Ако другарот има Фокус, не го прашувај, туку земи го и повози го. За гумите, Сава Ескимо топло ги прорачувам како одлична зимска гума. Многу е мека и за ниски температури е одлична. Нема подобра за тие пари. На стариот му монтирав зимава и имам само пофални зборови. Дури сум на мнение дека се можда и подобри од моите Мишелин Алпин кои се дупло поскапи, ама неможам да споредам директно бидејќи имаме различни возила (он вози Тојота Аурис, јас Мазда 6). За цената зависи од димензијата која ја возиш, но 205/55Р16 од прилика се таа цена.
За гориво, моја лична субјективна перцепција е дека Лукоил има најдобро. Некако поубаво ми работи автомобилот(по глатко и поубаво влече) и повеќето луѓе на форумов ќе го изнесат истиот став, како и дека помалку им троши со лукоил.