Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 621935 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1035 на: 09 Февруари 2014, 13:31:56 pm »
Been there, done that... пред многу повеќе години отколку што можеш да претпоставиш.
Sweet spot-от со комбинацијата од контраст-светло-сатурација прави добра слика за гледање телевизија, но како монитор е заморен за гледање од блиску. Сликата е премногу светла, а ако намалиш осветлувањето тогаш фокусот секако станува полош (а не е добар ни претходно, одблиску кога се гледа), ниту сето тоа не се подобрува потоа со подесување на контрастот.

Не зборам на памет.
За некој што знае што е квалитетен приказ, не е доволно нивото на квалитет на телевизор наместо монитор.
Дека има некои со други разбирања за квалитет, тоа е јасно. Или некои со други разбирања за мерак и кеиф.
Секому неговото.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1036 на: 09 Февруари 2014, 13:34:48 pm »
Зошто би имал 42" блиску поставени. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1037 на: 09 Февруари 2014, 13:40:34 pm »
Зошто ти е екран со голема дијагонала, поставен далеку? Која е логиката на предимензионирање на видливата површина, за потоа истата да ја намалиш со оддалечување?  ;)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1038 на: 09 Февруари 2014, 13:42:36 pm »
Премногу блиску е 60cm, барем за мене. Кога можам се оддалечувам на 1 метро за да одморам. Во документот што ти го пратив не се дискутира за контраст-светло-сатурација, туку чисто за природното фокусно растојание на очите.

Зошто би имал 42" блиску поставени. :)

Со 1080p нема поента се согласувам, дискуритаме за 4К.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1039 на: 09 Февруари 2014, 13:48:11 pm »
Која е логиката да имаш 42ка на 60  цм пред тебе? Не планирам пиксели да гледам. А на 1.5 до 2 метри е одлично. И голем е екран и убава слика. Еве и 1 метар би било добро..ама 60 цм...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1040 на: 09 Февруари 2014, 13:57:22 pm »
Васил, општо зборуваме за ергономија (значи како е најздраво, најприкладно за повеќето луѓе). Ако за тебе е најдобро растојанието од еден метар што има јас да ти кажувам, ти секако си знаеш најдобро.

Тоа за контраст-светло-сатурација беше од аспект на употреба на телевизор како монитор. Едноставно телевизорот со неговите карактеристики не е оптимизиран одблиску да изгледа така добро како и оддалеку (некои 2.5 -3метри). Или одблиску да изгледа така добро како наменски квалитетен монитор.
И пази, уште не сме ни почнале да дискутираме за големината на пикселот како фактор.


Е сега ако некому не му смета полош квалитет, или не може (не знае) да ја види разликата... негово право да прави што сака. Што се мене тиче може и со проектор и сликата на ѕид, да седи со тастатура и глувче пред него.   ::)




Секому неговото, нема што за мерак и кеиф да дискутираме. Јас па мислев за ергономија дека зборувавме.

http://office-ergo.com/wp-content/uploads/2010/12/Monitor-Viewing-Distance.-Ankrum-D.R..pdf

^^
http://www.ccohs.ca/oshanswers/ergonomics/office/monitor_positioning.html

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1041 на: 09 Февруари 2014, 13:58:32 pm »
Ова на времето кога екраните биле големи колку тањир ;D.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1042 на: 09 Февруари 2014, 14:09:02 pm »
Сантиметрите уште се сантиметри?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1043 на: 09 Февруари 2014, 14:24:01 pm »
Тоа за контраст-светло-сатурација беше од аспект на употреба на телевизор како монитор. Едноставно телевизорот со неговите карактеристики не е оптимизиран одблиску да изгледа така добро како и оддалеку (некои 2.5 -3метри). Или одблиску да изгледа така добро како наменски квалитетен монитор.

Во последно време границата тука е многу тенка. Многу често се користи истата технологија на дисплеи и за монитори и за телевизори. Најголемите разлики се во големината на пиксели, софтверот, дали е професионално калибриран, дали има дигитален и аналоген тјунер или не. Со производството на 40 инчни 4К телевизори, ја снемува и разликата во големина на пиксели. Ретко на кој му треба монитор со толкава резолуција, но тие неколкумина си зимаат такви телевизори и без никакви проблеми ги користат како монитори. Јас би бил сосема задоволен со 27" 1440p monitor.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1044 на: 09 Февруари 2014, 14:27:51 pm »
Посмешна мерка од „ергономија“ не постои. Па кога ќе стават слика уште седната бабичка. А ти кога дремеш 8 саати пред монитор менуваш 47.000 положби со нозе на маса, со нозе на фиока, со столицата контра па потпрен на неа, со нога под газ, со крст нозе, со навалена столица, потпрен на маса...

Не дека не е точна, но треба реалниот свет да се земе како основа за моделирање, а не виртуелната реалност. Си живеат во свој свет, тоа е проблемот.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви тр&
« Одговори #1045 на: 09 Февруари 2014, 15:11:14 pm »
Па добро, 26-27", максимално 28"... мислам дека е горна граница за величина на монитор. За некој што баш има потреба од толкава величина (и резолуција која треба да оди со таа величина).

А ергономијата како концепт си е наместо. За основа се зема нормално и правилно седење. Секако дека нема пресметките да бидат за седење со нога под газ или скрснозе, вистина е дека менуваш положби ама најмногу време поминуваш во правилната положба (зошто ако не, проблемите со здравјето во иднина се повеќе од изгледни).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1046 на: 09 Февруари 2014, 15:20:11 pm »
Јас користам 2 монитора - еден 23" со резолуција 1920х1080 и еден 20" со резолуција 1680х1050. Помалиот е секундарен и на него стојат скајп, мејл клиент, торенти, ово-оно. На примарниот монитор се битните работи.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1047 на: 09 Февруари 2014, 15:27:56 pm »
Какви проблеми со здравјето ќе имам ако не седам во правилната положба и не ми е правилно наместен мониторот?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви тр&
« Одговори #1048 на: 09 Февруари 2014, 15:30:28 pm »
Слично е и со професионалната мултимониторска намена. Еден е главниот монитор на кој се одвива најголемиот дел од интеракцијата, другите се за приказ на рендер, помошни алатки, или разни компајлери, спремно отворени прозори со делови од код, итн итн...

BTW:
http://en.wikipedia.org/wiki/Poor_posture

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1049 на: 09 Февруари 2014, 15:31:58 pm »
Ако си многу физички активен, со одлично развиени грбни мускули - никакви.

А ако најголемиот терет за грбот ти претставува зимање на тенџерето од шпорет до маса, сколиоза, кифоза и лордоза.