Од мое лично изкуство (нерезидент, де-регистриран во МВР, холандски таблици), до сега не ми правеле проблеми, иако возилото ми било над 6 месеци, но не би ти препорачувал бидејќи точно знаат колку време е возилото во Македонија, МВР запишува таблица на секој влез излез, лично го имам видено ова. Во мојот случај јас правам влез/излез неколку пати месечно па ги мрзело да бројат изгледа, но ако си направил еден влез и возилото долго време стои во МК, ќе им биде многу лесно да видат.
Како и да е, се над 6 месеци е царински прекршок.
Правилата се чини дека се насочени кон жителите кои избегнуваат данок при купување автомобили во странство, а не кон туристите што патуваат низ нив.
Грешка си, привремен увоз се дозволува на возило со странски таблици само за не-резиденти, т.е туристи и тие кои прават транзит низ државата.
За резиденти возилото мора да се царини од првиот ден (имаш 24 часа да го однесеш на царински терминал).
Без странска возачка дозвола (како доказ дека си резидент таму, секогаш бараат кога си со странски таблици) возилото царина не го пушта во Македонија. Кога си пратив возило со камион да ми го донесат во МК, морав да си го превземам во Прешево, бидејќи камионот не моежеше да го внесе во МК.