Автор Тема: Skoda Felicia Combi 1.3 LX  (Прочитано 1098 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #30 на: 13 Октомври 2026, 19:39:34 pm »
Фала ви дечки.
Потрошњата е нормална за мотор со карбуратор, околу 6,9 литри ми испадна на поминати 433 километри од кои скоро третина беа градска, со доста стоење во место а останато на автопат со просечна брзина од 110 км/ч, со повремени залетувања до 155 км/ч.

Вчера приметив и покрај полн резервоар дека ми покажува само половина полн на инструмент таблата, а исто така и температурата оди нешто измеѓу 70 степени и пола, никогаш не стои на пола. Сега не знам дали е до инструмент таблата или е нешто друго. Останативе ствари ми се чини дека функционираат океј.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 439
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #31 на: 13 Октомври 2026, 19:45:53 pm »
За бензинот види да не е пловакот во резервоарот заглавен. Ако стоела колата некое време така ништо чудно да запекло.
Температурата претпоставувам дека е некаде околу 80... можеби и нормално.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #32 на: 13 Октомври 2026, 19:53:44 pm »
Кај мене покажуваше 10 степени повеке на табла отколку реалната, а како уклучував потрошачи и до 15 степени повеќе покажуваше, едноставно сказалката си одеше сама нагоре како уклучував светла, парно, потоа перка на хладњак, а потоа како ги гасев така сказалката паѓаше ;D

Потоа кога сменив табла со обртомер, за температура остана исто да покажува, додека за бензин не покажуваше. Се тешев барем имам обртомер ;D
Ептем треба да си ксметлија да потрефиш табла што ке покажува точно на фелиција.

« Последно менување: 13 Октомври 2026, 20:01:27 pm FiLo »