Автор Тема: WRC season 2011  (Прочитано 17195 пати)

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1817
Одг: WRC season 2011
« Одговори #30 на: 13 Јуни 2011, 20:49:00 pm »
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16742
  • Keep it 100
Одг: WRC season 2011
« Одговори #31 на: 13 Јуни 2011, 21:08:12 pm »
Никој не го стига!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: WRC season 2011
« Одговори #32 на: 14 Јуни 2011, 01:00:48 am »
На крај, другите ке прашаат кој угаси светло... А мистер кен блок го нема кај е ? :)

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1817
Одг: WRC season 2011
« Одговори #33 на: 14 Јуни 2011, 01:32:26 am »
Го нема, сликата е print screen од официјалната страна на WRC :
http://www.wrc.com/results/
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1817
Одг: WRC season 2011
« Одговори #34 на: 11 Август 2011, 08:02:59 am »
Rally Finland : 28 - 31 Jul 11

1. S. LOEB                  2:39:37   
2. J. LATVALA             2:39:45        +8.1
3. S. OGIER                2:39:49        +12.8
4. M. HIRVONEN        2:40:46        +1:09.1
5. P. SOLBERG            2:40:53.2      +1:16.2

Еве што го прави ова рели посебно :)

Not a valid youtube URL
« Последно менување: 11 Август 2011, 08:09:33 am Schmitt »
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16742
  • Keep it 100
Одг: WRC season 2011
« Одговори #35 на: 15 Ноември 2011, 16:01:05 pm »
Латвала славеше победа, Лоеб осма титула

Јари Мати Латвала успеа да стигне до победата во Велика Британија, која беше засенета од осмата титула на Лоеб по ред во светскиот рели шампионат. Иако борбата за титулата беше решена...

уште во петокот поради откажувањето на Хирвонен, Лоеб мораше да почека до последната етапа за да официјално биде крунисан по осми пат.

До пред откажувањето на Хирвонен, двајцата возачи се менуваа на лидерската позиција. Но откако проблемите со ладилникот се пројавија кај Финецот, Лоеб го намали темпото и свесно или не, беше поминат од Латвала, кој до крајот беше недостижлив.

На последниот ден од релито, Лоеб имаше и излетување кое го чинеше предвремено завршување на настапот во Британија.

Мадс Остберг заврши како втор, со што ја круниса за него најдобрата сезона досега, додека зад него се најде Хенинг Солберг кој стигна до првиот подиум во последните две години.

Себастијан Ожие заврши на единаесеттата позиција, откако во почетните етапи излета и го оштети автомобилот, по што следуваше битка за последните позиции.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: WRC season 2011
« Одговори #36 на: 16 Ноември 2011, 04:49:53 am »

Не знам од кај ти е земена информацијава ама тој што ја пишувал се гледа дека не следи WRC.Лоеб немаше излетување туку помеѓу две етапи на јавен пат се удрија со друга кола.Дечкото во другата кола потполно заборавил дека е во Британија и возел во спротивна насока и исходот директен судир со што му го оштети хладњакот и неможеше да продолжи ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16742
  • Keep it 100
Одг: WRC season 2011
« Одговори #37 на: 16 Ноември 2011, 13:29:02 pm »
Од тука е земена: http://vozi.com.mk/reli/latvala-slaveshe-pobeda-loeb-osma-titula.html

Фала што ме поправи, инаку битното ми беше тоа дека зема 8ма титула по ред :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: WRC season 2011
« Одговори #38 на: 16 Ноември 2011, 14:46:28 pm »
Лоеб во ВРЦ, ти е како шумахер во формула :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29839
    • CARclub.mk
Одг: WRC season 2011
« Одговори #39 на: 16 Ноември 2011, 18:34:04 pm »
Многу подобар од Шумахер.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: WRC season 2011
« Одговори #40 на: 17 Ноември 2011, 00:02:58 am »
Многу подобар од Шумахер.
+1 Со оваа титула стана првиот човек во автомобилизмот што има освоено 8 титули.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: WRC season 2011
« Одговори #41 на: 17 Ноември 2011, 00:53:28 am »
Многу подобар од Шумахер.
+1 Со оваа титула стана првиот човек во автомобилизмот што има освоено 8 титули.

Тоа сакав да го кажам и јас, и пази смени до сеа 3 или 4 модели на цитроен...

Не е заебанција, сите да ги научиш... да ги возиш...

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16742
  • Keep it 100
Одг: WRC season 2011
« Одговори #42 на: 17 Ноември 2011, 13:11:35 pm »
WRC: ’’Braking news’’ Ожие си замина, Хирвонен во Citroen

Финецот Мико Хирвонен и неговиот совозач Јармо Летинен направија голем пресврт во својата рели кариера и потпишаа две годишен договор со тимот на Citroen Racing.

Хирвонен и Летинен, кои беа дел од фабричкиот тим на Ford во светскиот рели шампионат уште од 2006 година, ќе ги заменат Себастијан Ожие и Жулиен Инграсиа.
“Гледајќи ги како заминуваат Себастијан Ожие и Жулиен Инграсиа, настана одреден емоционален шок во целиот тим” изјави шефот на Citroen Racing, Оливие Кеснел. “Тимот на Citroen Racing ги тренираше нив, најпрво во сите јуниорски рели категории, потоа во главниот тим на Citroen Junior , за на крај да дојдат и до светскиот рели тим на Citroen(Citroen Total World Rally Team). Имаа одлична сезона, пет победи во светскиот шампионат и трето место во генералниот поредок на возачи. Нивниот допринес беше клучен во освојувањето на шампионската титула на Citroen во конструктори.’’

“Сега ние сме среќни поради доаѓањето на Мико Хирвонен и Јармо Летинен. Тие беа наши лути ривали во изминативе четири години, но сега сме фокусирани на иднината и се радуваме на оваа соработка. Мико е одличен талентиран возач и неговата конзистенција ќе не биде од голема помош за да ја одбраниме конструкторската титула.”

Иднината на Ожие во светскиот рели шампионат сеуште не е позната за јавноста. Шпекулациите навестуваат негово поврзување со тимовите на Ford и Volkswagen.

Преземено од: http://www.brzkrug.com/avto/wrc/2980-wrc-braking-news-citroen

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: WRC season 2011
« Одговори #43 на: 17 Ноември 2011, 13:17:59 pm »
Многу подобар од Шумахер.

Лоеб е најдобриот што некогаш се појавил во автомобилизмот.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8536
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: WRC season 2011
« Одговори #44 на: 17 Ноември 2011, 13:19:45 pm »
За мене највозбудливиот и најдобрит натпревар во автомобилизам и нормално најголемо почитување за мајсторот.