Автор Тема: Skoda Felicia Combi 1.3 LX  (Прочитано 1671 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 201
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #30 на: 13 Октомври 2026, 19:39:34 pm »
Фала ви дечки.
Потрошњата е нормална за мотор со карбуратор, околу 6,9 литри ми испадна на поминати 433 километри од кои скоро третина беа градска, со доста стоење во место а останато на автопат со просечна брзина од 110 км/ч, со повремени залетувања до 155 км/ч.

Вчера приметив и покрај полн резервоар дека ми покажува само половина полн на инструмент таблата, а исто така и температурата оди нешто измеѓу 70 степени и пола, никогаш не стои на пола. Сега не знам дали е до инструмент таблата или е нешто друго. Останативе ствари ми се чини дека функционираат океј.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 439
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #31 на: 13 Октомври 2026, 19:45:53 pm »
За бензинот види да не е пловакот во резервоарот заглавен. Ако стоела колата некое време така ништо чудно да запекло.
Температурата претпоставувам дека е некаде околу 80... можеби и нормално.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7315
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #32 на: 13 Октомври 2026, 19:53:44 pm »
Кај мене покажуваше 10 степени повеке на табла отколку реалната, а како уклучував потрошачи и до 15 степени повеќе покажуваше, едноставно сказалката си одеше сама нагоре како уклучував светла, парно, потоа перка на хладњак, а потоа како ги гасев така сказалката паѓаше ;D

Потоа кога сменив табла со обртомер, за температура остана исто да покажува, додека за бензин не покажуваше. Се тешев барем имам обртомер ;D
Ептем треба да си ксметлија да потрефиш табла што ке покажува точно на фелиција.

« Последно менување: 13 Октомври 2026, 20:01:27 pm FiLo »

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 201
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #33 на: 14 Октомври 2026, 19:29:52 pm »
За бензинот види да не е пловакот во резервоарот заглавен. Ако стоела колата некое време така ништо чудно да запекло.
Температурата претпоставувам дека е некаде околу 80... можеби и нормално.
Прошли пут се беше океј и покажуваше, сеа нешто ме зеза. Некогаш му треба малце време после ставање гориво да се качи до фул и тоа е тоа.

Кај мене покажуваше 10 степени повеке на табла отколку реалната, а како уклучував потрошачи и до 15 степени повеќе покажуваше, едноставно сказалката си одеше сама нагоре како уклучував светла, парно, потоа перка на хладњак, а потоа како ги гасев така сказалката паѓаше ;D

Потоа кога сменив табла со обртомер, за температура остана исто да покажува, додека за бензин не покажуваше. Се тешев барем имам обртомер ;D
Ептем треба да си ксметлија да потрефиш табла што ке покажува точно на фелиција.

Не сум знаел дека се проблематични табливе, затоа што имам впечаток дека количињава имаат стварно добар build quality за оваа класа на кола. Јас се мислев да ја извадам таблата да видам да не има некој проблем со некое контактче. Има ли некое чаре за проблемов или тоа е тоа?

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7315
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #34 на: 14 Октомври 2026, 22:16:29 pm »
Па вака, кај мене беше алуминиумско куќиште со месинган мерач и со една жичка.
Кај тебе треба да е пластично кукиште исто со пластичен мерач и со 4 жици.

Пример мојата табла оригиналната работеше за бензин, се останато, ама ова за температура вака правеше (на видеото е оригиналната бидејки се гледа големиот саат)

Потоа кога сакав да ставам табла со обртомер, отидов кај Ристо во Шутка, тој има делови за Шкоди, и на лице место пробувавме повеке табли, пробав неколку и сите табли температурата одеше до максимум одма на даден контакт, и последната табла што ја пробав со обртомер се погоди да ја покажува исто вака температурата како мојата оригинална табла, односно да краде 10 степени повеке.

Ама тоа за бензин се расипа, не покажуваше, освен еднаш кога ја наполнив до крај да истестирам колку ке троши на бензин.
Потоа цело време стоеше скрос доле и не реагираше.
Пробав и од мојата оригинална табла да го заменам, немаше разлика и така си реков, барем за температура работи, и имам обртомер ;D


Мој совет, не се замарај, колку да си мирен, купи си ласерски термометар од тему и ке си знаеш на што си.

Иначе одговараат термостати од застава 101, кај мене беше таков, 83 степени отвораше (фабрички се 88 степени, ама подобро е малку на пониско да отвора, познат е овој мотор по горење дихтунг на глава како и страдање на маслените карики макар и малку ја прегрееш)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 201
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #35 на: 27 Октомври 2026, 19:32:48 pm »
Дечки, тоа тропањето не е ауспух, туку е изглеа е некој дел на хомокинетичкиот зглоб, најверојатно крстачот. Можеби е некој држач на мотор или менувач, ама тоа помалку веројатно. Ја тестирав на автопат, кревам брзина до 120 и под гас тропа, чим исфрлам од брзина и пуштам гас прекинува.
Задутре ја носам во Авто-Цо колата, само имам проблем со делови, секаде каде што се јавив немаат. Дури напоменував на телефон да ми најдат нешто поквалитетно, а добив одговор дека треба да бидам среќен ако воопшто се најде бар некаков дел. Ако некој има идеја каде да барам и секако да биде квалитетен заменски дел, ве молам упатете ме.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7315
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #36 на: 27 Октомври 2026, 20:38:05 pm »
Кај Ристо и Тони во Шутка, татко и син се, и увезуваат шкоди за половни делови, но и набавуваат делови.
За половни делови можеш и кај Роберт во Пинтија, ама некако е многу уфилман дека тие фелиции на плацот што ги има се подобри од твојата, плус и знае да забега со цени.

Али отиди прво кај Авто Цо, можеби со подмачкување ке ти ги среди, кај мене повеке тресеше предницата, ги отвори, подмачка и не исчезна во целост, ама барем за 50% се намали тресењето.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 201
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #37 на: 27 Октомври 2026, 21:24:42 pm »
Се јавив кај Ристо и Тони, ми понудија нешто, ама не беа сигурни кој бренд е, така да не знам каков квалитет е делот.

Од Роберт во Пинтија имаш бројче? Не знам дали е паметно ваков дел да се става половен, ама понудата на ново е прилично лоша и сум баш разочаран. А сакам да ставам асален дел, не е проблем цената.

Да, секако ќе одам прво кај Авто Цо.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7315
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #38 на: 27 Октомври 2026, 23:48:57 pm »
Ти пратив бројче.

А ако Авто Цо ти каже дека со чистење и одново подмачкување ќе вршат работа, послушај го, секако немаш голем торк, нема да откажат туку така крстачите.

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3012
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #39 на: денес во 08:04:44 »
За ауспухот отиди во АС-Стил, јас во мај таму го монтирав задниот лонец и го вадев средниот лонец на бравото, човекот успат цел ауспух од почеток до крај го прегледа, ги прегледа сите држачи, еден заменив, а на еден фалеше една метална шипка бидејки беше во V формат, така да отиди кај нив да го проверат ако се сомневаш дека е ауспухот.
@FiLo Ќе се убацам малку во темата, конкретно за ауспух, коректни се во АС-Стил? Сакам мојот ауспух да го проверат, последен пат кога менував држач за мотор, ми кажаа дека ауспухот во делот кај што се витка од моторот према патосот доле, е набиен, односно свиткан и залепен до каросеријата, па поради тоа има вибрации. Дали би се нафатиле да го средат мојот ауспух без да ми монтираат нов, дали имаш инфо како работат, фала
Своерачен потпис ;)