Автор Тема: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam  (Прочитано 56600 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #15 на: 15 Февруари 2011, 20:52:07 pm »
Јас се извинувам што ке ви се убацам у муабет, но ако малку се разбирате, ке сватите дека со чипување на бензиски агрегат не се добива многу, уличарски кажано, џабе ке си ги фрлите парите...Кај дизел агрегатите муабетот е поинаков...Се добива доста, но и се губи доста...

Слушај, јас имам атмосферец бензин и сум ја чипувал. Од 90 КС на 104 КС, од 125 NM на 146 NM, малку ли е за тебе?

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #16 на: 15 Февруари 2011, 20:57:44 pm »
Јас се извинувам што ке ви се убацам у муабет, но ако малку се разбирате, ке сватите дека со чипување на бензиски агрегат не се добива многу, уличарски кажано, џабе ке си ги фрлите парите...Кај дизел агрегатите муабетот е поинаков...Се добива доста, но и се губи доста...

Слушај, јас имам атмосферец бензин и сум ја чипувал. Од 90 КС на 104 КС, од 125 NM на 146 NM, малку ли е за тебе?

toa ne da e malce, tuku e odlicno ...  znaci eve ic da ne pa najmalce 10 ks si dobir i  20 Nm sto e za mene odlicno ...

Jas da dobijam 10 ks, i 20 Nm bi bil zadovolen

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #17 на: 15 Февруари 2011, 21:12:39 pm »
Со промена на делови, можеби...Издуви, филтри, спуштање на глава, итн, итн, но со менување на параметрите во еепромот каде се направени фабричките нагодувања не се добива ништо освен моментот, кој се разбира е претходно испрограмиран... Е сега во одреден број на случаеви доколку се промени торкот, обртниот момент доколку не се додадат хардверски промени така да ги наречам, можеш и да изгубиш...Да добиеш на моќност, да изгубиш на забрзување, да го поместиш обртниот момент и колата под мали вртежи да нема снага или пак на повисоки обртаи да нема снага итн...

Инаку ме интересира на кој начин ги мерат коњските сили кои се добиени?

Бидејќи по дефиниција коњска сила е измислена единица, односно тоа е мерка за моќност, која во нормалниот свет е позната под името ват, односно извршена работа во единица време, вака лаички да кажам...Верувам дека ова го знаете, но ете мене никогаш не ми било јасно како пред и после чипување ги мерат коњските сили или ватите ?...

Можеби е на малку погрешно место поставено прашањево, но може да се отвори нова тема бидејќи не успеав да најдам слична...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #18 на: 15 Февруари 2011, 21:26:03 pm »
@SaleSK

Моќноста и вртежниот момент(т.е. tоrque) се функции. Моќноста е функција од вртежниот момент во зависност од бројот на вртежи помножена по бројот на вртежи. Значи ако го покачиш вртежниот момент во даден обрт ќе ја покачиш и моќноста при тој обрт. Дали ќе добие на забрзување или не ќе се знае со интегрирање( I = F(x)dx, каде x e во граници на работен опсег на моторот) на кривите на моќност. Ако интегралот на кривата после чипување е поголем од оној пред чипување, тогаш генерално се добива на моќност. Ако те интересира конкретно подрачје, пример 2000 до 4000 вртежи, каде најчесто се возат бензинците, тогаш ќе интегрираш во тој опсег. Повторно приказната, ако интегралот по чипување е поголем значи ќе имаш зголемена моќност и подобро забрзување.

Коњските сили на хартија се максималните коњски сили добиени при n вртежи, а исто и максималниот вртежен момент при m вртежи. Мерењата се прават на таканаречен динамометар, но за жал кај нас немаме саглам, т.е. точен динамометар. Џиџи нема направено дино-тест. Исто и јас немав направено, но затоа правев други тестови каде се испостави дека нема абсолутно никаква придобивка од чипувањето. Кај Џиџи, според некои резултати (забрзување од 0 до 100km/h) и неговата лична перцепција има разлика.

BTW, ват е единица мерка за моќност. Џул или ватсекунда е единица мерка за енергија, т.е. извршена работа во единица време.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #19 на: 15 Февруари 2011, 21:57:11 pm »
Топ ти е аутцето. За таа килажа мора да е фитиљ брзо. Инаку од мотор 1.3 не верувам дека фабрички има 115KS. Всушност и тие 101KS се реално многу за таков мотор. Што се однесува до чипувањето, мислам дека само ќе си ги фрлиш парите. Ама ако знаеш дека има реални резултати од некоја конкретна тјунерска куќа измерени на динамометар можеш да се обидеш. Јас конкретно направив чип-тјунинг на мојата Mazda 6 1.8 16v 120KS и наводно ми ветуваа +17KS и +21NM. За жал немаше ама баш никаква разлика во перформанси. Времињата на меѓузабрзувањата беа идентични пред и потоа, исто така времето мерено на фиксна стаза го поминавме за исто време пред и потоа. За разлика од чип-тјунингот, добив + перформанси и подобро примање кога ќе притиснам на гас од K&N печурка.

Другар со изјавава искина и тјунери и чипери и чипови и врагови :) Хехехе, абе искрено да ти кажам во најголем број од случаите се добивало моќност, колку толку, али после ова што го кажа се изнасмеав. Е сеа нека се јави некој и нека докаже дека не е така !!!! хеххеехеххехех

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #20 на: 15 Февруари 2011, 22:00:00 pm »
Благодарам на исцрпниот одговор....Но малку ова ме буни...Велиш дека се интегрира во помал опсег односно од 2000 до 4000 вртежи кој тебе ти се најбитни...Со интегрирање во граници од 1000 до 5000 би ги добил повторно истите параметри но кривата само ке биде во поширок опсег...
Цитат
( I = F(x)dx, каде x e во граници на работен опсег на моторот) на кривите на моќност. Ако интегралот на кривата после чипување е поголем од оној пред чипување, тогаш генерално се добива на моќност
Битното во моментот со кривата е со нејзино поместување односо со поместување на точката на максимална искористеност...а не работниот опсег :)
Во нормални услови на пресметки оваа искористеност е најдобра, нормално со некој фабрички стандарди каде што и пресметките се попрецизни и адекватно на тоа е извлечен и максимумот каде што перформансите и еластичноста на моторот е во некои граници кои се зацртани според некој норми како резултат на неколку децениското испитување на инжинерите кои работат во производтвените процеси...

Цитат
Коњските сили на хартија се максималните коњски сили добиени при n вртежи, а исто и максималниот вртежен момент при m вртежи. Мерењата се прават на таканаречен динамометар, но за жал кај нас немаме саглам, т.е. точен динамометар. Џиџи нема направено дино-тест. Исто и јас немав направено, но затоа правев други тестови каде се испостави дека нема абсолутно никаква придобивка од чипувањето. Кај Џиџи, според некои резултати (забрзување од 0 до 100km/h) и неговата лична перцепција има разлика.

Ова највеќе ме интересираше...
Лична перцепција  ??? Мислиш по муабет : А бе иде колава метак е види како прима, кине предница???
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #21 на: 15 Февруари 2011, 22:01:32 pm »
@zki
Ѕирни ја темава, овде има повеќе околу резултатите од тјунингот на мојата кола.
http://www.carclub.mk/index.php/topic,37.15.html

Благодарам на исцрпниот одговор....Но малку ова ме буни...Велиш дека се интегрира во помал опсег односно од 2000 до 4000 вртежи кој тебе ти се најбитни...Со интегрирање во граници од 1000 до 5000 би ги добил повторно истите параметри но кривата само ке биде во поширок опсег...
Различни бројки би требало да добиеш ако има некаква промена во работата на моторот. И во принцип со добар тјунинг можеш само да добиеш, не и да изгубиш. Ако неможе да постигнат повеќе сила на x вртежи и y% гас ќе ги остават фабричките сетинзи за смесата на горивото. Со тоа 2000 до 4000 сакав да кажам дека најчесто колата ја возиме, барем тоа важи за мене, во тој опсег. На 1000 или 6000 вртежи не ми значи ништо ако добијам + некој коњ.

« Последно менување: 15 Февруари 2011, 22:07:09 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #22 на: 15 Февруари 2011, 22:07:10 pm »
Јас се извинувам што ке ви се убацам у муабет, но ако малку се разбирате, ке сватите дека со чипување на бензиски агрегат не се добива многу, уличарски кажано, џабе ке си ги фрлите парите...Кај дизел агрегатите муабетот е поинаков...Се добива доста, но и се губи доста...
Која кола ја имаш чипувано?

Отсутен zki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #23 на: 15 Февруари 2011, 22:09:40 pm »
@zki
Ѕирни ја темава, овде има повеќе околу резултатите од тјунингот на мојата кола.
http://www.carclub.mk/index.php/topic,37.15.html

Видов на кратко, ама ти верувам потполно, да не бидам сватен погрешно, најискрено си имаш кажано и напишано за тоа што си добил, и ти верувам. Затоа ги poвикувам сите стручњаци и полустручњаци, тркачи и мркачи , кои имаат извадено 200, 300 или 400 коња :) повторно сарказам :), нека те побијат и нека го докажат спротивното. Да не дозволиме да не возат чувствата туку да видиме реални постигнувања по чипување, да видиме резултати.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #24 на: 15 Февруари 2011, 22:19:58 pm »
Цитат
Која кола ја имаш чипувано?

Сеат Ибица ТДИ....
Бензинец, Хонда Сивик 1.5 (кола на другарче)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #25 на: 15 Февруари 2011, 22:22:37 pm »
И сакаш да кажеш дека кај Хондата немаше подобрување, или напротив изгубил ... ? Каде ги чипуваше?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #26 на: 15 Февруари 2011, 22:27:59 pm »
Разлика имаше на Ибицата...Колата како да имаше ставено дупло појак мотор...
Така се возеше неколку денови при што потоа беше вратена на фабрички сетирања...
Хондата немаше некоја драстична промена за да паднеш у несвест...Ова е случување пред едно 7 или 8 години, така да стварно не се сеќавам...Дали беше кај шиник или кај некој друг не ме држи за збор...
Хондичето доби со промена на филтрите, издувче и некој други ситници...Како што реков кола ан другарче...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #27 на: 15 Февруари 2011, 22:58:12 pm »
Па у принцип така би било и сега! Шиникот е ОК, не дека ми е пријателче туку си го бива човекот. Сеа користи Byteshooter ... Проблемот е во мапите-кој ги средува? Има стотици no-name тјунери и непроверени мапи... Рикаат турбини и DPF филтри... Зошто си ја вратил Ибицата на стандард кога му било боље? Хондата има најбољи бензинац и знам дека дека нема многу ефекат од чип тјунинг, т.е. дека со к&n и 4-2-1 издув ќе се „дотера“... Јас конкретно ја чипував во Abarth и задоволен сум-не очекував дека ќе лета, а мерено е на моторна кочница. Сеа пристигна и NEW SERPDYNO EVO 2011 VERSION и поканет сум да ја потврдам веродостојноста на моќноста на возилото, бесплатно се разбира. Сакав само да ти кажам дека СЕКУНДАТА Е ОГРОМНА РАЗЛИКА ЗА АТМОСФЕРСКИ МОТОР, ТУКА СЕ РАБОТИ ЗА РАЗЛИКА ВО ЗАБРЗУВАЊЕТО ЗА ОКОЛУ 0,2 до 0,3 sec ОД 0-100 km/h. СЕКУНДА ДОБИВААТ ТУРБО ДИЗЕЛАШИТЕ НА КОИ ТЈУНИНГОТ СЕ ЧУВСТВУВА МНОГУ ДОБРО! Ова е во контекст на она „Лична перцепција   Мислиш по муабет : А бе иде колава метак е види како прима, кине предница???“ Така да диши малку колега, јас не возам точак туку кола !

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #28 на: 15 Февруари 2011, 23:20:48 pm »
Зошто си ја вратил Ибицата на стандард кога му било боље?

Заради продажба беше вратена онака како што треба да биде... :))

Сакав само да ти кажам дека СЕКУНДАТА Е ОГРОМНА РАЗЛИКА ЗА АТМОСФЕРСКИ МОТОР, ТУКА СЕ РАБОТИ ЗА РАЗЛИКА ВО ЗАБРЗУВАЊЕТО ЗА ОКОЛУ 0,2 до 0,3 sec ОД 0-100 km/h. СЕКУНДА ДОБИВААТ ТУРБО ДИЗЕЛАШИТЕ НА КОИ ТЈУНИНГОТ СЕ ЧУВСТВУВА МНОГУ ДОБРО! Ова е во контекст на она „Лична перцепција   Мислиш по муабет : А бе иде колава метак е види како прима, кине предница???“ Така да диши малку колега, јас не возам точак туку кола !

Точно, во право си...Само сепак не сме на писта, нели па за да значат пола или една секунда...Затоа и во контекст на муабетот прашав како ја мерат снагата пред и после чачкање по сетинзите...Сепак за тоа треба опрема...И тоа опрема...
+ ти гарантирам дека со квалитетно гориво односно со неквалитетно можеш да добиеш и  многу повеќе од она што ке го добиес со тјунингот...За разлика од минатото кога во горивото се збогатуваше со тетраетил олово а со тоа и беше  многу не еколошко денес тоа се прави со ациклични јаглеводороди...Максималните перформанси зависат и од квалитетот на смесата....
BTW точак ти е свецка работа :))
Поготово коа си на стаза и пред тебе имаш поглед у добра "задњица" :))))
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Suzuki Swift 1.3 GTi 16v Twin Cam
« Одговори #29 на: 15 Февруари 2011, 23:29:32 pm »
Зошто си ја вратил Ибицата на стандард кога му било боље?

Заради продажба беше вратена онака како што треба да биде... :))

Сакав само да ти кажам дека СЕКУНДАТА Е ОГРОМНА РАЗЛИКА ЗА АТМОСФЕРСКИ МОТОР, ТУКА СЕ РАБОТИ ЗА РАЗЛИКА ВО ЗАБРЗУВАЊЕТО ЗА ОКОЛУ 0,2 до 0,3 sec ОД 0-100 km/h. СЕКУНДА ДОБИВААТ ТУРБО ДИЗЕЛАШИТЕ НА КОИ ТЈУНИНГОТ СЕ ЧУВСТВУВА МНОГУ ДОБРО! Ова е во контекст на она „Лична перцепција   Мислиш по муабет : А бе иде колава метак е види како прима, кине предница???“ Така да диши малку колега, јас не возам точак туку кола !

Точно, во право си...Само сепак не сме на писта, нели па за да значат пола или една секунда...Затоа и во контекст на муабетот прашав како ја мерат снагата пред и после чачкање по сетинзите...Сепак за тоа треба опрема...И тоа опрема...
+ ти гарантирам дека со квалитетно гориво односно со неквалитетно можеш да добиеш и  многу повеќе од она што ке го добиес со тјунингот...За разлика од минатото кога во горивото се збогатуваше со тетраетил олово а со тоа и беше  многу не еколошко денес тоа се прави со ациклични јаглеводороди...Максималните перформанси зависат и од квалитетот на смесата....
BTW точак ти е свецка работа :))
Поготово коа си на стаза и пред тебе имаш поглед у добра "задњица" :))))


Хахаха ми се свиѓаш :D Се согласувам со тебе у врска перформансите, опремата и горивото. Сепак станува збор за мерак, а тој не се пресметува во пари :) Тетраетил олово се додаваше за да се зголеми октанскиот број на горивата, но не е калориите(енергијата). Како и да е, оловото воедно беше и како лубрикант. Квалитетно гориво, добро напумпани гуми, стално чист филтер за воздух и по можност de-cat цевка ... ;) Поздрав и да се запознаеме у живо, со оглед на тоа што не беше на собирот ... :)