Го размишљам новиов закон веќе некое време, и дојдов до следниве (субјективни) заклучоци.
1. Децата на 16 години не се психички и емотивно подготвени да бидат возачи. Чест на исклучоците, ама знам какво недоделкано магаре ја сум бил на 16 години, и со таа импулсивност, ароганција и бес, не би си дозволил сам на себе да возам. Не дека на 18 години сум бил нешто многу различен, но сепак има (некаква) разлика.
2. Моментот за забрана за возење после 20:00 е глуп. Далеку се поголеми шансите млади и неискусни возачи да направат беља преку ден, кога е повеќе гужва и има многу повеќе автомобили на патиштата отколку ноќе. ДА, ноќе има повеќе шанса да налетаат на пијани будали (или самите тие да бидат пијани будали), но нели се забрани продажба на алкохол на малолетници, па од таму, проблемот со алкохолот не би требало да биде проблем? (Тоа што и 5-годишно дете да го пратиш да купи пиво/вино во маалско гранапче ќе заврши работа, е сасвим друг муаебет.)
3. Деца на 16 години (чест на исклучоците) имаат желба да се покажат пред своите другари и/или потенцијални мувачици. Ова е најголемиот ризик.
4. Одговорноста во овој случај треба да паѓа на родителите. Финансиската одговорност за глупостите кои ќе ги прават нивните деца апсолутно е на родителите, но треба казните да бидат поголеми и поригорозни, и да се однесуваат и на родителите. Рецимо, ако синот земе кола од дома и го фатат џандари како прави глупости, да плати казна и малиот, но и некаква одговорност да сноси родителот (негативни поени, одземање возачка, што знам?). Со тоа и родителите ќе имаат малку повеќе мотивација да обрнат внимание што и како прават нивните деца. Дете на 16 години сеуште не е полнолетно, и сеуште не е целосно одговорно за себе - ова би требало да важи и за возење.
5. Ако се фати дете да вози ноќе (а тоа веќе е забрането), па уште недај боже да има било што испиено, полиција би требало да лице место да одземе клучеви, а сопственикот на возилото да дојде да си ги земе во станица.
6. Со гинењето неам проблем, барем ќе се прочистиме малку од глуперди кои само го намалуваат просекот на интелигенција во државава. Само да не гинам ја или некој мој близок како резултат на детска глупост.