Здраво, го ставам на продажба телефончево.
Ми здосади Samsung и сакав да го чекам S27 Ultra, ама мислам дека ќе одам на Oppo Find X9 Ultra.
Купен е од Телеком, почеток на февруари 2025.
Нема хардверски проблем, козметички - се гледа на сликите. Гледам/гледав да го сочувам колку можам максимално. Koристен е цело време со силиконска проѕирна маска/маски, но без заштитно стакло.
Доаѓа со кутија, но без кабелче (полнач секако не доаѓаше фабрички во кутијата).
Држеше доста помалку батерија со OneUI 8.5, но сега го средија во 9.0 верзијата и чинам дека ми држи исто како и кога го купив.
Со оглед на моменталните цени за нов:
- Мобеликс: 54100 денари
- Ледиком: 58390 денари
- користени, на огласи на Реклама5: 670 eвра, па нагоре...
Моја цена - 41.000 денари.










