Го користам еве неколку месеци од тогаш. Не ми се даваат 170€ за поправка (далеку сум од Македонија и со тој алат што го имам само ќе сменам чип од оригиналниот на новиот Face ID и решен проблем, за 16ка не треба ништо од тоа, само нов сензор и толку, мислев дека и тука ќе може, купив нов сензор, ама џабе) , ниту пак ми се дава испод 400. Го купив 600, сменив два пати екран, еднаш задно стакло комплет со задна камера, па ме кошта колку нов. Ако нештото е објавено 200€ испод најниската цена на исправен телефон, зошто некој би сакал да спушти уште 200?
Ептен безврска муабет. Кола од еден модел исправна се продава 1000€, браникот е удрен и ти ја дава за 500, а поправката кошта 350, можеби и помалку ако се занимаваш со тоа. Ти ќе му нудиш 300, а во огласот со големи букви напишал “ФИКСНА ЦЕНА, НЕ ОДГОВАРАМ НА ПРЕДЛОЗИ ЗА ЦЕНА”?