ШТО Е ПОДОБРО: ПЛАЗМА ИЛИ LCD?Просечниот македонски портошувач се грижи за два најважни елементи во врска со производот што го купува: цена и цена. Третиот елемент на кој обрнува внимание е квалитетот, но ако првите две се задоволувачки тогаш оваа третата и не е толку важна.
Разликата меѓу плазма телевизор и LCDПлазма телевизорот содржи матрица со неколку илјади ќелии невидливи за голото око, исполнети со благороден гас. Матрицата е поставена меѓу две стаклени плочи. Гасот се јонизира и емитува ултравиолетово зрачење со што се предизвикува фосфорот нанесен на стаклото и доаѓа до емитување на светлината. Кај LCD телевизорот во средината на екранот постои слој на течни кристали кај кои под дејство на контролиран напон може да се ориентира така што само пропушта дел од спектарот на светлото во позадина со што се генерира сликата. Минималната големина на плазмата е 32 инчи и малку е подебела од LCD телевизорите. Најновите модели се тенки, само неколку сантиметри. Најмалиот LCD телевизор е 13 инчи, па често се користи и како монитор за компјутер. Сепак, плазмата има повеќе стакло, додека LCD-то има повеќе пластични компоненти, па затоа и се полесни.
КвалитетКога станува збор за квалитетот на сликата, и едниот и другиот дел имаат свои предности. Плазма телевизорите се подобри поради репродукцијата на црната боја и подобриот контраст погоден за ноќно гледање, иако нема позначаен квалитет на сликите на дневна светлина. Исто така, кај плазмата боите се поприродни. Кај LCD телевизорите резолуцијата е поголема, со што има предност во гледањето на кратко растојание. Исто така, LCD телевизорите помалку рефлектираат надворешно светло, но репродукцијата на црната боја е нешто полоша. Поради тоа при некои брзи сцени, може да дојде до „размачкување“ на сликата, иако кај поновите модели овој проблем е решен.
Според времетраењето, LCD телевизорите имаат подолг животен век. Но, кај новите и најдобрите модели на плазма телевизори, времето на траење е продолжено на 100.000 часови, додека кај просечниот LCD телевизор сатите се движат на околу 60.000. Сепак, треба да земете во предвид дека многу зависи од квалитетот на компонентата вградена во телевизорот.
ЦенаLCD телевизорот се помали од плазма телевизорот, но гледајќи во просек тие се и поскапи. Ако барате совет, тогаш секоја варијанта понудена со овој телевизор ќе биде одлична. Сепак, постои генерално правило дека е подобро да купите LCD екран ако е помал од 47 инчи, а доколку се одлучите за поголем телевизор, тогаш предност се дава на плазмата.
http://www.fakulteti.mk/news/14-03-24/shto_e_podobro_plazma_ili_lcd.aspx