Автор Тема: Негативно искуство со Мотоцентар  (Прочитано 907 пати)

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Негативно искуство со Мотоцентар
« на: 20 Јули 2026, 13:05:54 pm »
Во саботата бев во Мотоцентар да ми направат понуда за 4 нови гуми. Бидејќи имам необична димензија, само кај нив имаше 4 Continental гуми достапни веднаш, без чекање на нарачка.

Се договоривме да добијам 3 гуми произведени во 2025/2026 година и една гума од 2024 година, за која добив попуст од 15%. Работата ја завршија и ја платив точно договорената сума, вкупно околу 76,000 МКД.

Подоцна забележав дека наместо договореното, ми монтирале 2 гуми од 2026 година и 2 гуми од 2024 година.

Нема проблем, грешки се случуваат.

Се јавив по телефон и побарав да ми вратат 15% и за втората гума од 2024 година, бидејќи тоа ми изгледаше како најфер решение. Интересно, додека ја договарав понудата секогаш веднаш се јавуваа на телефон, а сега не можев да добијам никого.

Кога конечно стапив во контакт, признаа дека станува збор за нивна грешка, грешно ја забележале во систем. Наместо да го вратат попустот, ми нудеа дополнителни услуги кои воопшто не ми беа потребни. По разговорот се договоривме да ми вратат 15% од втората гума.

Во понеделник, отидов во Мотоцентар Кисела Вода, каде што ја направив нарачката. Таму ми кажаа дека не можат ништо да направат бидејќи гумите биле монтирани во Илинден. Отидов и во Илинден, каде што ми кажаа дека не можат да ми ги вратат парите бидејќи со себе не ја носев фискалната сметка.

Никој претходно не ми кажа дека морам да ја носам фискалната. Искрено, трансакцијата лесно може да се најде во нивниот систем и без нејзе.

Во тој момент веќе не ми се исплатеше повторно да возам околу 20 километри во правец само за да ги земам околу 2000 нешто денари, па решив да се откажам.

Дополнително, пред воопшто да забележам дека една од гумата е стара, бев и на центрирање во нивниот сервис во Кисела Вода одма после монтирање, бидејќи во Илинден ми кажаа дека таму не можат.

Кога го земав возилото, ми рекоа дека извештајот од центрирањето е оставен во кола. Бидејќи не можев да го најдам, подоцна ми кажаа дека принтерот немал тонер, па морав да ги фотографирам резултатите.

Центрирањето ми беше важно бидејќи едната гума ми беше многу по оштетена него другите, а знам дека едниот амортизер не ми е добар, па сакав да видам на центрирање кои се резултатите посебно за амортизерите.

За жал тоа неможам да видам, бидејќи воопшто не измериле SAI/KPI. Не знам дали не можат или не мерат, али би било фер да ми кажат.
Плус внесле параметри од погрешен модел на возило и центрирањето го направиле според спецификации за понов модел, океј не е проблем слични се вредностите.
Не го центрирале задниот трап со образложение дека не требало, иако според сликата... треба.



Ова е убедливо најлошото искуство што сум го имал со сервис.

Јас не би ви препорачал да идете кај нив, посебно ако имате спортско возило. Или ако морате, барајте писмени документи и проверете со 4 очи што ви даваат и што прават.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2566
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #1 на: 20 Јули 2026, 13:10:55 pm »
Добра услуга во Мотоцентар само во Ист Гејт сум добил.

Инаку за центрирање исто, кога ја зедов 335ката отидов кај нив во Момин Поток зошто сакав и гумите да ми ги проверат и бандажите, таму ми рекоа дека едниот бандаж бил искривен и ми ја „центрираа“ толку добро што одма ја осеќав како влече на лево. За бандажот после тоа отидов во Ист Гејт кај што имаат нови машини и ми рекоа дека ниеден бандаж не е крив.

За центрирање оди во сервис што се занимава со тоа. Боми или ТимАуто, Боми имаат нова локација, не знам што апарати користат, во ТимАуто има нова Hunter HawkEye Elite машина што мери буквално сѐ.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2905
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #2 на: 20 Јули 2026, 13:43:56 pm »
@Co9099 Обично фискалната ја хефтаат со фактурата за гумите и гаранцијата и стои се на куп, не знам кај тебе што се случило. Во последно време се потешко и потешко се доаѓа до квалитетна услуга, во било кој сектор, изгледа допрва ќе си имаме мака.

Пред година и пол во Олимпико монтирав комплет сет нови гуми, без да ми кажат дека се со ДОТ 2022, плус два пати се враќав да ми ја центрираат колата, првпат утнаа и влечеше на една страна.
Своерачен потпис ;)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3497
  • Хюндай Тюсон
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #3 на: 20 Јули 2026, 14:24:27 pm »
Јас пред некој месец имав случка во мотоцентар каде што за кадетот ми беше кажано дека имаат линг лонг турер маде ин еуропе и да дадат таков налог за монтажа за веќе колата кога беше во гаража и старите гуми демонтирани ми кажат дека немаат од тој тип и дека имаат друг тип на гума. Искрено јас не се позамарав пошто е секако кола што мине 500-1000км годишно но секако не е добра пракса да ти кажат нешто дека имаат и веќе кога се демонтирани старите да преправат.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1488
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #4 на: 21 Јули 2026, 14:05:38 pm »
А има ли некој позитивно искуство со Мотоцентар ?

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,3891.msg1366224.html#msg1366224

Отсутен FrozeN666

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #5 на: 22 Јули 2026, 10:35:07 am »
Јас имам позитивно.

Си платив 4 нови гуми и чекав да ми ги сменат. Таман едно убаво кафе ме частеа.
И така дур го пиев кафето како муле, дојде мајсторот и ми рече по грешка ми ги изгребале бандажите.
Среќа па добро ги истругаа и прснаа со малку спрејче, абе ич ништо не се познаваше.
Како нови. Мирисаа на ШАМПОН.

Никад повеќе кај нив.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 470
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #6 на: 22 Јули 2026, 11:47:39 am »
Мене во ноември 2024 по претходно прашање за ДОТ на гумите и ми беше кажано 6ти месец 2024, беа ставени 4 нови со ДОТ 23. Цена 200 евра од гума.

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #7 на: 24 Јули 2026, 13:15:52 pm »
Izgleda I jas ke se nadopolnam na negativnite iskustva. January 2024 kupeni 4 novi Continental gumi zimski so garancija 1 godina. Posle 1 nedela nemaa pominato ni 300 km mi se dupna na avtopat predna desna dodeka da zastanam se iskina pola guma (sreka pa ne vozev brzo) ne mi vazela garancijata zosto oni ja ispratile vo fabrika I utvrdile deka se dupnala vo vozenje I toa ne bilo pokrieno so garancija. Posto gumi se dupnuvaat dodeka letas so niv po oblaci. Moja kola ne vleguva tamu veke.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6219
  • 69
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #8 на: 24 Јули 2026, 18:44:23 pm »
Еве и јас да споделам лошо искуство со Мотоцентар. Не дека ке ги тангираат нашите мислења, него ете, да им се врти тој муабет, дека селски финти прават.
И тоа за 400 денари.
Имено, приметив еден ден дека ми е издишана гумата на колата. Си ја извадив, свртев, видов дека вентилот беше оштетен, скршен. Ја однесов до Мотоцентар, онде катши Реплек.
Ми рекоа дека замена е 100 денари. Ги замолив и да ја балансираат гумата. Наводно немало потреба зошто се одлепувала само едната страна. Како и да е, на мое инсистирање го направија и тоа и си платив 260 денари.
Следниот ден отидов со кола за да ги сменам и останатите три вентили. И секако да се избалансира и другата гума, а задните повторно ме убедуваа дека не мора. И ајде, не мора,  ама едната нека е.
На крај да платам, сметка 860 денари...
И викам извинете, ако три вентили се 300 денари и едно балансирање е 160, како доаѓаме до сума од 860.
Вика па ротација на гуми. Каква ротација? па вадење и монтирање на гумите.
Многу чудно, но ајде. И пак математиката каде што рачунале 2х200 денари. Не е работата за 400 денари, не е ни за 100 што ги украле за едната која што не ја вадеа, него на начинот на кој тоа го направиле. Кога прашуваш е една цена, кога наплаќаат е друга. Скриени трошоци :D :D :D
Задњи сервис да се, више моја нога не стапнува кај нив. Едино дека ми беа најблиску.
Срамотилаци
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7801
  • French diamond
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #9 на: 24 Јули 2026, 19:12:55 pm »
Јас бандажите ги купив од таму, освем што се пролонгира рокот на испорака за скоро месец дена, друго срање не направија.

Отсутен HoLfElDeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #10 на: 25 Јули 2026, 11:52:14 am »
И јас имам едно негативно искуство со Мотоцентар, имено од кај нив имам земено летни гуми и ајде велам таму ќе си правам промена на гуми од зимски на летни и обратно(имам едни бандажи и ги менувам, па ги оставив тие да ми ги чуваат гумите ).

Отидов да ми променат гуми, ок сменија 2 гуми, менуваат 3та гума, никако да ја напумпаат, пробуваа пробуваа, ајде да ја прегледаат кога бандажот напукнат и тоа како што лега гумата во тој правец, велат ти скапал бандажот (алуминиумски), у меѓувреме менуваат и 4та гума и кај неа исто пукнатина иста како претходната само уште повеќе изразена, се гледа дупка.

 Ова беше во сезона на мењање на гуми и имаа прилично работа, ги намонтираа гумите и пробаа да го истераат автомобилот со 2 испуштени гуми за да си стават ново возило на дигалка, ама дигалката е од оние долу што стојат на земја и мора да се пројде преку нив има грпка и никако не можеа поради тоа што гумите беа буквално испуштени на бандаж, а овие упорно пробуваат да го истераат автомобилот. Им викам оставете го, ќе донесам други гуми, да го истераме па ќе се договараме и јас будала вртам по луѓе да најдам соодветни бандажи и за да не им создавам гужва у работата, едвај се снајдов, го истера автомобилот и шефот таму што им е, вика, ништо не сме ние виновни ти скапале алуминиумскиве бандажи, стари се, не се оригинал, тоа е и си отиде у канцеларија.


Потоа вртев у дирекција, дадов поплака, па ми се јави шефот, зошто си вртел, па ќе средиме работа, па ние ќе ги пратиме у Скопје да ги варат итд. На крај им дадов да ги направат да ги варат, ги вареле, правеле, ама не ми беа сигурни и купив други бандажи

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Одг: Негативно искуство со Мотоцентар
« Одговори #11 на: 05 Август 2026, 10:56:01 am »
Никој претходно не ми кажа дека морам да ја носам фискалната. Искрено, трансакцијата лесно може да се најде во нивниот систем и без нејзе.

дека ја засрале работата, ја засрале, ама фискална да не носиш а бараш рефундација... па уште и тврдиш дека трансакцијата можела лесно да се најде. МОРА да се сторнира фискалната. и ова важи за секаде (освен битпазар), не само мотоцентар. ова е ТВОЈА лична грешка.



Отидов да ми променат гуми, ок сменија 2 гуми, менуваат 3та гума, никако да ја напумпаат, пробуваа пробуваа, ајде да ја прегледаат кога бандажот напукнат и тоа како што лега гумата во тој правец, велат ти скапал бандажот (алуминиумски), у меѓувреме менуваат и 4та гума и кај неа исто пукнатина иста како претходната само уште повеќе изразена, се гледа дупка.

 Ова беше во сезона на мењање на гуми и имаа прилично работа, ги намонтираа гумите и пробаа да го истераат автомобилот со 2 испуштени гуми за да си стават ново возило на дигалка, ама дигалката е од оние долу што стојат на земја и мора да се пројде преку нив има грпка и никако не можеа поради тоа што гумите беа буквално испуштени на бандаж, а овие упорно пробуваат да го истераат автомобилот. Им викам оставете го, ќе донесам други гуми, да го истераме па ќе се договараме и јас будала вртам по луѓе да најдам соодветни бандажи и за да не им создавам гужва у работата, едвај се снајдов, го истера автомобилот и шефот таму што им е, вика, ништо не сме ние виновни ти скапале алуминиумскиве бандажи, стари се, не се оригинал, тоа е и си отиде у канцеларија.


Потоа вртев у дирекција, дадов поплака, па ми се јави шефот, зошто си вртел, па ќе средиме работа, па ние ќе ги пратиме у Скопје да ги варат итд. На крај им дадов да ги направат да ги варат, ги вареле, правеле, ама не ми беа сигурни и купив други бандажи

си им однел кола со оштетени бандаши и сакаш дигалката да биде резервирана за тебе цел ден. и заради тебе на десетици луѓе времето на чекање ќе им биде подолго, на одредени луѓе нема да им се чека па ќе отидат на друго место и мотоцентар ќе изгубат клиенти заради тебе. и сметаш дека тоа е правилно ?
« Последно менување: 05 Август 2026, 11:04:23 am Indigo »