Во следниот пост ќе објаснам неколку работи кој влијаат на чиптунингот.
Бидејќи чиптунингот станува сe по популарен веќе повеќето се свесни што во принцип претставува. Имајќи на ум на колку места може да се најде, човек губи поим што точно треба да бара и како да споредува.
Од нечиј приказни се повеќе се среќаваат искази од типот, Уникатен чип, чип точно за дадената кола, секој автомобил е различен и уникатен, како и спор што е подобро: чип штелуван на Динамометар (Дино) или чип поставуван во движење на автомобилот по улица.
За почеток сакам да опишам неколку термини, за потоа да се знае за што станува збор.
1.ЕПРОМ чип (EPROM = Erasable Programmable Read-Only-Memory) тоа е чип кој се користи кај повеќето автомобили произведени во периодот 1988 -2000. Со два збора чип во кој се запишува управувачкиот софтвер на возилото. (Речиси секогаш се 8 битни)
2. ЕЕPROM-чип (EEPROM = Electrically Erasable Programmable Read-Only Memory) исто е како ЕПРОМОТ но може да се запишува и брише повеќекратно по екетронски пат. (Нај често се 8 битни)
3.FLASH-меморија. Се користат во автомобили од 1996 до денес. 8 / 16 битни. Во суштина се со истите квалитет како EEPROM.
OBD - On-Board-Diagnose. Тоа е дијагностички приклучок на автомобилите. Преку него може во многу возила да це менува софтверот на возилото (содржината на Флеш чипот)
Дино (DYNO) - уред со кој се мери силата и вртежниот момент на возилото, а во исто време се набљудуваат голем број параметри во работата на возилото.
Мерни Единица за притисок. [HPa-хектопаскал], [mbar - милибар] 1hPa = 1mbar
За време mS-милисекунди, uS - микросекунди
Условна единица за вбризгување гориво (Einspritzmenge) - mg / Hub (доаѓа од германски) означува маса на гориво вбризгано во еден цилиндер за еден такт.
Епром симулатор (се среќава и како епром емулатор) - апарат кој ги симулира функциите на различни видови на чипови. Кажуваш каков чип треба да биде симулиран, го ставаш во симулатор потребниот фаил и наместо епром во компјутерот на колата можете да го закачите овој епром симулатор. Симулатори лесно се поврзува со Laptop или PC и може постојано да симулира различни фаилови. Многу е корисен бидејќи ако решиме да се испробаат наколку чипови нема потреба да ги менуваме по 10 пати
Симулаторот го заменува чипот во компјутерот и така многу ни олеснува.
Има симулатори кои овозможуваат промена на управувачкиот фаил за моторот во реално време (додека колата работи)
OBD-Flasher - апарат кој во комбинација со лаптоп или PC може да чита и пишува софтверот на возилото, преку OBD-џек (дијагностички Jack)
Да го земеме за пример голф 4 ТДИ 110 коњот 99 година доста распространет модел. Да речеме дека во еден месец на производство излегле 3000 такви парчиња. (Исти)
Така секоја од овие автомобили има компјутер со управувачки софтвер во него.
Секој коппјутер има број!
Во секој компјутер иам чипови кои исто така врз себе имаат број. Тоа е бројот на софтверот.
Ако прифатиме дека овие 3000 голфот се со ист број на компјутерот и ист број на чипот, тоа значи датотеките им се 1000% исти.
Во софтверот на автомобилот се запишани илјади карактеристики и команди. Најмногу важните кои нас во случајот ни интересираат ,
се време на вбризгување,
однесување на моторот при различни температури,
работен притисок на турбината,
момент на вбризгување на горивото,
однесување на ЕГР вентили за добра околината и уште многу други.
Ако два автомобили имаат две еднакви датотеки тоа значи дека горенаведените карактеристики се апсолутно еднакви. Односно начинот на управување на моторот кај двете коли е апсолутно ист.
Во случај кога автомобилите не се нови може да се каже дека има разлики во амортизацијата на самиот автомобил, компресија, состојба на турбината итн Но, тоа се работи кои едвај ли некој тунинг експерт може да ги знае со точност и од таму да ги познае разликите помеѓу автомобилите!
98% од разликите помеѓу 2 автомобили произлегуваат од амортицација НЕ МОЖАТ да се проценат од петминутна компјутерска дијагностика!
Ако во софтверот на возилото се промени пример количината на вбризгување гориво тоа и кај двете возила ќе има ист ефект (по богата мешавина) но може да се чувствува поразлично, ако некоја од автомобилите е " веќе пролупан" Односно кај двете возила неможеме да зборуваме за 2 уникатни фаила правени од ист човек со цел исти параметри. Во пракса ако ист тунингфаил се стави во два идентични автомобилот ефектот ќе биде ист! (Пак велам доколку не е земена во прдвид амортизацијата на возилото)
Во текот на производството на автомобилите електрониката се развива, исто така се прават автомобили за одредени региони со различни клматични услови и за да се постигне оптимална работа на моторот се прават промени на автомобилот, (датотеки) наменети за соодветниот регион.
Од таа причина во секоја серија произведени автомобили се монтираат и одредени компјутери со одреден фајл во нив. Со други зборови тоа е причината во голф 4 пример да има компјутери со различни броеви и со различни софтверски број (софтверски број = број на датотеката)
Пример во моторот на ТДИ 110 коњот кој се става на многу различни возила има неколку стотици можни датотеката (станува збор за фабрички датотеки).
Треба да се знае дека НЕ МОЖЕ да се земат чипови (односно софтверот) од два различни по број компјутерот и да се разменуваат. Резултатот може да биде НЕПАЛЕНЕ или сериозни оштетувања на моторот.
Исто многу луѓе се прашуваат што е подобро. ОБД туниг или замена на чипот. Тоа не е важно, бидејќи крајниот резултат и во двете работи е промена на софтверот со нов. Важно е кој и како го правел софтверот а не дали е сменет по електронски пат (во OBD-то) или со промена на чипот.
Што е подобро. Чип мапуван на улица или на Дино.
Нај добро е мапуване на Дино, но само ако станува збор за вистинско мапуване.
Односно се става епром симулатор и на Дино се менуваат параметрите на чипот.
За жал тоа, скоро никаде не се прави затоа што е премногу захтевно.
За сериски автомобили само се нуди мерење на моќноста пред и по ставање на чипот.
Дино соред мене е добро бидејќи се добиваат многу повеќе податоци за состојбата на моторот и на промената на неговите карактеристики. Дино е многу погодно нешто кога човек незнае точно што е променето . На Дино веднаш се гледаат дадените промена кон подобро или кон полошо
Затоа треба да се знае дека НЕМА такво нешто како "Општ чип за сите ТДИта" Секој чип има ИМЕ (број) и затоа овие броеви ce важни и ако не се совпаѓаат со оние на оригиналниот чип последниците може да се погубни.
Зошто го велам сето тоа?
Велам бидејќи треба да се знае дека е важно кој ги прави промените во софтверот на возилото, а не толку дали се правени на место или програмерот бил на 5000 километри од автомобилот.
Повеќето луѓе нудат чипови всушност препродаваат туѓи чипови.
Купуваат даден чип и ако тој се совпаѓа со чипот на клиентот го препродаваат, ако не нарачуваат по броевите нов чип (нова датотека).
Во последно време на интернет се среќава една "колекција" од тунингфаилови која се лесно достапна и со цена не повеќе од 10 - 15 еура (за 30 000 датотеки!) На ентузијастите кои сметаат дека тоа е одлична понуда , сакам да им кажам дека овие датотеки се ставени во WEB просторот со една единствена цел
– да ги кршат автомобилите.
Целта е се повеќе псевдо мајстори да експериментираат со такви датотеки на клиентски автомобили и да ги кршат, на тој начин на клиентот да му стане јасно дека при изборот на чиптунинг треба да се внимава и да се бара секогаш квалитет, а не да се гледа само цената .
На многу места во последно време се слушаат изведби како CUSTOM чип кој е "наменет само за Твојот автомобил".
Овие чипови се прават на лице место. Поставките се по желба на клиентот и човекот чипот сам го прилагодува.
Колку е точно тоа нешто?
Има разни HEX editori (мали програми) за чиптунинг кои ти кажуваат каде да се пипа за да го зголемиш горивото на пример. гледаш еден куп бројки и букви и едноставно ги кажуваш вредностите да се по високи со 1%, 3%, 10% итн
Што всушност се менува и како се менува не е јасно ниту на клиентот ниту на МАЈСТОРОТ.
Еве еден пример:
Кои ли се мерните единици за тие КАРТИ, едвај некој кој ви ги прикажува ќе ви одговори. Само е јасно дека автомобилот пушта повеќе гориво, пуши како локомотива, оди добро и е CUSTOM! Дека тоа слепо менуванје на софтверот носи помалку моќност и многу несакани ефекти може да биде погубно за целиот мотор останува премолчано! (Или клиентот ќего разбере кога ќе дојде влечна служба)
Бидејќи на повеќето тјунери не им е јасно што направиле по промената на датотеката и воопшто кој параметар со колку е зголемен, доаѓа ред на дијагностиката.
Односно менува на фајлот, а потоа со дијагноза гледаш што е направено.
Колку се покачен притисокот, со колку гориво какови се придобивките и воопшто дали е променето нешто кон добро или лошо.
Глупости! Едноставно преку дијагностика мајстор добива поим што направил по "програмирањето на слепо"
Кога нарачувате чиптунинг, или кога некој ви се перчи со вештини во областа на чипување добро е да поставите неколку едноставни но многу важни прашања.
1.Кој го правел чипот?
2 . Како се направени промени за чипот?
3. Што е променето во софтверот на автомобилот?
4. Зошто се променети дадените параметри?
5. Со колку се променети наведените параметри (тука задолжително е да се слушнат мерните единици)
6. Врз основа на што е одлучено да бидат променети со толку, или давам пример, зошто си кренал притисокот на турбината со 0.2 бари и од каде си сигурен дека тоа е безопастно?
Такви работи секогаш ќе ви заштедат главоболки.
Еве, на пример избор на датотека од Ауди 1.8 Т со пронајдени 5250 фаила Исклучително малку луѓе имаат пристап до толку многу картички за секој софтвер на некој автомобил и се свесни како и за што да ги користат
. Повеќето тјунери користат 2-3 карти за зголемување на горивото (што е исто како да ставаш Powerbox) и сите други параметри им се невидливи.
Пример за притисокот на турбината на 1.9 ТДИ 110 коњи АФН. Вредностите се притисок. Хоризонталата е количесто гориво а вертикалата вртежи. Односно оваа табела покажува колку hPa треба да биде притисокот на дадени брзини и вбризгување на количество гориво. Пример кај 45 mg / Hub гориво и 2058 вртежи притисокот треба да е 1950 мбар каде што во него е и атмосферскиот.
За да не се скрши турбината треба да се знае точно со колку се променети и тоа во кој опсег на табелата (односно да има зголемување на притисокот само кога автомобилот е под товар и пример над 1500 вртежи.)
Треба да се видат мерните единици за да може да се промени притисокот па потоа на дијагностиката да покажува толку колку што сме го поставиле.
Со колку е дозволено да се подигне притисокот и колку е безопастно за турбината зависи од многу фактори и е прашање на искуство (треба да го познаваш моторот за да знаеш до кое оптоварување ќе му издржат деловите.)
Факт е дека секоја една таква промена е индивидуална за секој тип на мотор (има модели со издржливи мотори има и други кои не поднесуваат зорт) Да ги разликуваш едни од други е прашање на долгогодишно искуство.
под кои максимални вредности на притисокот автомобилот да влегува во сервисен режим за да не пукне турбо. Ако оваа картичка се промени неодговорно (без да се знае што или колку се менува) и вредностите се подигнат, тогаш автомобилот не може да влезе во сервисен режим и тоа на многу висок притисок. Со други зборови се исклучува заштитниот механизам и поради тоа задолжително доаѓа до кршење на турбо.
Има картичка преку која може да се влиае на реакцијата на турбината како да се елиминираат ОПАСНИ пик притисоци поради чиптунинг.
За подобро согорување и за високо КПД како и заштеда на гориво е потребно да се променидруга картицка
. Карта за педалот за гас.
Тоа е картичка која ја опишува рекацијата на моторот во однос на притисокот на педалот за гас. Со оваа картичка може да се направи почувствителен педалот за гас кое често се користи за заблуда на клиентот и се прави така што со малку гас колата забрзува мноооого брзо и човек си мисли дека многу моќ има во моторот.
Всушност, со малку притискање на гасот автомобилот реагира исто како порано при притисната до крај гас ..
картичка за количеството вбризгување на бензин во кој е прикажан Ламбда коефициентот.
Оваа карта е исклучително важна во бензинските мотори особено кај турбомоторите бидејќи преку неа може лесно да се поправат проблеми со детонација на сиромашни мешавини итн Така дури во некои случаи широкопојасна сонда може да стане непотребна, бидејќи јасно и прецизно се поставуваат одредени Ламбда коефициенти кои ЕКУто ги почитува.
Ако оваа картичка не се направи како што треба може да се дојде до сиромашна смеса во бензинските мотори при што да се добива детонација страшни темпреатури и стоп, скршени или продупчени клипови.
Сето тоа се само неколку примери од многуте.
Сето ова го опишувам за да се разбере едно: чипови направени од двајца различни луѓе, никогаш не се исти! Секој тјунер нуди чиптунинг прави датотеки или располага со подготвени датотеки во кои се обработени одредени мапи на одреден начин и се менуваат по негово сознание.
Луѓето мислат дека откако ставил "некој" чип, автоматскисе качиле 30 коња. Тоа се глупости. Реалното зголемување на моќноста може да се види со мерење на DYNO и тоа пред ставање на чипот и по ставање
. Секоја манипулација на една картичка во софтверот крие свои ризици и затоа земањето на чип со непознато потекло или од непознат мајстор може да крие голем број опастности во себе.Без разлика колку е сладкоречив и добар за конверзација!
Се надевам дека од прочитаното тука имате веќе по широк поглед врз критериум со кои се избира еден чип. Со други зборови, цената не е се, важен е квалитетот!
Пс. Се извинувам сто не прикачов слики од картиците ,но стварно ми представува тешкотија да ги аплоадирам па после да ги закачам ,па не можело биле во голема резолуција итд.