Не сум (којзнае колкав) мегаломан, ама кога станува збор за новиве технологии на дисплеи, кои може у ѕид комотно да ги вградиш, колку што дозволува ѕидот, толкав дисплеј би ставил. Нема ниту една сиутација кога дисплејот би ми бил преголем.
Кога планирав простор на ѕидот за телевизор земав во предвид 50" па така ги монитрав висечките елементи над комодата. Потоа излезе да земам 55" кој што ми стрчи околу 10cm и го блокира отварањето на едното крило од прозорот кој е десно од телевизорот. Гугле знае попрецизно бидејќи со него го местевме телевизорот на ѕид. Во секој случај не изгледа лошо, но ако земев 60-ка ќе стрчеше ептем.
Кај мене во дневна 55" телевизор е на оддалеченост од 4.5m до 7m и имам чувство дека нема да е на одмет да имаше уште дестина инчи поголема дијагонала...
Тоа е реално размислување. Многу мразам кога ќе кажат дека 60инчи TV треба да го гледаш од 18метра оддалеченост. Што се тичам ја, би го гледал и од 3 метри.
За мене репер за максималната оддалеченост од која треба да се гледа е моментот кога ќе престане да се приметува разликата во квалитет на слика помеѓу HD и Full HD резолуција. Тогаш знам дека сум премногу далеку.
Од друга страна премногу блиску е кога гледањето ќе почне да ме замара односно кога ќе почнам со поглед да барам работи по екранот.
Се на се, во мојов случај мислам дека направив одличен избор како на големината, така и на самиот телевизор. Едноставно ми е ќеф да гледам филмови кај мене во дневна. Ми недостасува само уште квалитетен сараунд за искуството да биде комплетно. Во моментов сум со добро Hi-Fi стерео кое исто така пружа одлично искуство и задоволство, но за доживувањето да биде комплетно недостасува добар 5.1 кој нема да можам да си го дозволам во блиска иднина. На сето тоа дополнително задоволството е и гледање на FullHD филмови во 3D. За жал имаме премногу обврски и многу малку време за да гледање филмови.