Имам читано доста за овие зошто имам мерак на некој поспретен кросовер.
Ако сакаш значително да намалиш веројатност за проблеми, гледај ги само верзиите со 2.2 TD4 и SD4, кои што имаат потекло од Пежо - како што кажа Зеро. Бирај помеѓу стариот докажан 6 степен автоматик кој е доста издржлив, но троши повеќе или поновиот 9-степен ZF автоматик кој е поекономичен, но по ривјуа кажуваат дека често се буни кој степен на пренос да го одбере.
Системот за погон на сите тркала е истиот од Freelander и е доста способен. Така да иако личи доста фенси, со добри гуми може да се вози и офроуд.
Поновите 2.0 верзии се Ingenium моторите на Jaguar/Land Rover, кои појавуваат многу дефекти.