Автор Тема: Престој на странско возило повеќе од 6 месеци — правило и практика на граница?  (Прочитано 324 пати)

Отсутен comfortablemedia6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Дали ќе се соочиме со проблеми на границата кога ќе излеземе од Македонија откако ќе го оставиме нашето возило тука ~8 месеци?

Летаме за Тајланд на долго патување и го средуваме складирањето, но не сме сигурни како се проверуваат строго привремените правила за увоз на возила при излез. Правилата се чини дека се насочени кон жителите кои избегнуваат данок при купување автомобили во странство, а не кон туристите што патуваат низ нив. Како нерезиденти со постаро возило, увозот не е опција за нас во секој случај!

П.С. Ги контактирав царинските служби преку е-пошта, но ми го испратија само ова: www.customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/fizicki-lica/privremen-uvoz-na-vozila.nspx. Исто така, се извинувам за сите грешки во текстот бидејќи користам Google Translate!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30821
    • CARclub.mk
Здраво :)

Законско ограничување има, односно максимум 6 месеци. Е сега во однос на твоето прашање, дали би имале проблем? Вистината е дека никој не може да ти го одговори тоа. Можно е да имаш проблем, можно е да немаш. Пробај си ја среќата. :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7891
Ако таблицата не е бугарска, шансите дека ке ви направат проблеми се мали.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15257
  • Пудингот на шоферството
Сакам да верувам дека има некаква опција да пријавиш регуларно дека возилото заради одредени околности би останало повеќе од дозволеното без да тераш постапка за увоз.
Ако нема таква опција нема да бидам нешто многу изненаден.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Можат да направат проблем на излез од Македонија. Секоја поинаква процедура во Македонија или ќе биде долга папирлогија или ќе те тераат да го стават возилото во царински склад каде се плаќа јака дневница.

Ако возилото ти е со ЕУ таблици, најмногу ти се исплаќа да го оставиш некаде во Бугарија (Софија), или ако си на југ до земјата - во Грција (Солун)

Пример од тоа што гуглав https://www.smartrentacar.bg/long-term-parking/ во Софија, пример https://goldenpark.gr/en/long-term-parking-skg/ во Солун итн.


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
Сакам да верувам дека има некаква опција да пријавиш регуларно дека возилото заради одредени околности би останало повеќе од дозволеното без да тераш постапка за увоз.
Ако нема таква опција нема да бидам нешто многу изненаден.
Garant ima glupost nekoja ko privremen uvoz

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 115
Од мое лично изкуство (нерезидент, де-регистриран во МВР, холандски таблици), до сега не ми правеле проблеми, иако возилото ми било над 6 месеци, но не би ти препорачувал бидејќи точно знаат колку време е возилото во Македонија, МВР запишува таблица на секој влез излез, лично го имам видено ова. Во мојот случај јас правам влез/излез неколку пати месечно па ги мрзело да бројат изгледа, но ако си направил еден влез и возилото долго време стои во МК, ќе им биде многу лесно да видат. 

Како и да е, се над 6 месеци е царински прекршок.

Цитат
Правилата се чини дека се насочени кон жителите кои избегнуваат данок при купување автомобили во странство, а не кон туристите што патуваат низ нив.

Грешка си, привремен увоз се дозволува на возило со странски таблици само за не-резиденти, т.е туристи и тие кои прават транзит низ државата.

За резиденти возилото мора да се царини од првиот ден (имаш 24 часа да го однесеш на царински терминал).

Без странска возачка дозвола (како доказ дека си резидент таму, секогаш бараат кога си со странски таблици) возилото царина не го пушта во Македонија. Кога си пратив возило со камион да ми го донесат во МК, морав да си го превземам во Прешево, бидејќи камионот не моежеше да го внесе во МК.