Кај Киа Рио силен е факторот на неочекувано добро (зошто е Киа и очекуваш многу помалку). Ама далеку од тоа дека е најдобро возило денес, особено по таа цена.
Риото може не е најдобро возило денес , ама е едно од подобрите во својата класа.А за тоа кој колку очекува од Киа не суди според твоите стандарди и очекувања, за мене нема подобар избор за таа цена ново возило.
Гледам не си ја видел цената сеуште. 12.300 доаѓа фино среденко, а 11.500 голо. Можеби за година дена ќе држи маубетов „за таа цена“ но во моментов е далеку прескапо возилото. Посебно што имаш доста реномирани марки, по ѓаволите имаш Круз за тие пари, и Астра класик, да не ни спомнувам за феноменалниот Свифт со највисоко ниво на опрема. Kaко и многу други... Далеку од тоа дека Рио е лошо, ама и далеку од тоа дека е со соодветна цена.
Дени ти си забегал со цениве,ај ке ти помогнам,цената е 11.050 евра со ЕСП+АБС+ЕБД+ХАЦ, 6 воздушни перници, клима,радио цд усб команди на управувач,електрика на прозори,електрика на ретровизори,централно далецинско аларм,кожен управувач,магленки напред,фиока со ладење,средишен потпирач за рака и уште еден куп ситници кои кај твојот омилен бренд спаѓаат во дополнителна опрема или воопшто не се нудат,затоа не зборувај другпат напамет.Одкога круз стана реномирана кола за тебе,тоа е истата кола по која имаш фрлано со камења...
Добредојде Ивоо, сега гледам дека си бил нов. Имам фрлано со камења? Да, а? Ти да не си бил на форумов со друго именце некое?
Пиле мајкино.
Во опрема спаѓа металик боја, алу фелни. Ретко кој купува кола со најниско можно ниво на опрема. Па и Рио спаѓа во тие кои треба да се одбегнуваат како најниско ниво на опрема. Целата убавина, ќе му ја утепаш со најниска опрема! Само спомнав дека е прескапо во моментов, што ти е проблемот немам појма, ниту имам намера да ти го решавам. Си има луѓе што на 1ви им стига плата за тоа. Колата е прескапа во моментов, ако не ти се допаѓа тоа, извини ама немам што да кажам. Кога го спомнувам Свифт, верувај ја има целата можна опрема од Рио, и уште куп други БИТНИ работи, како мој милуван бренд. Како огромни Алу фелни, темпомат, и осстало. И тоа за помала цена од Рио. А плус е јапонско возило, со фантастичен мотор кој троши најмалку литро помалку од Риото. И исто е искочено едвај пред 6 месеци.
Рио ја имам возено кога ти уште немаше слушнато за нејзе.
П.С. Не се навредувај, ништо лично.