Со промена на делови, можеби...Издуви, филтри, спуштање на глава, итн, итн, но со менување на параметрите во еепромот каде се направени фабричките нагодувања не се добива ништо освен моментот, кој се разбира е претходно испрограмиран... Е сега во одреден број на случаеви доколку се промени торкот, обртниот момент доколку не се додадат хардверски промени така да ги наречам, можеш и да изгубиш...Да добиеш на моќност, да изгубиш на забрзување, да го поместиш обртниот момент и колата под мали вртежи да нема снага или пак на повисоки обртаи да нема снага итн...
Инаку ме интересира на кој начин ги мерат коњските сили кои се добиени?
Бидејќи по дефиниција коњска сила е измислена единица, односно тоа е мерка за моќност, која во нормалниот свет е позната под името ват, односно извршена работа во единица време, вака лаички да кажам...Верувам дека ова го знаете, но ете мене никогаш не ми било јасно како пред и после чипување ги мерат коњските сили или ватите ?...
Можеби е на малку погрешно место поставено прашањево, но може да се отвори нова тема бидејќи не успеав да најдам слична...