Вреди да се отиде во Шведска да се гледа, верувајте.
Се лета со ЈАТ од Скопје до Белград, па после од Белград до Стокхолм ( најевтина варијанта ) или со Austrian преку Виена но, малку е поскапичко.
Од Стокхолм се фаќа автобус до Карлштад за да се проследи супер специјалот, па после или со бус или "падобранец" со локалци кои исто се дојдени да следат, до сервис паркот или до Вергасен, Ликонас- првиот ден. Се преспива за 15- ина евра, па потоа за вториот ден се оди до Хегфорс, Саген или Фредриксберг. Повторно се преспива во местото до кое сте допатувале, па третиот ден се останува или во Хегфорс бидејќи таму е сервис паркот за 2- иот и 3- иот ден или се оди до Густафсорс или Торнторп.
Тура ипол и доживување ипол.