Автор Тема: Возачка на 16 ?!?!  (Прочитано 18725 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1283
Возачка на 16 ?!?!
« на: 08 Јануари 2012, 01:22:31 am »
Што се случи со овој закон?
Слушнав на тв и по нет имаше дека е усвоен и може да се полага. Татко ми се знае со човек што има авто школа ( не е битно која ) и го прашал што како а тој му рекол нема врска ни е пуштено ни ќе се пушти да се полага на 16  :-\

Знае ли некој нешто за ова  ???
(не проверив дали има тема во врска за ова ако има преместете)

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #1 на: 08 Јануари 2012, 01:35:47 am »
Јас мислам дека сеуште нема нешто вакво , сум слушал дека на 17 години и 6 месеци можело да се полага па давале некој документ со кој можело да се вози , ова само од моабети што сум слушал .

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #2 на: 08 Јануари 2012, 01:37:36 am »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #3 на: 08 Јануари 2012, 01:39:10 am »
Otidovme jabana...

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #4 на: 08 Јануари 2012, 01:45:05 am »
 И онака возеа без возачка вака барем ќе бидат легални возачи

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #5 на: 08 Јануари 2012, 01:46:53 am »
Абе викаат демек за законов уште не бил излезен во службен весник... појма немам

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #6 на: 08 Јануари 2012, 01:58:52 am »
Кога може да се вози од 16, нека напраат да можеи да ги тепаш на 16 :) Не ми смета законов, се додека некој ваков не ми предизвика некоја штета.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен GOLF 1 GTI

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • NO TURBO,NO FUN :))
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #7 на: 08 Јануари 2012, 02:35:01 am »
јас мислам дека ако веке го усвоиле треба да напрат некој измени во законот.пример да не возат коли со поголема кубикажа од 1.2 пример.шо сметам дека и со 1.2 има доста брзи количина :)
smekeri tuniraju,picke se drogiraju :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #8 на: 08 Јануари 2012, 03:13:14 am »
Јас мислам да направат да може да се полага од 16, а возачката да се добива на 18ти роденден :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #9 на: 08 Јануари 2012, 03:18:08 am »
Џабе под 100кс коли, ако законот е селективен како до сега. Ќе го јадат само оние кои не треба да го јадат.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #10 на: 08 Јануари 2012, 03:40:05 am »
Кој има толку силни врски за да кине казни во 2-3 навечер, тој веројатно и нема да го пишат за неположено. Така да според мене исто ти доаѓа за селективноста. Е сеа што ќе се појават многу "родени тркачи" кои го можат невозможното е голем проблем но таа е.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #11 на: 08 Јануари 2012, 10:53:28 am »
Otidovme jabana...
Ние и над 30г сме ретардирани петарди, не па на 16...
Отидовме јабана.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #12 на: 08 Јануари 2012, 11:15:59 am »
Ке се  гине на големо

Имам неколку другари од населба и сите се попалени да полагаат,и да станат тркачи,а ке се утепаат при првиот момент кога ке дигнат 100км/х :D :D :D

Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #13 на: 08 Јануари 2012, 11:33:52 am »
Го размишљам новиов закон веќе некое време, и дојдов до следниве (субјективни) заклучоци.

1. Децата на 16 години не се психички и емотивно подготвени да бидат возачи. Чест на исклучоците, ама знам какво недоделкано магаре ја сум бил на 16 години, и со таа импулсивност, ароганција и бес, не би си дозволил сам на себе да возам. Не дека на 18 години сум бил нешто многу различен, но сепак има (некаква) разлика.

2. Моментот за забрана за возење после 20:00 е глуп. Далеку се поголеми шансите млади и неискусни возачи да направат беља преку ден, кога е повеќе гужва и има многу повеќе автомобили на патиштата отколку ноќе. ДА, ноќе има повеќе шанса да налетаат на пијани будали (или самите тие да бидат пијани будали), но нели се забрани продажба на алкохол на малолетници, па од таму, проблемот со алкохолот не би требало да биде проблем? (Тоа што и 5-годишно дете да го пратиш да купи пиво/вино во маалско гранапче ќе заврши работа, е сасвим друг муаебет.)

3. Деца на 16 години (чест на исклучоците) имаат желба да се покажат пред своите другари и/или потенцијални мувачици. Ова е најголемиот ризик.

4. Одговорноста во овој случај треба да паѓа на родителите. Финансиската одговорност за глупостите кои ќе ги прават нивните деца апсолутно е на родителите, но треба казните да бидат поголеми и поригорозни, и да се однесуваат и на родителите. Рецимо, ако синот земе кола од дома и го фатат џандари како прави глупости, да плати казна и малиот, но и некаква одговорност да сноси родителот (негативни поени, одземање возачка, што знам?). Со тоа и родителите ќе имаат малку повеќе мотивација да обрнат внимание што и како прават нивните деца. Дете на 16 години сеуште не е полнолетно, и сеуште не е целосно одговорно за себе - ова би требало да важи и за возење.

5. Ако се фати дете да вози ноќе (а тоа веќе е забрането), па уште недај боже да има било што испиено, полиција би требало да лице место да одземе клучеви, а сопственикот на возилото да дојде да си ги земе во станица.

6. Со гинењето неам проблем, барем ќе се прочистиме малку од глуперди кои само го намалуваат просекот на интелигенција во државава. Само да не гинам ја или некој мој близок како резултат на детска глупост.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Возачка на 16 ?!?!
« Одговори #14 на: 08 Јануари 2012, 11:34:27 am »
^^

1. Многу да. Еден збор X6.

2. Па, да. Ама не би рекол дека е глуп. Мене ми годи многу што неможат да возат после 20.00ч, освен оние со Х6.

3. Осебено пред другарките. Знам јас што сум правел на 18-19, а тек што ќе сум правел на 16. :)

4. Одземање на возачка на родителот е ОДЛИЧНО РЕШЕНИЕ. Само проблем остануваат оние со Х6.

6. Епа тоа е фората, ни крив ни должен некој може да е слупан со 140кмч на партизанска.

П.С. Под Х6 подразбирам перење пари и дегени. Односно народ кој треба да загине под итно, до 3то колено. Има многу фини деца со ѕверотии од коли кои ги немаат згазено, и се многу фини (на 19 тина години) и лично ги знам. Ама тие се многу ретки.