И ти си у право...но морам да додадам дека моите патосници после скоро 5 години изгледаат како нови, ги ставаш на вап и стварно нема никаков знак на истрошеност, фабрика си е фабрика. Додека на ибицата се исто ОЕМ но се платнени и да се познава истрошеност но мислам дека со добро хемиско и тие може да се средат.
Реално, ништо не трае вечно, па ни патосници. Јас на пример, би се помирил со тоа платнени патосници да ми траат 4-5 години бидејќи се 1300 денари да се заменат (афтермаркет, нормално). Исто, афтермаркет опцијата стои за да замениш само возачка патосница за дел од цената.
Мораме да се согласиме дека чувството на газење на теписон е значително подобро и го прави ентериерот попријатно место за престојување. За луѓе како нас кои генерално ги користат возилата на асфалт, не разбирам како некој сака да живее со компромисот на константно нечистиот изглед на гумата, како и непријатниот осет под чевлите кој се јавува при газење на гумена патосница.
Другар ми си купи Megane Coupe и тргна по типски гумени патосници. Го прашав зошто, ми извади некое античко верување на неговите претци како гумена патосница била подобра, а дечково генерално се замара со колите, атмосферата во ентериерот (да биде чисто и уредно) и хигиената околу истите.
Го убедив за теписонски и дојде и ми рече „да не ме убедеше за теписонски два пати пари ќе давав“.