Имам седено неколку пати во новиов Суперб, седев и во најјопремена верзија во Шкода салонот и стварно секоја пофалба за колава, особено за седиштата со ладење и масажа кој изгледаат многу добро и се баш комфорни.
Простор исто така има превише, што е супер, а и 4Х4 погонот е обавезен за 400нм и 200кс во кола со напречно поставен мотор, инаку верувам дека само со преден погон на толку долга кола и НМ прават да пролизгуваат погонските тркала при секое нагло тргање и при било какво малце по ентузијастичко возење.
Единствена негативна работа која што ја приметив кај новиов Суперб е лошиот квалитет на централната конзола. Според мене централната конзола е многу ниско поставена, е тесна, и е изработена од криминално лоша пластика која што не соодејствува со остатокот од колата.