Автор Тема: Купување стан и уредување (Balanar)  (Прочитано 445 пати)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4118
  • MadaFunker
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #270 на: 16 Април 2026, 12:44:08 pm »
Мој совет, соларно и проточен (за секој случај) независно поставени,
Новиот компјутер за соларно е со апликација е многу подобар за користење од претходниот.
За високата температура пријател го реши така што стави преку цевките зелена мрежа.
New blood of old school

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #271 на: 16 Април 2026, 12:45:11 pm »
Мој совет, соларно и проточен (за секој случај) независно поставени,

Ова и вака е замислено да биде  :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7937
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #272 на: 16 Април 2026, 13:01:47 pm »
Соларно да си ставиш обавезно, No brainer e, ке видиш и по сметка на струја. Исто како за паркингот што те убедивме. Јас имам Бош протечен, комбиниран со соларно со греач, кој можеш рачно да го наместиш дали и кога да догрева. Кога нема топла вода на соларното, префрлувам само на проточен, и секундарно имам топла вода. Зајебот е што мора рачно да ја затворам водата од соларното, рачно да го пуштам проточниот, и по туширање пак да вратам на старо. Со оглед на тоа дека во 90% од случаите се користи соларното, и не е преголем проблем, 5 секунди работа.   

Знае сондата да фати бигор, еднаш на 3-5 години, ама замената е ситно, 500 денари.

Е ова ќе те прашав, како ги ,,шалташ" од каде да доаѓа топлата вода т.е од кој систем... Има вентил некој во тоалетот?
Само не ми е јасно - како знаеш дека нема доволно топла вода во соларното? Пишува на панелот (ја чита моменталната температура во бојлерот?) или мора рачна проверка од тушот/чешма? :)

Ke ти сликнам се нешто покасно.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #273 на: 16 Април 2026, 13:12:02 pm »
Може и нема да мораш  ;D
Ова го најдов од ФБ:



Контролерот (прикажува 13ц моментална) и се гледа вентилот (ако тоа што мислам е вентил)...

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7133
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #274 на: 16 Април 2026, 15:12:49 pm »
Има два типа на греачи во соларното. Едниот е греач за водата (3кв најчесто во теко солар моделите) и не е баш најбрз, а другиот е греач за цевките (знаат да замрзнат зимно време иако се изолирани и да нема проток на топла вода). Инаку гледаш до кое ниво е водата (1/4;2/4;3/4;4/4) и температура на водата од 0-100 степени целзиусови. Најчесто соларните што се продаваат кај нас се со Pioneer електроника.


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4118
  • MadaFunker
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #275 на: 16 Април 2026, 16:29:50 pm »
Ако ставаш ТекоСолар а претпоставувам имаат и другите, барај WiFi контролер/компјутер да ти стават.
New blood of old school

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #276 на: 17 Април 2026, 20:06:30 pm »
Денес бев, се договорив за соларно, под притисок - 200 литри.
Цената е околу 1200€, вклучена цела инсталација.

Одлучив да го оставам и проточниот (како што и планирав), па запишаа дека треба да се пушти трофазен кабел во тоалетот.

Прашав пак и за електричната custom инсталација (штекови, тавански и прекидачи) - рекоа дека може и е супер што ги имам обележано и запишано по ѕид/таван.
Им реков - Поарно јас да ви платам вам кога уште е во изградба станот, отколку после да кршам, рушам и спуштам плафон. И пак да се направи истото.
Останува кога ќе се изгради и прегради станот - да отидам да премерам бидејќи сите димензионални пресметки ми се правени по димензиите од каталогот за станот.
Електричарот ми е познат, мислам дека лесно ќе се договорам за техничкиот дел.

Од другите работи:
- со станот доаѓа еден држач и пред-инсталација за клима, за во дневната. Бидејќи јас нема да ставам мулти-сплит - ќе треба да доплатам за држач и пред-инсталација за климата во спалната (ќе стои на терасата). Сакав да ги ставам двата држачи еден до друг, ама доста е далеку да се носат кабли и црева до спалната.

- од сите работи што доаѓаат со станот (ламинат, ѕидни и подни плочки, обичен бојлер, санитарија во тоалетот, туш-кабина) - ќе се монтираат само внатрешни врати и подни плочки за терасата. Ќе ги одбијат од моите трошоци спрема нив, а јас ќе си купам мои.
Монтажата на ламинат/таркет, санитарија во тоалет (туш-батерија, WC шолја, чешма) и сите плочки (без разлика дали јас сум ги купил или не) - е од инвеститорот.

- PVC столаријата ќе биде Rehau, само не знам која линија. Ова го пишуваше и во каталогот, а неќна поминав до една друга зграда од истиот изведувач што веќе е во поодмината фаза. Треба да сликам налепниците, може некој ќе препознае дали е Geneo или Synego.

- потпрашав и за внатрешните врати бидејќи ќе ставам 14mm ламинат или таркет +5mm XPS филц. Рекоа дека ќе ги мерат потребните висини на вратите откако ќе се монтира подлогата која ќе се намести.
Овде имам едно прашање - дали под кујнските подни елементи и под тешкиот мебел (шкафови и сл) се монтира ламинат/таркет или не? Claude вика - Не, ама ми нема логика.

- во подрумот има светло, но нема штек обичен бидејќи ќе било пуштено од заедничката струја.
Не прашав (засега) за кабел/полнач за EV. Ќе прашам кога ќе почнам да ја договарам ел. инсталација.
« Последно менување: 17 Април 2026, 20:12:08 pm balanar »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #277 на: 18 Април 2026, 00:29:05 am »
Нема веќе Генео. Како и да е и Синего е топ.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7293
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #278 на: 22 Април 2026, 10:35:19 am »
@balanar

Кај мене е така сеа за сеа е ок.
Имај предвид дека пливачкиот ламинат движи, спласнува 2-3мм (ХПС подлогата) каде има големи тежини,

Па така, за простор каде може да има влага, истурање течности итн, ако веќе нејќеш плочки, можеш да ставиш и SPC под, тој е 100% водоотпорен.
Што тине идејатансо подот во кујна, сакаш исцело да биде со остатокот или ?

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #279 на: 22 Април 2026, 11:28:19 am »
Да, таркет или ламинат (од 14mm) секаде (ходник, кујна, дневна, спална)...

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 485
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #280 на: 23 Април 2026, 10:13:59 am »
Ако имаш услови секако паркет во однос на ламинат. Ако е веќе трослоен паркет тогаш би било најубаво да е 1-strip.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #281 на: 03 Мај 2026, 14:49:09 pm »
Ако имаш услови секако паркет во однос на ламинат. Ако е веќе трослоен паркет тогаш би било најубаво да е 1-strip.

Да, гледав и јас да е 1-strip, мада цените се од 2900 денари/m2, па нагоре упм

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #282 на: 03 Мај 2026, 16:47:43 pm »
50тина илјади денари разлика за 1 strip вложи ги во подобра бела техника.

Буквакно ништо нема да ти смени 1 стрип, а и те како ќе ти смени добар Самсунг фрижидер на пример.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 485
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #283 на: 03 Мај 2026, 16:48:35 pm »
Ако имаш услови секако паркет во однос на ламинат. Ако е веќе трослоен паркет тогаш би било најубаво да е 1-strip.

Да, гледав и јас да е 1-strip, мада цените се од 2900 денари/m2, па нагоре упм

Да, скап е но подобро заштеди на друго што после полесно се менува, дека паркет ставаш сега, па после 20+ години. Но секако кога прв пат опремуваш стан не стасува за се, па она што најдобро одговара на буџетот во моментот тоа.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 485
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #284 на: 03 Мај 2026, 16:52:38 pm »
50тина илјади денари разлика за 1 strip вложи ги во подобра бела техника.

Буквакно ништо нема да ти смени 1 стрип, а и те како ќе ти смени добар Самсунг фрижидер на пример.

Ова се сведува на вкусови. Јас прво би основата да е најдобра, дека таа најтешко се менува. Паркет да смениш, откако ќе ставиш мебел е тешка мака, а фрижидер е саат време работа. 1strip визуелно станот ќе го направи поголем.