Денес утре поминаа шест месеци, па ајде да го преставам новото ауто.
Се работи за Cupra Terramar производство 2026 година со 2.0 турбо бензински мотор со 204 коњски сили со автоматски ДСГ менувач и погон на сите четири тркала. Бојата е Fiord Blue со ентериер Deep Ocean и бандажи Atomic со пневматици 235/55 R18.
Во однос на стандардна опрема може да видите во ценовникот а јас дополнително доплатив:
WF2 Intelligent Drive DQ: Меморирање на рута за паркирање, Камера со поглед 360, Предупредување при промена на
лента за возење, Предупредување за возило во мртов агол, Предупредување и асистенција при излез од паркинг, Напреден Park Assist; Асистенција за долги светла. Head-up дисплеј. Travel Assist - систем за одржувње на возилото во лента.
PDC Динамичка контрола на подвозјето DCC
YW5 Продолжена гаранција 4 години / 80.000 km
Возилото го земав на почеток на мај месец и од салон директно на улепшавање и керамика со Carpro Dquartz, одтогаш се поминати некои 7250 километри и буквално немам никаква замерка освен што во град знае да стане "џипо наркоман", на апликацијата извади просек од 9,9л на 100 км, без некое штедење освен во првите 1500 километри како што е наведено во упатството. Знаев дека сум повеќе седан лик и ми фали лексусот во однос на тој поглед ама ова беше единствениот џип кој сепак има некои подобри возни карактеристики а и реално од кога искочи ми е во глава како што ми беа и претходните 2 возила па ајде реков да го продолжам трендот.
Во октомври пазарев all season гуми Goodyear Vector All Season 4 и можам да кажам дека многу подобро се однесуваат од летната гума која дојде стандард, планот е или да се проададат или да се менуваат сезонски.
Во продолжение некоја слика






