Дечки член на семејството (дедо ми, на сопругата татко

) е заинтересиран и бара да купи, пред се Цитроен Ц3 2011-2015 или евентуално друг модел во таа класа, во ценовен ранг до 4500 евра +- некоја стотка.
Битно да е што понова, со пристојна км и сервисна историја колку да се види дали е одржувана колата во некоја нормала.
За градска кола јас му сугерирам да бара бензинец, мада не е исклучена можноста да се види и некое дизелче 1,4 или 1,6 хди.
Од бензинците мене најинтересен ми е обичниот бензинец 1,4 со 54 KW (73 КС), од аспект на одржување, а ми треба ваше мислење за малку посилните верзии VTI (ги има со 1.0, 1,2, 1.4,1.6) дали се проблематични за одржување (прочитав дека некои верзии трошат масло, се растегнува ланецот).
Гледав по огласи што се нуди ама пред да почне потрагата и по плацеви (претпоставувам каква голгота ќе биде), може на некој од вас ќе му налета некоја кола од познаник со проверена историја или стварно добар плац што продава посаглам коли.
Можеби би се погледнала и некоја Ибица, Хјундаи и20, па и Поло (мада потешко во тој буџет), во случај во моментот да нема добра понуда за Ц3-ка.