Ајде малце да се навратиме на конкретниов случај.
Теоријата е едно праксата е друго. Разликата е што во теоријата многу тешко се пресметуваат околните фактори.
Теоретски ниедно возило што се вози во Македонија не е пресметано од производителот за нашите патишта, туку за теоретски асвалтен пат.

Практично за во Македонија идеално возило е само теренско возило кое може да ги амортизира македонските нерамнини на патот.
Не претерувајте со одговори како Никако, Катастрофално, итн. Ако гледаме така чиста глупост е и нископрофилна гума за нашиве патишта, ама сепак сите возите такви.
Реално пола Скопје вози со т.н. издишани амортизери, па никој не погинал. Така да кога некој сака да си го направи меракот треба да се размислува практично не теоретски.
Практично за кола што не е наменета за трки која бара високи перформанси, за градски брзини до 60km/h нема голема улога во перформансите ако се скратат спиралите за спуштање до неколку сантими, а камили да изгинеш заради таа измена.
Друга многу битна работа е изведбата. Ако се нафатиш на модификација (кратење на постоечките), доста битно е тоа да се изведе што е можно попрофесионално.
Единствена мана според мене е тој крајниот ОД. Ако многу силно се лупне на некоја дупка моше да се оштети држачот или незнам што друго.