Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 540952 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #285 на: 18 Јануари 2013, 09:00:58 am »
Ух, колку 42-ка не е премногу... не можам со збориви да ти опишам.

да. човек брзо се навикнува и после дури и малце ти е.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #286 на: 18 Јануари 2013, 09:03:01 am »
Ух, колку 42-ка не е премногу... не можам со збориви да ти опишам.

Мене единствен проблем со плазмата ми беше, што не ја прават (или кај нас не ја носат) во помали димензии... Најмало нешто што најдов беше баш Панасоник 42 инчи, а тоа е премногу за кај мене во дневна.

Ќе требаше да читам превод као да глеам тенис :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #287 на: 18 Јануари 2013, 09:11:07 am »
42 не е премногу за ниедна соба. Тоа да го расчистиме прво.


А и поентата на плазма е да е голема. Затоа и се прават пристојни димензии. Ако направат помал - ќе биде слична цена со поголемите и никој нема да го купи.


Ама ако сакаш слика - само плазма. ПОГОТОВО за гледање филмови и видеа и слично во темница. Незаменливо. Црни-црнила кога ќе извади - да ти е мерак да гледаш!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7563
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #288 на: 18 Јануари 2013, 09:17:32 am »
За 42К во Нептун има Panasonic 42" ET5 покрај кој не би му залепил мрсул на Самсунгот.

Томи, моја препорака е да одиш во продавница со некој кој стварно се разбира и да ги погледнеш телевизорите со нормални сетинзи(природни бои, светло и контраст) и разни содржини.

Koj ET5 поточно, гледам ги има повеќе варијанти на нет, со значителни разлики во цена...
Edit, најдов

Ух, колку 42-ка не е премногу... не можам со збориви да ти опишам.

Кај мене пак е класичен распоред на долниот спрат, 4 соби со 4х4 димензии, и нема простор за нешто поголемо... Така да, 46-ка е максимум
« Последно менување: 18 Јануари 2013, 09:43:21 am Tommy »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #289 на: 18 Јануари 2013, 09:27:09 am »
42 не е премногу за ниедна соба. Тоа да го расчистиме прво.

А и поентата на плазма е да е голема. Затоа и се прават пристојни димензии. Ако направат помал - ќе биде слична цена со поголемите и никој нема да го купи.

Ама ако сакаш слика - само плазма. ПОГОТОВО за гледање филмови и видеа и слично во темница. Незаменливо. Црни-црнила кога ќе извади - да ти е мерак да гледаш!

Убоо шо го расчистивме тоа... Значи сеа можам комотно да става проектор у шпајз.

Исто како што при инвестирање во аудио опрема се внимава на просторот каде што ќе биде сместена истата, не е ништо поразлично и за телевизор. Која е поентата да ставам голем телевизор и да го глеам на помало растојание од 2-2,5 метра? Да се фалам пред народ дека сум земал голем телевизор?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #290 на: 18 Јануари 2013, 10:23:33 am »
Дома имам 42" Panasonic плазма, HD реди, стар 5 години (го платив ѓавол-и-пол на времето)
во викендица имам 42" LG LCD, full HD, стар 1 година

Не е нормално плазмата колку боља, по пријатна и по природна слика вади. LCD-то ме замара после саат-два гледање, штипе очи без оглед какви сетинзи за светло-контраст ќе му наместам.

Тој проблем не постои кај плазмата. Moжам цел ден да го гледам, а после да барам уште. Е сеа, троши струја и се грее, но тоа е мала цена за ќефот
Ефтините плазми вадат неспроедливо подобра слика од ефтини LCD-a. Меѓутоа скапите/квалитетните LCD-a се носат со скапите/квалитетните плазми.
Така да ако се работи за тесен буџет подобар квалитет се добива со плазма, а ако се работи за по-опуштен буџет тогаш може да се бира согласно преференцата на купувачот.
Негативно кај плазмите во однос на LCD-ата:
1) греат повеќе
2) трошат повеќе
3) подебели се
4) потешки се
5) Coil whine, неминливо го има кај сите плазми, прашање е само кому и колку му смета
6) огледалност, т.е. рефлексија на предмети врз екранот

Јас за во мојот нов салон тргнав да купувам нов телевизор пред некој месец и тргнав со намера да купам 50"+ плазма затоа што за ограничен буџет (40-50000 тогаш) се купуваше многу подобра плазма од ЛЦД. Но изборот на плазми кај нас е мизерен и се носи само ефтин шкарт. Читајќи и гледајќи (во живо со нормални сетинзи) разно-разни опции се одлучив да купам плазма Panasonic TX-P50UT50e која има страшно добра слика, но ме разочара тоа што има слаб процесор така што „движењето“ на 1920х1080 сецкаше. Во споредба со неа кај повеќето ЛЦД-а движењето беше течно без сецкање. Потоа побарав чисто информативно да разгледам некои подобри ЛЦД варијанти и се сретнав со Panasonic TXL55ET5B кој севкупно ме импресионираше и имаше поквалитетна и пореална слика од се останато изложено во Нептун и Техномаркет. Потоа го киднапирав SaleSK како покомпетентен и попицајзла од технички аспект да одиме да разгледаме. Неговите ставови беа слични со моите дека треба да одам на плазма и кога му раскажував за телевизоров беше скептичен дека може да се носи со добра плазма. Арно ама кога го разгледа и тој се согласи дека тоа е најдобриот избор кој можам да го направам, па така решив да присоберам пари за да си го купам.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #291 на: 18 Јануари 2013, 11:24:37 am »
Негативно кај плазмите во однос на LCD-ата:
1) греат повеќе
2) трошат повеќе
3) подебели се
4) потешки се
5) Coil whine, неминливо го има кај сите плазми, прашање е само кому и колку му смета
6) огледалност, т.е. рефлексија на предмети врз екранот

1. Порано...сега се со нови Еко панели
2. Види 1.
3. Види 1.
4. Види 1.
5. Делумно
6. Точно. И новите ЛЦД-а се глоси. Така да му доаѓа исто

:)

Е сеа да набрајаме негативности за ЛЦД-а?

1. Послаб контраст.
2. Полош приказ на бои (поприродни бои)
3. Агол на гледање (кај ИПС е најголем)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7563
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #292 на: 18 Јануари 2013, 12:03:28 pm »
Но изборот на плазми кај нас е мизерен и се носи само ефтин шкарт. Читајќи и гледајќи (во живо со нормални сетинзи) разно-разни опции се одлучив да купам плазма Panasonic TX-P50UT50e која има страшно добра слика, но ме разочара тоа што има слаб процесор така што „движењето“ на 1920х1080 сецкаше.

Kaкво движење?
Ова ми е битно зошто ке сакам да си закачам лап топ за игрици преку HDMI...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #293 на: 18 Јануари 2013, 12:19:52 pm »
Анимацијата. Се осеќа сецкање, не е глатко, најверојатно затоа што некои фрејмови не успева да ги прикаже или можда има некое каснење.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #294 на: 18 Јануари 2013, 12:30:50 pm »
Чим и касни највероватно телевизорот е женско!  ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #295 на: 18 Јануари 2013, 13:16:26 pm »
1. Порано...сега се со нови Еко панели
Кои исто така се помалку енергетски ефикасни од ЛЕД телевизорите.
Споредба на нови последна генерација на телевизори од Панасоник
TX-ET5 42":
On Mode Average Power Consumption: 60.1 W  
Weight W/O stand: 14.0 kg
Operating Temperature: 35°C

TC-P42 42":
On Mode Average Power Consumption: 123.0W  
Weight w/O stand: 20.5 kg
Operating Temperature: 40°C

Кај плазмата потрошувачката е двојна, работната температура е за 10'C повисока, тежинaта е за 50% поголема и е 3 пати подебела.


Цитат
6. Точно. И новите ЛЦД-а се глоси. Така да му доаѓа исто
Некои ЛЦД-а се, некои не се, а оние кои се глоси се направени нарочно за да наликуваат на плазма што е тотална глупост. ЕТ5 не е глоси.

Цитат
Е сеа да набрајаме негативности за ЛЦД-а?
1. Послаб контраст.
Во принцип да, но не секогаш.
Цитат
2. Полош приказ на бои (поприродни бои)
Не секогаш, зависи кое ЛЦД го гледаш. Недостатокот на чиста црна боја кај ЛЕД се компензира со недостаток на чиста бела боја кај плазма.
Цитат
3. Агол на гледање (кај ИПС е најголем)
Точно, аголот на гледање кај шкартните ЛЦД-а е многу лош така што има изобличување на сликата. Затоа кај квалитетните ЛЦД-а со ИПС панели приказот е подобар од плазма.
Би додал,
4. input lag-от кај плазмата не постои додека кај ЛЦД-то постои.
5. чиста црна боја


BTW, одам да си го купам телевизорот. Штета што викендов ќе бидам во Охрид и нема да можам да го изгледам...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #296 на: 18 Јануари 2013, 13:22:48 pm »
Гојдо кај го најде ова со белава боја?!?!? Мислам ај, ај, ама боже сачувај битна била бела боја. Па уште КОМПЕНЗИРАЛА! Свашта. Си знаеш ти фино и убаво зошто треба ЦРНА боја на телевизор. Кога седиш во темница (или слабо светло) и екранот е темен - ЛЦД блешти со сива боја наместо да прикаже црна. Не постои полошо нешто од тоа.

Ако е тоа средено, може да продолжиме да правиме муабет за ЛЦД. Инаку џабе се сите можни други предности. Сите до една значи.

Немој вака сега.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #297 на: 18 Јануари 2013, 13:25:08 pm »
Не блешти секое ЛЦД.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #298 на: 18 Јануари 2013, 13:38:27 pm »
Анимацијата. Се осеќа сецкање, не е глатко, најверојатно затоа што некои фрејмови не успева да ги прикаже или можда има некое каснење.

Не е до телевизорот.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #299 на: 18 Јануари 2013, 14:29:43 pm »
Анимацијата. Се осеќа сецкање, не е глатко, најверојатно затоа што некои фрејмови не успева да ги прикаже или можда има некое каснење.

Не е до телевизорот.
? На различни плеери го прави истото, а истите тие плеери закачени на друг телевизор не прават проблем. Дефинитивно е до телевизорот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!