Автор Тема: Што е чиптунинг  (Прочитано 7313 пати)

Отсутен daniel111

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Што е чиптунинг
« на: 08 Јануари 2012, 04:55:54 am »
1.   Што е чиптунинг?

Кај секој автомобил опремен со систем за електронска контрола на моторот постои уред (најчесто нарекува како "компјутер"), што управува со сите процеси koj се вклучени  за време на работа на моторот. Компјутерот чита податоци на голем број сензори, како што се: брзина, сигнал од Ламбда сондата количество воздух кој доаѓа во моторот , моментална состојба(позиција) на брегастата, притисок на турбо компресорот  температури и други. Постојат различни имиња на овој уред: Електронски блок на управување, Motorsteuergerat, ECU, Centralina, компјутер ... итн

 За компјутерот да ја извршува работата како што треба и да управува со моторот на оптимален начин тој (компјутерот) има потреба од точно oпределен алгоритам на работа или со други зборови има потреба од Логика со која да си ја врши работата. Алгоритмот на работа всушност е една програма која можеме грубо кажано да се споредува со BIOS-програмата за персоналните компјутери.

 Во секое од овие уреди (ECU) се наоѓа чип на кој е запишана соодветната контролна програма. Класичниот чиптунинг претставува замена на овој чип со друг чип кој носи друга''оптимизиран / променета''програма. Редоследот на работа на ECU-то накратко е следниов:

 1. Палење колата и моторот почнува да работи, првично по специјална програма, во која се стартува моторот. Моторот се командува од ECU-то во кое има чип картичка (нешто како шема по која работи моторот).

2. Различни сензори поднесуваат сигнали на ECU-то за состојбата на моторот.

3. Врз основа на поднесените сигнали, ECU-то реагира контролирајки го моторот на друг начин и со тоа се обезбедува максимално ефикасно работење на моторот.

 Начинот на кој реагира ECU-то на променливите услови, се определува од софтверот снимен на чипот, кој се наоѓа во ECU-то (овој чип се менува при тунинг).

 Да ја земеме на пример Ламбда сондата.
 
Тоа е сензор кој ја чита состојбата на издувните гасови. Во нив секогаш има мала количина неотработени гасови (дали во нив има неизгорено гориво), која количина ја чита  Ламбда сондата. Ако има премногу неизгорели гасови ECU-то ги менува сигналите  така што во моторот почнува да се вбризгува помала количина на  гориво кое  согорува по целосно (така се намалува потрошувачката и се подобрува околината на моторот) и обратно при други вредности на Ламбда коефициентот може да се додаде повеќе гориво.

 Во чипот има одредени табели со кои се смета при кои вредности на ламбдасондата колку гориво да се вбризга. Ако се промени софтверот (табелите) може да се постигне поголема моќност ако се вбризгува повеќе гориво (но не премногу, затоа што доаѓа момент во кој не доаѓа воздух за целосно согорување), односно под истите сигнали на сензорите ECU-то реагира на друг оптимизиран начин.

2.Какви видови чиптунинг има?

Постојат различни начини на чиптунинг:

1. Промена на EPROM чип (Класичниот начин соодветен за повеќето автомобили прозиведени пред 2000 година).

2. ОБД-тунинг OBD-Tuning (погоден за поновите модели на автомобили, кои наместо да се менува чипот, се менува само програмата која е запишана во ECU-то  со друга - оптимирана. Се заменува само програмата, а чипот си останува ист.

3. BDM - тунинг. Се користи кај повеќето компјутери на моделите од 2003 година (EDC16, ME9, SID803 итн) Во овие компјутери управувачката  програма се заменува со нова но не со промена на чипот или во дијагностичкиот приклучок туку  преку тканареченият BDM-Interface.Тоа е уред што  прави контакт директно со картичката на компјутерот и преку овој контакт се заменува софтверот.Водечки производители на БДМ се германската EVC-elektronik како и CMD и Dimsport.

 Постојат и ефтини "кинесчиња" на пазарот но со повеќето од нив се уништува компјутерот на колата а и речиси секогаш со нив се разлива калај на самиот компјутер.


[датотека избришана од администраторот]
« Последно менување: 11 Јануари 2012, 01:22:56 am velestrumf »

Отсутен daniel111

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #1 на: 08 Јануари 2012, 05:01:06 am »
БМВ автомобили со електроника од типот EDC16 може да се чипва САМО преку БДМ методот. Станува збор за повеќето модели од 2003 година.

4. Resistortuning - најчесто е штетен за моторот. Се вика уште POWERBOX.При овој вид на тунинг се поставува аналоген преубразувач или постојана комбинација на отпор. Можни се две шеми на поврзување:

4.1. Овој уред се поставува помеѓу моторот и одредени сензори, при што ECU-то добива лажни податоци и командува со моторот на друг начин.

4.2. Уредот се поставува помеѓу компјутерот и моторот при што дадените од компјутерот сигнали и команди се трансформирани и моторот добива лажни команди, што од своја страна води до одредено, но не секогаш контролирано зголемување на снагата.


Промената на управувачката  програма е многу подобара варијанта, бидејќи  ја менуваш целата логика на ECU-то. Така е поефикасен моторот, бидејќи работи  одредени (табели). Разликата меѓу нов софтвер и еден Powerbox е огромна и по правило речиси сите Powerboxови се дооста штетни за моторот.

3. Кај кои возила е можно чиптунинг?

Чиптунинг е можен кај сите автомобили на кои моторот се управува  со електроника:



Дизел автомобили со електронска пумпа за гориво.Повечето се произведени по 1992ра година и речиси сите се со директно вбризгување на горивото. (Кај различни марки автомобили се со ралични ознаки TDI, DCI, JTD, CDI, DTI)


Бензински автомобили кои исто така располагаат со компјутер главно од 1990 година. Тоа се речиси сите инјекциски мотори и моноинжекциони. Со исклучок на некои мотори кај кои инјектирањето е целосно механичко и во кои исто така моментот на палење на искрата не со определува од компјутер.

Чиптунинг е невозможен кај сите автомобили кои моторот НЕ се управува електронски:



4.Каков ефект да очекувам кај мојата кола?

Ефектот кај атмосферски мотори (односно на дизел без турбо) е околу 7-12% над сериската моќност на возилото. Со други зборови ако автомобилот ви е со моќност од 100 књски сили а зголемувањето е 9% тоа по чипвање е 109 коњски сили.

Погрешно е да се мисли дека кај секој мотор се можни 12% зголемување.
 Можностите на чиптунингot зависат од самиот мотор кој сакаме да го тунинговаме.

Ако уште од фабриката моторот излегува со многу конструктивни резерви  тогаш моќноста може да се зголеми многу. Обратно важи за мотори кај кои скоро ништо не може да се направи (зашто фабрички немаат фонд на моќност кој чипот би го "отклучи") и тогаш покачувањето едвај се чувствува или воопшто не се чувствува. :

Ефектот кај мотори со принудно полнење е многу поголем во споредба со атмосферски мотор. Мотор со принудно полнење се нарекува мотор со турбо полнење или механички компресор .

 Кај турбомотори ефектот е 15-35% од ОЕМ моќ на автомобилот. Колку точно е максимално дозволеното зголемување си зависи од самиот мотор.

 Како пример може да се даде еден дизелски мотор на VW .... да речеме најчестиот 1,9 ТДИ 90 коњски сили. Со чип тој може да стане 120 коњски сили што е околу 33% зголемување. Кај турбо бензински мотори работите се слични дури и кај нив се можни зголемувања над 35%

5.Какви се ризиците за автомобилот ?

Ризиците се, преоптоварен спојка(ламела), скршена турбина, прегревање на моторот, скршени клипови.

За ризиците кај неквалитетен чиптунинг ќе објаснам подолу.



[датотека избришана од администраторот]
« Последно менување: 10 Јануари 2012, 13:00:03 pm daniel111 »

Отсутен daniel111

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #2 на: 08 Јануари 2012, 05:08:07 am »
Секој компјутер има свој број. Кај Бош апаратите броевите започнуваат со 0261 ...или 0281

А кај Сименс со 5WP4 .... Кај DELCO броеви најчесто се состојат одбукви и итн Секој производител на компјутери  си има начин на ознаки



Другото, што треба да се знае е дека самите чипови (оригиналните) имаат број.Најчесто кај Бош- на секој чип има лента со број. Тоа е Софтверскиот број или со други зборови броевите ни покажува каков фајл е ставен во чипот.

За тоа кога некој сака да прашува за чип прво треба да знае кој е бројот на неговиот компанија и кој е бројот на оригиналниот чип. Кај ТДИ моторите на ВАГ и ТДС на БМВ меѓу 92ра и 2000 нај често се 2 чипа. Ако некој ви нуди чип, без да ве праша дури каков ви е бројот на автомобилот - тоа значи дека нема поим што нуди!


[датотека избришана од администраторот]

Отсутен daniel111

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #3 на: 08 Јануари 2012, 08:32:05 am »
Во следниот пост ќе објаснам неколку работи кој влијаат на чиптунингот.

 Бидејќи чиптунингот станува сe по популарен  веќе повеќето се свесни што во принцип претставува. Имајќи на ум на колку места може да се најде, човек губи поим што точно треба да бара и како да споредува.

 Од нечиј приказни се повеќе се среќаваат искази од типот, Уникатен чип, чип точно за дадената кола, секој автомобил е различен и уникатен, како и спор што е подобро: чип штелуван на Динамометар (Дино) или чип поставуван во движење на автомобилот по улица.
 
  За почеток сакам да опишам неколку термини, за потоа да се знае за што станува збор.
 
1.ЕПРОМ чип (EPROM = Erasable Programmable Read-Only-Memory) тоа е чип кој се користи кај повеќето автомобили произведени во периодот 1988 -2000. Со два збора чип во кој се запишува управувачкиот софтвер на возилото. (Речиси секогаш се 8 битни)

2. ЕЕPROM-чип (EEPROM = Electrically Erasable Programmable Read-Only Memory) исто е како ЕПРОМОТ но може да се запишува и брише повеќекратно по екетронски пат. (Нај често се 8 битни)

 3.FLASH-меморија. Се користат во автомобили од 1996 до денес. 8 / 16 битни. Во суштина се со истите квалитет како EEPROM.
 OBD - On-Board-Diagnose. Тоа е дијагностички приклучок на автомобилите. Преку него може во многу возила да це менува софтверот на возилото (содржината на Флеш чипот)

 Дино (DYNO) - уред со кој се мери силата и вртежниот момент на возилото, а во исто време се набљудуваат  голем број параметри во работата на возилото.

Мерни Единица за притисок. [HPa-хектопаскал], [mbar - милибар] 1hPa = 1mbar

 За време mS-милисекунди, uS - микросекунди
 
 Условна единица за вбризгување гориво (Einspritzmenge) - mg / Hub (доаѓа од германски) означува маса на гориво вбризгано во еден цилиндер за еден такт.

 Епром симулатор (се среќава и како епром емулатор) - апарат кој ги симулира функциите на различни видови на чипови. Кажуваш каков чип треба да биде симулиран, го ставаш во симулатор потребниот фаил и наместо епром во компјутерот на колата можете да го закачите овој епром симулатор. Симулатори лесно се поврзува со Laptop или PC и може постојано да симулира различни фаилови. Многу е корисен бидејќи ако решиме да се испробаат наколку чипови нема потреба да ги менуваме по 10 пати

 Симулаторот го заменува чипот во компјутерот и така многу ни олеснува.
 Има симулатори кои овозможуваат промена на управувачкиот фаил за моторот  во реално време (додека колата работи)
OBD-Flasher - апарат кој во комбинација со лаптоп или PC може да чита и пишува софтверот на возилото, преку  OBD-џек (дијагностички Jack)
 
Да го земеме за пример голф 4 ТДИ 110 коњот 99 година доста распространет модел. Да речеме дека во еден месец на производство  излегле 3000 такви парчиња. (Исти)
 Така секоја од овие автомобили има компјутер со управувачки софтвер во него.
 Секој коппјутер има број!
 Во секој компјутер иам чипови кои исто така врз себе имаат број. Тоа е бројот на софтверот.

  Ако прифатиме дека овие 3000 голфот се со ист број на компјутерот и ист број на чипот, тоа значи датотеките им се 1000% исти.

 Во софтверот на автомобилот се запишани илјади карактеристики и команди. Најмногу важните кои нас во случајот ни интересираат ,

 се време на вбризгување,

 однесување на моторот при различни температури,

 работен притисок на турбината,

 момент на вбризгување на горивото,

 однесување на ЕГР вентили за добра околината и уште многу други.

 Ако два автомобили имаат две еднакви датотеки тоа значи дека горенаведените карактеристики се апсолутно еднакви. Односно начинот на управување на моторот кај двете коли е апсолутно ист.

 Во случај кога автомобилите не се нови може да се каже дека има разлики во амортизацијата на самиот автомобил, компресија, состојба на турбината итн Но, тоа се работи кои едвај ли некој тунинг експерт може да ги знае со точност и од таму да ги познае разликите помеѓу автомобилите!

 98% од разликите помеѓу 2 автомобили произлегуваат од амортицација НЕ МОЖАТ да се проценат од петминутна компјутерска дијагностика!

 Ако во софтверот на возилото се промени пример количината на вбризгување гориво тоа и кај двете возила ќе има ист ефект (по богата мешавина) но може да се чувствува поразлично, ако некоја од автомобилите е " веќе пролупан" Односно кај двете возила неможеме да зборуваме за 2 уникатни фаила правени од ист човек со цел исти параметри. Во пракса ако ист тунингфаил се стави во два идентични автомобилот ефектот ќе биде ист! (Пак велам доколку не е земена во прдвид  амортизацијата на возилото)

 Во текот на производството на автомобилите електрониката се развива, исто така се прават автомобили за одредени региони со различни клматични услови и за да се постигне оптимална работа на моторот се прават промени на автомобилот, (датотеки) наменети за соодветниот регион.

 Од таа причина во секоја серија произведени автомобили се монтираат и одредени компјутери со одреден фајл во нив. Со други зборови тоа е причината во голф 4 пример да има компјутери со различни броеви и со различни софтверски број (софтверски број = број на датотеката)

 Пример во моторот на ТДИ 110 коњот кој се става на многу различни возила има неколку стотици можни датотеката (станува збор за фабрички датотеки).
 
Треба да се знае дека НЕ МОЖЕ да се земат чипови (односно софтверот) од два различни по број компјутерот и да се разменуваат. Резултатот може да биде НЕПАЛЕНЕ или сериозни оштетувања на моторот.
 
 Исто многу луѓе се прашуваат што е подобро. ОБД туниг или замена на чипот. Тоа  не е важно, бидејќи крајниот резултат и во двете работи е промена на софтверот со нов. Важно е кој и како го правел софтверот а не дали е сменет по електронски пат (во OBD-то) или со промена на чипот.
 
Што е подобро. Чип мапуван на улица или  на Дино.

 Нај добро е мапуване на Дино, но само ако станува збор за вистинско мапуване.
 Односно се става епром симулатор и на Дино се менуваат параметрите на чипот.
 За жал тоа, скоро никаде не се прави затоа што е премногу захтевно.

 За сериски автомобили само се нуди мерење на моќноста пред и по ставање на чипот.
 Дино соред мене е добро бидејќи се добиваат многу повеќе податоци за состојбата на моторот и на промената на неговите карактеристики. Дино е многу погодно нешто кога човек незнае точно што е променето . На Дино веднаш се гледаат дадените промена кон подобро или кон полошо

 Затоа треба да се знае дека НЕМА такво нешто како "Општ чип за сите ТДИта" Секој чип има ИМЕ (број) и затоа овие броеви ce важни и ако не се совпаѓаат со оние на оригиналниот чип последниците може да се погубни.

 Зошто го велам сето тоа?

 Велам бидејќи треба да се знае дека е важно кој ги прави промените во софтверот на возилото, а не толку дали се правени на место или програмерот бил на 5000 километри од автомобилот.

 Повеќето луѓе нудат чипови всушност препродаваат туѓи чипови.

 Купуваат даден чип и ако тој се совпаѓа со чипот на клиентот го препродаваат, ако не нарачуваат по броевите нов чип (нова датотека).

Во последно време на интернет се среќава една "колекција" од тунингфаилови која се лесно достапна и со цена не повеќе од 10 - 15 еура (за 30 000 датотеки!) На ентузијастите кои сметаат дека тоа е одлична понуда , сакам да им кажам дека овие датотеки се ставени во WEB просторот со една единствена цел
 – да ги кршат автомобилите.
Целта е се повеќе псевдо мајстори да експериментираат со такви датотеки на клиентски автомобили и да ги кршат, на тој начин на клиентот да му стане јасно дека при изборот на чиптунинг треба да се внимава и да се бара секогаш квалитет, а не да се гледа само цената .

На многу места во последно време се слушаат изведби како CUSTOM чип кој е "наменет само за Твојот автомобил".
 Овие чипови се прават на лице место. Поставките се по желба на клиентот и човекот  чипот  сам  го прилагодува.

 Колку е точно тоа нешто?

 Има разни HEX editori (мали програми) за чиптунинг кои ти кажуваат каде да се пипа за да го зголемиш  горивото на пример. гледаш еден куп  бројки и букви и едноставно ги кажуваш вредностите да се по високи со 1%, 3%, 10% итн

 Што всушност се менува и како се менува не е јасно ниту на клиентот ниту на МАЈСТОРОТ.

 Еве еден  пример:

Кои ли се мерните единици за тие КАРТИ, едвај  некој кој ви ги прикажува ќе ви одговори. Само е јасно дека автомобилот пушта повеќе гориво, пуши како локомотива, оди добро и е CUSTOM! Дека тоа слепо менуванје на софтверот  носи помалку моќност и многу несакани ефекти може да биде погубно за целиот мотор останува премолчано! (Или клиентот ќего разбере кога ќе дојде влечна служба)

 Бидејќи на повеќето тјунери не им е јасно што направиле по промената на датотеката и воопшто кој параметар со колку е зголемен, доаѓа ред на дијагностиката.
 Односно менува на фајлот, а потоа со дијагноза гледаш што е направено.
 Колку се покачен притисокот, со колку гориво какови се придобивките и воопшто дали е  променето  нешто кон добро или лошо.
 
 Глупости! Едноставно преку дијагностика мајстор добива поим што направил по "програмирањето на слепо"

 Кога нарачувате чиптунинг, или кога некој ви се перчи со вештини во областа на чипување  добро е да поставите неколку едноставни но многу важни прашања.

 1.Кој го правел чипот?

 2 . Како се направени промени за чипот?
 
3. Што е променето во софтверот на автомобилот?

 4. Зошто се променети дадените параметри?

 5. Со колку се променети наведените параметри (тука задолжително е да се слушнат мерните единици)
 
6. Врз основа на што е одлучено да бидат променети со толку, или давам пример, зошто си кренал притисокот на турбината со 0.2 бари и од каде си сигурен дека тоа е безопастно?

 Такви работи секогаш ќе ви заштедат главоболки.

 Еве, на пример избор на датотека од Ауди 1.8 Т со пронајдени 5250 фаила Исклучително малку луѓе имаат пристап до толку многу картички за секој софтвер на некој автомобил и се свесни како и за што да ги користат

. Повеќето тјунери користат 2-3 карти за зголемување на горивото (што е исто како да ставаш Powerbox) и сите други параметри  им  се невидливи.

Пример за притисокот на турбината на 1.9 ТДИ 110 коњи АФН. Вредностите се притисок. Хоризонталата е количесто гориво а вертикалата вртежи. Односно оваа табела покажува колку hPa треба да биде притисокот на дадени брзини и вбризгување на  количество гориво. Пример кај 45 mg / Hub гориво и 2058 вртежи притисокот треба да е 1950 мбар каде што  во него е и атмосферскиот.
 За да не се скрши турбината  треба да се знае точно со колку се променети  и тоа во кој опсег на табелата (односно да има зголемување на притисокот само кога автомобилот е под товар и пример над 1500 вртежи.)
 Треба да се видат мерните единици за да може да се промени притисокот па потоа на дијагностиката да покажува толку колку што сме го поставиле.

 Со колку е дозволено да се подигне притисокот и колку е безопастно за турбината зависи од многу фактори и е прашање на искуство (треба да го познаваш моторот за да знаеш до кое оптоварување ќе му издржат деловите.)
 Факт е дека секоја една таква промена е индивидуална за секој тип на мотор (има модели со издржливи мотори има и други кои не поднесуваат зорт) Да ги разликуваш едни од други е прашање на долгогодишно искуство.

под кои максимални вредности на притисокот автомобилот да влегува во сервисен режим за да не пукне турбо. Ако оваа картичка се промени неодговорно (без да се знае што или колку се менува) и вредностите се подигнат, тогаш автомобилот не може да влезе во сервисен режим и тоа на многу висок притисок. Со други зборови се исклучува заштитниот механизам и поради тоа задолжително доаѓа до кршење на турбо.

 Има картичка преку која може да се влиае на реакцијата на турбината како да се елиминираат ОПАСНИ пик притисоци поради чиптунинг.
 За подобро согорување и за високо КПД како и заштеда на гориво е потребно да се променидруга картицка

. Карта за педалот за гас.

 Тоа е картичка која ја опишува рекацијата на моторот во однос на притисокот на педалот за гас. Со оваа картичка може да се направи почувствителен  педалот за гас кое често се користи за заблуда на клиентот и се прави така што со малку гас колата забрзува мноооого брзо и човек си мисли дека многу моќ има во моторот.
 Всушност, со малку притискање на гасот автомобилот реагира исто како порано при  притисната до крај гас ..

 картичка за количеството вбризгување на бензин во кој е прикажан Ламбда коефициентот.

 Оваа карта е исклучително важна во бензинските мотори особено кај турбомоторите бидејќи преку неа може лесно да се поправат проблеми со детонација на сиромашни мешавини итн Така дури во некои случаи широкопојасна сонда може да стане непотребна, бидејќи јасно и прецизно се поставуваат одредени Ламбда коефициенти кои ЕКУто ги почитува.
 Ако оваа картичка не се направи како што треба може да се дојде до сиромашна смеса во бензинските мотори при што да се добива детонација страшни темпреатури и стоп, скршени или продупчени клипови.

 Сето тоа се само неколку примери од многуте.
 Сето ова го опишувам за да се разбере едно: чипови направени од двајца различни луѓе, никогаш не се исти! Секој тјунер нуди чиптунинг прави датотеки или располага со подготвени датотеки во кои се обработени одредени мапи на одреден начин и се менуваат по негово сознание.
 Луѓето мислат дека откако ставил "некој" чип, автоматскисе качиле 30 коња. Тоа се глупости. Реалното зголемување на моќноста може да се види со мерење на DYNO и тоа пред ставање на чипот и по ставање
 
. Секоја манипулација на една картичка во софтверот крие свои ризици и затоа земањето на чип со непознато потекло или од непознат мајстор може да крие голем број опастности во себе.Без разлика колку е сладкоречив и добар за конверзација!
 
Се надевам дека од прочитаното тука имате веќе по широк поглед врз критериум со кои се избира еден чип. Со други зборови, цената не е се, важен е квалитетот!

Пс. Се извинувам сто не прикачов слики  од картиците ,но стварно ми представува тешкотија да ги аплоадирам  па после да ги закачам ,па не можело биле во голема резолуција итд.
« Последно менување: 10 Јануари 2012, 13:28:31 pm daniel111 »

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #4 на: 08 Јануари 2012, 11:06:27 am »
Браво за текстот Даниел !
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #5 на: 08 Јануари 2012, 18:14:47 pm »
Одлично Даниел, ова на пауза ќе се чита деновиве. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #6 на: 08 Јануари 2012, 18:20:45 pm »
Одличен текст. Му треба малку средување ради полесно читање, али одличен текст!

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #7 на: 08 Јануари 2012, 23:00:40 pm »
Добредојде на форумот, одличен текст!
« Последно менување: 09 Јануари 2012, 09:25:28 am velestrumf »

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #8 на: 09 Јануари 2012, 00:05:10 am »
Одличен текст , ама Даниел немора да реагираш така бурно , никој не те навреди .
« Последно менување: 09 Јануари 2012, 09:29:14 am velestrumf »

Отсутен daniel111

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #9 на: 09 Јануари 2012, 05:01:16 am »
ОК . јас мислам дека треба сите  објаснувања(кој не се во контекс на темата) да ги избришеш од темава и да се напиеме по едно  пиво (иако јас не конзумирам алкохол) .
Па СЕ да си дојде на свое место и така со пријателски однос да продолжиме по натаму ,пробувајки,колку е можно да допринесеме во едукацијата (на оние кои имаат желба)
пс. извини за -недораснато  модераторче- тоа беше намерна провокација
инаку не сум таков човек кој лесно се лути и немам "Alter ego" :) и сите забелешки ги разгледувам како можни мој грешки.
( Старо магаре кој со тунинг се занимаваше  кога ТИТО беше сеуште жив)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #10 на: 09 Јануари 2012, 08:08:56 am »
E така, добри звуци се ова...Еве уште едно старо магаре од Титово време кое се занимава со тјунинг, мада јас пијам алкохол.
Не е лошо да се запознаеме, како стари магариња, можеби ќе ни тргне муабетот (рикањето)... ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #11 на: 09 Јануари 2012, 09:29:04 am »
Подзачистено троа :)

@daniel111: it's cool. Ако ти не пиеш пиво, ја ќе пијам за двајцата, не ми е проблем ;D Слободно продолжи со вакви теми и постови, пошто се навистина поучни.

пс. Извинето ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #12 на: 09 Јануари 2012, 09:38:41 am »
Данчо, му ја запамтив колата на Веле, па некоја вечер ќе му идеме да му ја урнисаме. Ќе му јадеме чипс и смоки и рацете ќе си ги бришеме од седишта, ќе му пиеме пиво и ќе му истураме по патосници и ќе му пушиме цигари и ќе тресеме унутра. Евентуално може и да му уринираме внатре бидејќи надвор е ѕивра ладно.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #13 на: 09 Јануари 2012, 14:13:07 pm »
:D :D :D :D

Абе гОЈДО...

Отсутен daniel111

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Што е чиптунинг
« Одговори #14 на: 09 Јануари 2012, 15:41:18 pm »
Данчо, му ја запамтив колата на Веле, па некоја вечер ќе му идеме да му ја урнисаме. Ќе му јадеме чипс и смоки и рацете ќе си ги бришеме од седишта, ќе му пиеме пиво и ќе му истураме по патосници и ќе му пушиме цигари и ќе тресеме унутра. Евентуално може и да му уринираме внатре бидејќи надвор е ѕивра ладно.
Кириле  ,ајде ова другово може ама да не претера со чипсот и смокито , не е културно е да се јаде без нож и виљушка :)