Капацитетот од блуреј медиум не брка работа. Ниту блиску, ниту пола, ниту четвртина, ниту...

Два саати некомпресирано 4К видео се
3.45ТВ. Дап, три-и-пол ТЕРАБАЈТИ. Со лузи компресија би дошло колку? Во најоптимистичка варијанта пола терабајт, евентуално 100-200 гигабајти за тие „потенките„
4К варијанти.
Не, 4К филмови официјално ќе излезат кога индустријата ќе направи 4К медиум. Не ми се верува дека ќе успеат да направат оптички медиум со тој капацитет. Можеби на хард дискови ќе ги продаваат/изнајмуваат филмовите.
Но ќе направат такво нешто, макар и многу скапо да ги кошта. Пошто донекаде ќе ја заебат пиратеријата. Со 200-500 гигабајти по филм, не сум сигурен колку торенти ќе има за симињање. Не гледам дека интернет инфраструктурата за доволно кратко време ќе напредне толку да можеме да си дозволиме ист однос кон симнувањето филмови, како до сега.
Од друга страна добар дел од тие што се „болни„ да го имаат најголемото и најдоброто ќе имаат 4К опрема и нормално дека најголемиот дел од нив ќе купуваат оригинални 4К филмови. За нас другите, секогаш ќе има пиратирани 1080р и 720р верзии.
Гледав по продавници 4К ТВа и искрено не гледам разлика.
Во нормална ситуација нема разлика, а под нормална ситуација мислам на седење на два-три или повеќе метри пред телевизор од просечна величина. Во таква вообичаена ситуација нема да видиш разлика ни меѓу 1080р и 720р... каму ли на 4К.
Разлика ќе приметиш во
ненормална ситуација, на пример со лупа и со носот залепен во екранот или седнат на пар метри од некој 100-150 инчен 4К телевизор (или 60+ инчен 1080р телевизор).