Автор Тема: ASTRA G Проблем со кратки светла.  (Прочитано 63 пати)

Отсутен ChedoZhulj

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
ASTRA G Проблем со кратки светла.
« на: денес во 14:03:38 »
Здраво друштво

Имам проблем со споменатата Astra G од насловот. Наеднаш изгуби кратки светла, долгите работат нема проблем со нив. Нема ни индикатор (зелен симбол) на самата инструмент табла. Ги проверив осигурувачите F6 и F24 за лево и десно кратко светло во кабина под воланот, исто и F2 од 30А. Го проверив осигурувачот од од 40А под хаубата сите се исправни. Го заменив главниот прекинувач за светлата (лево долу како на шпорет) со друг исправен, ист проблем. Ја извадив инструмент таблата да ги проверам контактите на самите џекови, нема лош или изместен контакт. Ја отворив и ракетата, рачката за светла и жмигавци и ја премостив главната линија од 12в од долгите светла, не добивам кратки светла ни така. Напојување од 12в има до осигурачите под воланот и до прекинувачот за светла, незнам кај да го барам проблемот, веројатно некаде низ инсталација...

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ASTRA G Проблем со кратки светла.
« Одговори #1 на: денес во 14:49:12 »
Проблематичен е тој прекинувачот лево под волан. Барај го таму проблемот.