Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 620954 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #900 на: 12 Јануари 2014, 16:00:57 pm »
Имаше многу убава сликичка со растојанија. Мислам дека ќе ти помогне да одредиш полесно. Ќе ја побарам сега.

by Van


Значи ако си над 3 метри оддалечен од телевизорот во секое можно време, ок е.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #901 на: 12 Јануари 2014, 16:02:36 pm »
50" e различно од 42". А плазма (по мене) е подобро од лцд и лед поради далеку подобрите црни бои кои (најчесто) преовладуваат во филмовите. Стави ги еден до друг на лице место Панасоников Hd ready и ист таков само Full HD варијанта и така одлучи. Секако квалитетно видео на усб обавезно.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #902 на: 12 Јануари 2014, 16:04:57 pm »
50" e различно од 42". А плазма (по мене) е подобро од лцд и лед поради далеку подобрите црни бои кои (најчесто) преовладуваат во филмовите. Стави ги еден до друг на лице место Панасоников Hd ready и ист таков само Full HD варијанта и така одлучи. Секако квалитетно видео на усб обавезно.

Верувам дека ќе биде за нијанса подобро. Но дали таа нијанса вреди повеќе стотици евра плус? Не сум убеден.

Убедете ме.  :) Oтворен сум за промена на ставот.

Ги имам ставено еден до друг - тоа беше прво нешто што направив кога го зедов поновиот лцд фул хаде. Беше пуштено 1080п видео. Без да се доближам до телевизорот не приметив повеќе детали.

Ако се приближам - да. Ама пак разликата мала. Ја има, ама е субјективно мала.

Но, како што ме предупреди дени, оваа тема е веќе претресена. Ќе прочитам што сте пишале, не се мачете повторно да пишувате, па ако имам забелешки ќе се јавам пак.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #903 на: 12 Јануари 2014, 16:12:52 pm »
Филип, како за информација на момциве им нудев опклада во гајба пиво ако успеат од погодат кој телевизор е 720р а кој 1080р. Ама од растојание 2-3 метри. Long story short, јунак не се најде гајба да стави.  ;)

Работата е колку пари имаш за трошење. За само 500еура тоа би требало да е добар и голем плазма телевизор, ама види и во Техномаркет имаше Самсунг за исти пари. Не дека Панасоник не го бива, но Самсунг плазма можам да пофалам од лично искуство.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #904 на: 12 Јануари 2014, 16:20:23 pm »
Самсунг пред Панасоник за плазма телевизор?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #905 на: 12 Јануари 2014, 16:24:16 pm »
Филип, како за информација на момциве им нудев опклада во гајба пиво ако успеат од погодат кој телевизор е 720р а кој 1080р. Ама од растојание 2-3 метри. Long story short, јунак не се најде гајба да стави.  ;)

Класика.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #906 на: 12 Јануари 2014, 16:42:11 pm »
Не се сложувате со табелата погоре, со други зборови?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #907 на: 12 Јануари 2014, 16:45:11 pm »
Кој нема во главата има во џебот па трошете си пари на гајби ако сакате :D.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #908 на: 12 Јануари 2014, 16:53:56 pm »
Добар си е графиконот, само тоа е повеќе како guideline, релативен показател. Имено границата не може да биде така права, и оштра како со нож пресечена. Не  дека 1мм поголема дијагонала и веќе можеш да направиш разлика меѓу две резолуции.

Треба тест во живо. Зимање пар клипови на УСБ, и идење во продавница пред затварање. Да се замолат продавачите да се намали светло во тој дел од продавницата, да се седне на исто растојание како дома од кауч до телевизор.

Но ако буџетот не е растеглив, за тие пари нема подобар телевизор од 50инчи плазма.

Кој нема во главата има во џебот па трошете си пари на гајби ако сакате :D.
Гајби се за кеиф не за трошок, башка нема ваљда сам да ја испијам...  ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #910 на: 12 Јануари 2014, 16:59:14 pm »
Не се сложувате со табелата погоре, со други зборови?

Не, не е тоа. Табелата си е најверојатно ок.

Но, дали разликата меѓу оптималното и субоптималното е доволно голема да ја оправда разликата во цената, барем за матерјалите кои обично ги гледаме? Не сум убеден.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #911 на: 12 Јануари 2014, 17:33:06 pm »
Добар си е графиконот, само тоа е повеќе како guideline, релативен показател. Имено границата не може да биде така права, и оштра како со нож пресечена. Не  дека 1мм поголема дијагонала и веќе можеш да направиш разлика меѓу две резолуции.
Границата не е права нормално. Се работи за реален систем со многу фактори. Но, ако речеме дека другите параметри се исти (плазма со плазма, лед со лед и слично). Значи ти веќе стави график.

Е сега, и графикот нечинел. Зошто? Затоа што границата не била права (значи просторот што фино го обележале луѓето не е битен, границата е битна). Добро. Несакам да помислиш одма дека те напаѓам, туку да видиш од страна што зборуваш. Значи да правиме муабет за средината на графикот каде е 720п ајде ок, ама правиме муабет за екстремите (50инчи), во екстремите (3метри), во екстремите (720п). Значи било кој параметар да е изменет и одма навлегуваме во другото поле. Се надевам ме разбираш.

Не велам дека ќе се примети или дека нема да се примети, туку се држам до графикот кој е ставен и со кој јас би се сложил. Телевизорот си е фин, но треба да се гледа на повеќе од 3 метри според графикот. Сосема прифатливо решение. (рачунај зборуваме за екстремите пак) Прашањето е зошто не гледаме за средните вредности на графикот, туку мораме и границите да му ги шириме за да ни се бендиса? Средината вели дека 720п 50 инча е добар за 4метри. Средината вели дека 1080п 50 инча е добар за 2,5 метри. Со овие параметри веќе може да се игра. Да се поместиш понапред, понзад метро, да ставиш помала, поголема резолуција, да намалиш зголемиш дијагонала. Така го предвиделе графикот. А не згора на тоа што правиме муабет за границите, па сега и тие не чинеле.

Незнам што сакаш да доловиш. Всушност знам сакаш да го оправдаш телевизорот со тие и тие параметри, но малку барем да сме објективни. Полошо е да земе некој нешто за кое може да се кае отколку да земе нешто што можеби е подобро но многу помали шанси за каење.

Затоа кога се препорачува нешто некому, ја сносиш одговорноста за таа препорака. Лесно е на интернет зошто не го ни знаеш човекот. Но, ако му препорачам нешто на пријател и го купи. А после 6 месеца кога ќе види дека требало нешто друго да купи ќе биде несреќен за одлуката. Јас несакам да ги гледам своите пријатели несреќни. Не велам дека тоа ќе се случи со телевизоров. Далеку од тоа. Сигурно е одличен - но за одредена клиентела, не за сите. Не треба да се генерализира.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #913 на: 12 Јануари 2014, 17:49:09 pm »
Многу слично. Хромкаст првично беше наменет само за табови на хром да стрима (фул скрин е уште бета).

Иднината е во таа насока.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #914 на: 12 Јануари 2014, 17:55:39 pm »
најс :) него ова со хромкастот и со јутубот, јас го имам директно на телефонот без никакви додатоци. Во соба, со Самсунг смарт тв и телефонот истото го правам. Телефонот го користам како далечинско, со сите можни копчиња и модови и се. на јутуб ми се појавува истата таа икона горе да можам директива да си пуштам нешто на тв директно. Исто и видео во телефонот можам да си го стримнам на тв одма. исто самиот телевизор си има ви фи и можам од пц да си пуштам што сакам. Му ставам на лаптопт кога ќе го затворам да не се гаси. Поврзан е со тв-то преку вифи. Седнувам и освен телефонот ништо друго не ми треба у мене. Преку гом или влц ремоте од телефонот си барам и пуштам што сакам од ПЦ, а директно го гледам на тв. (едина маана е премотувањето). Нели е уствари тоа истото? зашто би имале потреба од дополнително вакво?