am »
дени, најефтино што го најдов во сет, 24.990, со тоа што за кеш можда ќе им спуштиш нешто. Му скокнала цената во меѓувреме. Инаку во право е Фаланга јас сум го зел во Јуни месец, пред пола година, сум изгубил осет со времево :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54919
  • Махер
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #64 на: 27 Јануари 2012, 10:27:22 am »
дени, најефтино што го најдов во сет, 24.990, со тоа што за кеш можда ќе им спуштиш нешто. Му скокнала цената во меѓувреме. Инаку во право е Фаланга јас сум го зел во Јуни месец, пред пола година, сум изгубил осет со времево :)
Го немаше во Сет на лагер... Иначе и поефтино ќе беше. Ама 25 е повеќе од 23. :)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #65 на: 27 Јануари 2012, 10:33:28 am »
мислам дека тие во амц шо ги даваа за 23 беа фалични, другаров три лаптопи смени додека му се погоди, на првиот звучникот не работеше, на вториот тропаа штрафчиња внатре низ лаптопот, третиов е добар засега ама ќе видиме :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #66 на: 27 Јануари 2012, 10:52:30 am »
AMC се познати по продажба на фалс, фалична, користена и оштетена роба. Јас пред 10 години прекинав секаква комуникација со нив, и од тогаш до сега не сум купил ни штрафче!

Тогаш купив 20 монтири "SUN" од кои 15 имаа дефекти уште при само прво пуштање/отварање од кутија матен екран и/или бои по екранот и/или ослабена R/G/B компонента. Ми ги заменија, а 11 од заменатите беа исто така со дефекти. На крај се испокарав, и по препукавање, објаснување и досаѓање, им ги вратив сите монитори и наместо нив земавме CTX со доплата + бидејќи наводно сме ги отвориле/фрлиле кутиите/незнам што.

Знам многу неубави искуства на други купци на големо и мало, а посебно горки искуства со оние крајните на кои компјутерите им дремеле со месеци во сервис за на крај да им ги вратат со истиот дефект, но со помината гаранција (као кој ве ебе, немате веќе гаранција).

Затоа моја најтопла препорака до сите кои не ги мразам е да го прескокнат АМЦ. Не дека и други фирми не го прават/правеле истово, меѓутоа од моите искуства АМЦ биле најкопиљаци од сите фирми во тој поглед.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7024
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #67 на: 27 Јануари 2012, 11:02:04 am »

Апсолутно се слагам со gOJDO
На сите што ми се мили и драги најтопло им препорачувам да го избегнуваат АМЦ, па макар и гратис им давале.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #68 на: 27 Јануари 2012, 11:13:50 am »
И јас имам непријатно искуство со АМЦ и одамна ги баталив.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54919
  • Махер
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #69 на: 27 Јануари 2012, 11:22:12 am »
И јас имам непријатно искуство со АМЦ и одамна ги баталив.
Исто.

А сеа доста за АМЦ.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #70 на: 27 Јануари 2012, 11:33:48 am »
Дени, добро е да се знае! Со тоа можеби ќе спречиш некој читател/член на форумов да се упуца у нога.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #71 на: 27 Јануари 2012, 12:04:29 pm »
Го немаше во Сет на лагер... Иначе и поефтино ќе беше. Ама 25 е повеќе од 23. :)
Секако дека го нема во СЕТ на лагер. СЕТ продаваат или certified refurbished или лажат во ценовниците. И кога
е отидеш таму добиваш информација: „Знаеш тоа беше екстра цена и сите се продадоа, тие сега што ги имаме се 28.000“

Јас бирекол дека СЕТ е прилично поголеми гомнари од АМЦ. Жими Анхоч што имаат малце смисла за бизнис, ама СЕТ, АМЦ, Нико, Мебиус..... само да не те снајде нивна беља

дени, најефтино што го најдов во сет, 24.990, со тоа што за кеш можда ќе им спуштиш нешто. Му скокнала цената во меѓувреме. Инаку во право е Фаланга јас сум го зел во Јуни месец, пред пола година, сум изгубил осет со времево :)
Изгледа си изгубил осет и за нешто друго :)
На Sandy Bridge процесорите прв пат им падна цената сега во септември иначе беа прилилно поскапи. Ако ти си го земал толку евтино, може да си го земал од тие market penetration серии но тие се revision 1.0 кои држат нови процесори и чипсети ама затоа имаат помалку квалитетни и поевтини аудио, мрежни контролери, екрани со послаб квалитет и останато. На тие целта им е да се појават со нова генерација на хардвер без да се фокусираат на останати компоненти и да се продаваат на key personnel во разни фирми, делумно како подароци, како try хардвер и слично. Токму со таа цел кај сите квалитетни ревјуа секогаш се потенцира дека тоа е прва тура на хардвер која очекуваат дека во блиска иднина ќе имаат повисок квалитет.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #72 на: 27 Јануари 2012, 12:46:41 pm »
па не би рекол дека го зедов толку ефтино, јас го зедов 26.000, моменталната цена во анхоч е 26.500. За квалитетот на компонентите ќе покаже времето, а за цената што е сега повисока, се бележи пораст на цената кај сите компоненти не само кај лаптопите, дали ќе продолжи тој тренд на поскапување ќе видиме. Во секој случај периодов не е баш за купување компјутер или лаптоп.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #73 на: 27 Јануари 2012, 12:56:00 pm »
па не би рекол дека го зедов толку ефтино, јас го зедов 26.000, моменталната цена во анхоч е 26.500. За квалитетот на компонентите ќе покаже времето, а за цената што е сега повисока, се бележи пораст на цената кај сите компоненти не само кај лаптопите, дали ќе продолжи тој тренд на поскапување ќе видиме. Во секој случај периодов не е баш за купување компјутер или лаптоп.
Зголемена е цената само на хард диковите а падната е на се друго, а особено на процесорите и на RAM меморијата. На пример ХП во тие лаптопи става Realtek мрежна карта или Atheros. Не става Intel оти таа е 4 пати поскапа. Затоа во трката за поевтин производ веќе се изгубија лаптопите со пристоен хардвер. Све ова сега е мачкина кашлица.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Лаптоп до 24.000 денари со нов и3 и 4гб рам
« Одговори #74 на: 30 Јануари 2012, 23:20:41 pm »
Captain lord kolku
pari e sega asusot? Epten eftino izgleda