Во моментот тврдам дека WD-TV Live има моментално најдобра слика од сите плеери кои се нудат на пазарот кај нас...
Токму така, сликата е стварно топ, има одлични опции ама нема можност да се инсталира XMBC + Navi.
А има многу ружно далечинско (и тоа моето е вер.2 - првото беше бетер) и ужасен плеер за музика - за да вчита една песна му треба исто време како за блуреј филм

и без опција за плеј листа.
AppleTV e приказна за себе, има одлични опции, 2-ката има одлична FullHD слика, ама без можност за ЏБ, што го ускратува од можноста за инсталација на XBMC на кој има ненормално многу бесплатни снимани и содржини во живо.
Дримбоксот пак со вграден диск е неприкосновен за FullHD и музика. Има толку едноставен а употреблив плеер, чита и МП3 и lossless FLAC и извонредно квалитетно репродуцира.
Од друга страна најчесто појаките модели на ТВ во кои се вградени моќни видео процесори и квалитетни панели се смарт.
Е оди сега одбери оптимално решение.
Сакам сликата да ме релаксира, не да ме оќори блескавоста на белото...
Е баш за тоа...
Нема месец откако ја гледав новата серија на Филипс - напумпан констраст и блештавило од што секој момент очекуваш да експлодира панелот. Чувството е како да си на ласерска корекција на вид, само што после 10 минути гледање во него излегуваш со потполно слепило. И тоа не е најстрашното, туку убедувањето дека сликата е прекрасна, природна и со премногу детали

А тоа што сите се бледи во лицата како штотуку да го гледале „Петок 13-ти“?
А тоа што портокалот е зелен, а е зрел?
А тоа што и папагалот да се види нема да се препознае?
А тоа што перлите на фустанот од госпоѓицата се три пати помалку на број, ама блештат како експлозија на супер нова?
А тоа што пустинскиот песок (од многу детали

) изгледа мазен како пудинг од ванила?
Ама е смарт - ептен.