Автор Тема: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила  (Прочитано 735 пати)

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Здраво на сите, ова ми е прв пост на форумов, па ми треба ваше мислење.

Ми доаѓа време за ново возило, што ми треба него:
  • Способно за лесен до среден офроуд (со можност за афтермаркет модирање покасно), не сум ловџија или офроуд фанатик, сакам до викендичка во зима по мраз и снег да стигнам без многу размислување, планинарам и возам МТБ често и завршувам во села со тесни и стрмни патишта, планинарски домови, национални паркови, земјени калливи патишта и сличнен незгоден каменест терен
  • Компакта големина, практично за маневрирање и паркирање, не ми треба чудовиште офроудер што не го собира во катна гаража или импровизирани паркинзи во државава и околината. BAW 212 T01 го отпишав заради ова
  • Прифатливи перформанси и комфорт на автопат, бучава, потрошувачка. Не сакам на 120 КМ/х да треба да викаме во кола за да правиме муабет. Не ми треба прејак мотор за беснеење по асфалт, трпелив возач сум, адреналин кикот не го добивам од загрозување на живот на недолжни луѓе
  • Солидна литража на багаж - за тој сегмент на возило се разбира
  • Евтино за одржување и сервисирање

Моментално листата ми е овие три возила: Subaru Crosstrek 2026 2.0i e-BOXER, Jeep Avenger 4xe и Dacia Duster Extreme 1.2 hybrid-G 150 4x4

Subaru Crosstrek 2.0i e-BOXER

Искрено ова ми е првиот избор. Јапонско си е јапонско. Перманентен едноставен механички и докажан AWD, солидна опрема, 2.0 атмосферец без додатни компликации како турбо или задна осовина на електрика што покасно ќе зажалам со сервисирање. Треба да е најдобро од останатите две за комфорт на автопат. Потрошувачката му е најлоша но нешто што можам да го игнорирам бидејќи тоа е цената за перманентниот AWD.

Тоа што ме премислува е
  • цената - со таа опрема што би ја одбрал би дошло некаде 43-4К евра што мислам дека е премногу за овој сегмент на кола
  • сум чул лоши муабети за дистрибутерот Толту. Колку е ова вистина? Како им е подршката и сервисот? Им се јавив пред некој месец ми кажаа одбери си опрема и ти нарачуваме. Успат ми понудија Haval Dargo како подобра опција
  • Медиокритетен пристапен агол - како за возило што се рекламира како офроуд способно, пристапниот агол му е 18°. За споредба, Duster е 31°, Avenger 4xe e 28°
  • Фабрички нема скид плејтс за заштита - дополнителен трошок

Jeep Avenger 4xe

Ова ми делува како средина меѓу трите, најкомпактно, делува како да има добра технологија за цената. Знам дека повеќе е лајфстајл возило него теренски способно. Знам дека нема ни врска со Jeep, дизајнирано во фиат, произведено во полска што и можеби не е толку лошо читајќи за проблемите на амерички произведените. Цената му е  33200 евра за Upland и  37400 за North Face Edition

Тоа што ме премислива
  • Стелантис групација - После сите хорор приказни од нивни возила ми звучи како ризична одлука. Колку што разбрав последнити ревизии на моторот го исфрлиле wet belt дизајнот. Колку е ова реален страв?

Dacia Duster Extreme 1.2 hybrid-G 150 4x4

Можеби финансиски најодговорна опција во однос на тоа што се добива за 32500 евра. Го бие добар глас генерално но не знам колку од тоа е вистина. Опцијата за бензин/плин/хибрид делува интересно - 1000км домет со полни резервоари. Но ми делува најнекомфорно за автопат. На јутуб има доста луѓе што се жалат за багови во инфотејмнт системот, рѓосување, генерално несофистицирано и штедено на све.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18240
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #1 на: 13 Октомври 2026, 13:05:32 pm »
Јас би директно на Дастер и што подалеку од било какво Субару во Македонија.

Дастер зошто афтермаркет поддршката за нив е извонредна, турците ги обожаваат и можеш да најдеш што и да ти треба за да му подобриш возни карактеристики, за релативно пристапна пара.

Зошто не Субару во Македонија? Ние сме непостоечки и небитен пазар за овој бренд. Ако нешто некогаш се расипе на колата или ти се деси несреќа, биди сигурен дека ќе чекаш делови со недели, можда и месеци.

За тоа што го опишуваш, не ти треба permanent AWD. Што и да има Дастерот ќе ти заврши одлична работа, и секогаш можеш да направиш апгрејд на A/T гуми и колата да дтане несопирлива на било кој терен.

Со среќа купувањето!
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #2 на: 13 Октомври 2026, 13:29:14 pm »
Зошто не Субару во Македонија? Ние сме непостоечки и небитен пазар за овој бренд. Ако нешто некогаш се расипе на колата или ти се деси несреќа, биди сигурен дека ќе чекаш делови со недели, можда и месеци.

Колку е паметно да ја сервисирам во Грција на пример? Најдов во Солун некоја работилница со добри ривјуа. А сум видел доста нови субару како ги возат во Грција.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #3 на: 13 Октомври 2026, 13:34:49 pm »
Паметно не е, ама пусти мерак.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3539
  • Хюндай Тюсон
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #4 на: 13 Октомври 2026, 13:34:58 pm »
Цената на субару е во рав 4 категорија. и рав 4 со 4х4  би се справил за лек офроад без проблем.

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #5 на: 13 Октомври 2026, 13:48:54 pm »
Цената на субару е во рав 4 категорија. и рав 4 со 4х4  би се справил за лек офроад без проблем.

Поголема кола е, крострекот веќе ми е на граница на големина. А искрено не ми се свиѓа многу, позерско градско СУВ со досаден квази авантуристички чичко вајб ми дава некако :)))

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
    • ibiz.mk
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #6 на: 13 Октомври 2026, 14:04:53 pm »
бараш совет или бараш потврда.

Сервисирање не е проблем, и во најобична гаража ке смениш течности/филтри. Ке си нарачаш порано и смениш или ке тркнеш на шопинг солун и додека пазариш ти ја сервисираат.
Проблем би настанало ако некад нешто се поквари/скрши а ако ја возиш offroad очекувај такви работи. Тогаш што ке ја шлепаш до солун или ?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4259
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #7 на: 13 Октомври 2026, 14:08:03 pm »
Зошто не Субару во Македонија? Ние сме непостоечки и небитен пазар за овој бренд. Ако нешто некогаш се расипе на колата или ти се деси несреќа, биди сигурен дека ќе чекаш делови со недели, можда и месеци.

Колку е паметно да ја сервисирам во Грција на пример? Најдов во Солун некоја работилница со добри ривјуа. А сум видел доста нови субару како ги возат во Грција.

Зависи колку километри правиш и каква е состојбата со гаранцијата ако ја сервисираш во работилница во Солун, со оглед на тоа дека сакаш да купиш ново возило. Ако ти се ака за секоја глупост до Солун, тогаш веројатно е изводлива опција.
И секако, тоа што го кажа членот погоре. Доколку некогаш дојде до проблем и возилото е неподвижно, би го шлепал ли до Солун?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #8 на: 13 Октомври 2026, 14:17:30 pm »
Во право сте.
 
Не го размислив моментот за поголем дефект. Најверојатно барам и совет и потврда зошто би купил Субару кај нас. Добра кола е ама за жал живееме во држава каква што живееме.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 945
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #9 на: 13 Октомври 2026, 14:53:13 pm »
Ништо не и фали на државата.
Не може секој производител на автомобили да е застапен секаде.
Имаш алтернатива кај нас, и бираш од тоа што е достаппо.

Сузуки не гледаш ?

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3539
  • Хюндай Тюсон
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #10 на: 13 Октомври 2026, 15:05:49 pm »
Па да ако не сакаш големо возило и комфорно земи си џимни.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4462
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #11 на: 13 Октомври 2026, 15:20:58 pm »
Витара има со погон на сите 4ри тркала. Мислам е поефтина од другиве возила спомнати овде.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #12 на: 13 Октомври 2026, 15:22:49 pm »
Моментално возам Ignis 2019 1.2 Mild Hybrid FWD pre facelift со 2цм лифт кит. За тоа што е, колата не ме разочарала во ни еден поглед после 140000 поминати. Дури и на полесни офроуд патеки! Но време е за нова и почнуваат да ми сметаат некои ствари што до сега ги толерирав. Бучава на брзина над 100 КМ/с и малиот багажен простор. А после 6 години, време е да се проба друго, краток е животот за предолго да се вози една кола.

Како бренд ми остави многу добар впечаток, исто така немам никаква замерка за Миркат, премногу сум задоволен од нив. Но од моменталната понуда ништо не ми е изгледа дека го покрива тоа што го барам, градски СУВ се сите. Ако некогаш пуштат попрактично Џимни со повеќе фокус на комфорт и секојдневно возење дефинитивно ќе го купам.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5550
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #13 на: 13 Октомври 2026, 15:33:19 pm »
Цената на субару е во рав 4 категорија. и рав 4 со 4х4  би се справил за лек офроад без проблем.
Ti normalen li si sto zboris. Go sporeduvas subaruto za 4x4 so rav4.... hahahah

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #14 на: 13 Октомври 2026, 16:34:58 pm »
Моментално возам Ignis 2019 1.2 Mild Hybrid FWD pre facelift со 2цм лифт кит. За тоа што е, колата не ме разочарала во ни еден поглед после 140000 поминати. Дури и на полесни офроуд патеки! Но време е за нова и почнуваат да ми сметаат некои ствари што до сега ги толерирав. Бучава на брзина над 100 КМ/с и малиот багажен простор. А после 6 години, време е да се проба друго, краток е животот за предолго да се вози една кола.

Како бренд ми остави многу добар впечаток, исто така немам никаква замерка за Миркат, премногу сум задоволен од нив. Но од моменталната понуда ништо не ми е изгледа дека го покрива тоа што го барам, градски СУВ се сите. Ако некогаш пуштат попрактично Џимни со повеќе фокус на комфорт и секојдневно возење дефинитивно ќе го купам.

Од ова што си го пишал, ако не е Витара тогаш Дастерот спакуј го.