Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 620834 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #885 на: 11 Јануари 2014, 13:29:37 pm »
како и да е, по интернетов вртат и кружат разно разни снимки во 4К. една набавив и ја пуштив кај мене. се работи за time scpes, видео клип од околу 45 минути. дефинитивно има разлика во боите, острината и се друго. чисто за да компарирам го најдов и симнав истиот клип и во 1080п. има разлика повторувам. инаку, гледам на 42-ка панасоник фул хд.

Имало разлика во квалитетот на изворот. Твојот екран ако е 1080p, не може да ја репродуцира таа резолуција што ја добиваш во 4К видеото, што значи дека освен во резолуцијата имало разлика и во боите и острината на видеото. Ако 4К видеото асално е конвертирано во 1080p нема да осетиш разлика, дури може и поубаво да изгледа, зошто твојот компјутер можно е да е полош во таа конверзија која сакал нејќел се врши кога сакаш да прикажеш 4К видео на 1080p екран.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #886 на: 11 Јануари 2014, 13:34:12 pm »

Ако се работи за некомпресиран формат да. :)

Било која фотографија намалена на 50% изгледа подобра и поостра отколку да ја гледаш на 100%.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #887 на: 11 Јануари 2014, 14:10:15 pm »
Што всушност дознаваме од снимка во голема резолуција 4К поточно, репродуцирана од непознат не-4К уред, на не-4К дисплеј?

Ништо конкретно се разбира, само задоволување на радозналоста. Во што нема ништо лошо, се додека се напомнува дека истото не е никаков конкретен показател за квалитетот ни за видео материјалот ниту за уредот за репродукција.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #888 на: 11 Јануари 2014, 14:18:05 pm »
Гледав по продавници 4К ТВа и искрено не гледам разлика.

Интересна работа, на end credits на секој Бонд филм од најновата реставрирана блуреј колекција пишува кој го направил 4К мастерингот, што значи дека веќе постојат многу филмови спремни во 4К само претпоставувам се чека момент да ги пуштат на пазарот.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #889 на: 11 Јануари 2014, 15:55:05 pm »
Капацитетот од блуреј медиум не брка работа. Ниту блиску, ниту пола, ниту четвртина, ниту...  ;)
Два саати некомпресирано 4К видео се 3.45ТВ. Дап, три-и-пол ТЕРАБАЈТИ. Со лузи компресија би дошло колку? Во најоптимистичка варијанта пола терабајт, евентуално 100-200 гигабајти за тие „потенките„ 4К варијанти.

Не, 4К филмови официјално ќе излезат кога индустријата ќе направи 4К медиум. Не ми се верува дека ќе успеат да направат оптички медиум со тој капацитет. Можеби на хард дискови ќе ги продаваат/изнајмуваат филмовите.
Но ќе направат такво нешто, макар и многу скапо да ги кошта. Пошто донекаде ќе ја заебат пиратеријата. Со 200-500 гигабајти по филм, не сум сигурен колку торенти ќе има за симињање. Не гледам дека интернет инфраструктурата за доволно кратко време ќе напредне толку да можеме да си дозволиме ист однос кон симнувањето филмови, како до сега.
Од друга страна добар дел од тие што се „болни„ да го имаат најголемото и најдоброто ќе имаат 4К опрема и нормално дека најголемиот дел од нив ќе купуваат оригинални 4К филмови. За нас другите, секогаш ќе има пиратирани 1080р и 720р верзии.

Гледав по продавници 4К ТВа и искрено не гледам разлика.
Во нормална ситуација нема разлика, а под нормална ситуација мислам на седење на два-три или повеќе метри пред телевизор од просечна величина. Во таква вообичаена ситуација нема да видиш разлика ни меѓу 1080р и 720р... каму ли на 4К.
Разлика ќе приметиш во ненормална ситуација, на пример со лупа и со носот залепен во екранот или седнат на пар метри од некој 100-150 инчен 4К телевизор (или 60+ инчен 1080р телевизор).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #890 на: 11 Јануари 2014, 16:04:20 pm »
Нетфликс вели дека ќе стрима 4к со 35MBps врска.

Тајмскејпс видеото е 52 минути и се продава на Блуреј http://www.timescapes.org/products/specs.aspx со големина од само 21Gb. Со оглед на тоа што оние филмови кои вредат да се погледнат како што треба и сега се нудат во 30Gb формати, не гледам проблем со симнување на 50-60Gb филм ако сакам со мерак да го изгледам во 4К. Не дека сите филмови ќе се симнуваат така (како што и сега не се симнуваат сите во 30Гб туку во 6-10гб) така и тогаш 4К ќе се симнува по потреба.

Да има варијанта 4К од LOTR или Great Gаtsby или Аватар одма би го гледал ако имам 4К телевизор, и тоа ќе го симнам најнекомпресираниот фајл од 2TB. И после гледањето ќе го избришам.

4к не е наменето за оние кои симнуваат филмови од 700мб, или ддврип или цамрип или 720п yifi тоа треба да се разбере.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви тр&
« Одговори #891 на: 11 Јануари 2014, 16:38:02 pm »
A сепак најголемиот дел од просечните „филмофили„ симнуваат торенти баш од Џифи (и после зборат како под фулХД ништо не бива). Или не си погледнал чии торенти се најсидувани.
Ова го кажувам од аспект дека и сега после толку време ХД филмови, е тешко на најдеш добро сидуван торент од малку постар или понепопуларен/помалку-меинстрим филм. Пример, 720р торенти со 6-8гига големина или 1080р со 12гига (за поретки филмови) се често со помалку од 10 сидери и се симнуваат и по неколку денови.
Ако е тоа така за 720р и 1080р, како ќе биде за 4к? Кој и колку ќе сидува, и колку (месеци) ќе симнуваш еден филм?

Нетфликс вели дека ќе стрима 4к со 35MBps врска.

Тајмскејпс видеото е 52 минути и се продава на Блуреј http://www.timescapes.org/products/specs.aspx со големина од само 21Gb. Со оглед на тоа што оние филмови кои вредат да се погледнат како што треба и сега се нудат во 30Gb формати, не гледам проблем со симнување на 50-60Gb филм ако сакам со мерак да го изгледам во 4К.
Верувам дека не треба сега да објаснуваме колкава е разликата во компресибилност на тајмскејп видео и видео со, на пример брза акција со возење бесни коли?

Не можеш со тајмскејп односи на компресијата да ги проектираш величините за филмови.
Не знам како ќе биде со H.265 форматот, уште нема лесно достапни информации.

За стримање пореална бројка би била 40MBps како некој минимум, но зарем некој што фрлил толкава пара за телевизор и друго, би се сложил на толкав компромис со битрејтот?

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #892 на: 11 Јануари 2014, 17:56:25 pm »
А кај има некомпресирани филмови за симињање?

Или мислите на оние торенти што се 1:1 копија со блуреј дискови?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Re: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #893 на: 12 Јануари 2014, 05:28:21 am »
Zamunda, 30-50gb.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #894 на: 12 Јануари 2014, 11:13:47 am »
Ги има и на Пајретбеј и кикасторентс...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #895 на: 12 Јануари 2014, 15:52:25 pm »
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_4&product_id=206560

како ви се чини плазмичево? мене ми изгледа како одлична цена за виериче пееска.

не, не е фул хаде, ама што има везе? не дека се приметува разлика при гледање од нормална дистанца...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #896 на: 12 Јануари 2014, 15:53:47 pm »
Мастер трол. :) Дискусијава се водеше пред 20-30 страни. :)

И цената на пееската „е добра“ баш заради тоа што е толку мала резолуцијата. Многу зависи за што ќе го користиш телевизорот. Рачунај нема ни 1280 туку 1024 пиксели.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #897 на: 12 Јануари 2014, 15:55:29 pm »
Мастер трол. :) Дискусијава се водеше пред 20-30 страни. :)

Стварно? Сори, не сум приметил, ретко ја проверувам оваа тема...

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #898 на: 12 Јануари 2014, 15:56:03 pm »
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_4&product_id=206560

како ви се чини плазмичево? мене ми изгледа како одлична цена за виериче пееска.

не, не е фул хаде, ама што има везе? не дека се приметува разлика при гледање од нормална дистанца...

Уф... на 50 инча мислам дека се познава убава разлика помеѓу 720п и 1080п...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #899 на: 12 Јануари 2014, 15:59:04 pm »
Шознам... имам 42-ка фул хаде лцд и 42-ка хдреди плазма.

Ако ме прашаш на што радије гледам филмови, без секунда размислување ќе ти кажам на плазмата. Никогаш не сум помислил „ех, како не беше фул хаде“.

Видот ми е екстра, баш пред некој месец ми го проверуваа на систематски. Особено далеку гледам добро.

Прифаќам дека во идеални услови (перфектна „снимка“ на перфектен матерјал) можеби и може - ако се гледа внимателно - да се примети разлика, но дали поситниот пиксел секогаш изгледа подобро? Тема за дискусија.

Ништо чудно да ја пазарам оваа пеескава.