Здраво на сите,
Пред некое време разгледував нови коли и сакав да споредам што нудат различните увозници за мојот буџет. Секој увозник има свој PDF ценовник, секој со различен формат. Некои се по 20 страници, некои се стари, а за некои марки воопшто не можев да најдам ценовник. На крајот имав десетина отворени PDFи и табела во Excel, и пак не бев сигурен дали споредувам исти работи.
Затоа го направив
https://avtoceni.mkНа едно место се собрани сите нови возила кај официјалните увозници во Македонија, со цени што се читаат од нивните ценовници секоја недела. Засега има 47 марки.
Сајтот е бесплатен и нема регистрација. Го правам сам, затоа сигурно има работи што можат да бидат и подобри.
Секоја забелешка и критика е добредојдена!
Поздрав!