Дечки, од мое име, а и од името на Велештрумф и Банзаи сакам да ви посакам Среќна Нова Година!
Во 2012 нека ве следи само здравје, успех, љубов и пријателство! Да бидете секогаш во прекрасно друштво, да имате доволно гориво во резервоар и добри гуми, и да продолжиме со тоа што го правевме до сега!
Во изминатава година, повеќе од 250.000 луѓе го посетиле нашиот форум, а сме прикажале скоро 5 милиони страници! Имаме скоро 2000 теми и над 130.000 пораки на нашиот форум! Организиравме неколку собири, екскурзии и дружења, како и одлична роденденска прослава! Лансиравме портал кој го посетиле повеќе од 30.000 луѓе за нешто повеќе од еден месец постоење!
За сето ова, би сакал да ви се заблагодарам! Без вашата несебична поддршка, пријателство и ентузијазам немаше да го постигнеме ова! CARclub прерасна во одлична заедница која се дружи и надвор од границите на Интернетот! Остваривме одлични пријателства, си помогнавме секогаш кога можевме, се дружевме, патувавме и пеевме! Навистина сум горд што сум дел од ваква прекрасна заедница и една ваква несебична група на луѓе!
Уште еднаш - ви благодарам на сите! Имајте прекрасен ден и прекрасна новогодишна вечер! Внимавајте со алкохолот ако седнете зад воланот, уживајте во новогодишните сарми, кифлички и руска салата, и ќе продолжиме со позабрзано темпо во 2012!
CARclub не е заебанција!