Се случи и тоа на форумов Пасат бензин и тоа 1.4 TSI
Пред да одам на одмор годинава случајно на оглас ми излезе овој Пасат и бидејќи ми требаше поново и поголемо возило се одлучив да го купам и со него да одам на одмор.
Станува збор за VW Passat Variant B8 генерација од 2016 со 1.4 TSI EA211 мотор на каиш и 150 коњски сили и 250nm со ACT технологија што гаси два цилиндри кога нема потреба од нив за заштеда на гориво. За преносот е задолжен рачен 6 степен менувач. Резервоар колку што можам да најдам на нет и по тоа што собра 60литри гориво мислам дека има 66 литри со кои може да се помине 1050км според бордот кога е фул.
Колата има поминато 124 000 км и купена е од Порше Македонија и таму е сервисирана до истекот на гаранцијата, после тоа е сервисирана на локални сервиси. Првиот сопственик менувал на своја воља уље и филтри на 10к+- иако од фабрика тој интервал е многу поголем што е голем плус за моторот и тоа и беше еден од главните фактори да се одлучам да ја купам настрана што е одлично сочувана внатре и надвор(со некои ситни гребаници од Скопска вожња) и моторчето работи одлично.
Опрема има некоја средна мислам дека е Comfortline и од неа би издвоил Адаптивен темпомат , трозонска клима и ErgoComfort седишта другите работи како само затварачки ретровизори итн нема потреба да ги набројувам

Возењето е многу удобно и тивко дури и на 160км/ч и моторот за мои потреби е дури и повеќе од доволен. Колата воопшто не се чувствува дека е толкава при возење што е многу интересно.
Некои модификации што би сакал да ги направам во брзо време се:
- Подобра мултимедиа(head unit) со поголем стаклен екран 8" и можност за AndroidAuto кој се наоѓа по локалните отпади за околу 300 еур +-
- Камера за позади на знакот на гепекот.
- Промена на сите сијалички напред од жолти во по бели (xenon look) халогенки во стилот на OSRAM Cool Blue Intense или слични. Лед не сакам да ставам затоа што е рефлектор и мислам многу ќе ослепува други а со фабричките халогенки сосемa солидно се гледа навечер.
- Поголеми бандаши летни 18ки или 17ки.
- Chip Tuning , по интернет на овој мотор лесно вадат 175-185 кс и 320 њ меѓутоа мене ми е сосема доволно и сега како што е па ќе оставам за понатаму доколку се решам за таков чекор. Слободно кажете мислење на оваа проблематика

- Затемнување на стаклата позади 80% напред 30% веќе направив и сум многу задоволен како испадна.
Сменето до сега:
- Уље Мобил 1 ESP и филтри Filtron на 122000
- Акумулатор Exide AGM 72Ah




