Во саботата бев во Мотоцентар да ми направат понуда за 4 нови гуми. Бидејќи имам необична димензија, само кај нив имаше 4 Continental гуми достапни веднаш, без чекање на нарачка.
Се договоривме да добијам 3 гуми произведени во 2025/2026 година и една гума од 2024 година, за која добив попуст од 15%. Работата ја завршија и ја платив точно договорената сума, вкупно околу 76,000 МКД.
Подоцна забележав дека наместо договореното, ми монтирале 2 гуми од 2026 година и 2 гуми од 2024 година.
Нема проблем, грешки се случуваат.
Се јавив по телефон и побарав да ми вратат 15% и за втората гума од 2024 година, бидејќи тоа ми изгледаше како најфер решение. Интересно, додека ја договарав понудата секогаш веднаш се јавуваа на телефон, а сега не можев да добијам никого.
Кога конечно стапив во контакт, признаа дека станува збор за нивна грешка, грешно ја забележале во систем. Наместо да го вратат попустот, ми нудеа дополнителни услуги кои воопшто не ми беа потребни. По разговорот се договоривме да ми вратат 15% од втората гума.
Во понеделник, отидов во Мотоцентар Кисела Вода, каде што ја направив нарачката. Таму ми кажаа дека не можат ништо да направат бидејќи гумите биле монтирани во Илинден. Отидов и во Илинден, каде што ми кажаа дека не можат да ми ги вратат парите бидејќи со себе не ја носев фискалната сметка.
Никој претходно не ми кажа дека морам да ја носам фискалната. Искрено, трансакцијата лесно може да се најде во нивниот систем и без нејзе.
Во тој момент веќе не ми се исплатеше повторно да возам околу 20 километри во правец само за да ги земам околу 2000 нешто денари, па решив да се откажам.
Дополнително, пред воопшто да забележам дека една од гумата е стара, бев и на центрирање во нивниот сервис во Кисела Вода одма после монтирање, бидејќи во Илинден ми кажаа дека таму не можат.
Кога го земав возилото, ми рекоа дека извештајот од центрирањето е оставен во кола. Бидејќи не можев да го најдам, подоцна ми кажаа дека принтерот немал тонер, па морав да ги фотографирам резултатите.
Центрирањето ми беше важно бидејќи едната гума ми беше многу по оштетена него другите, а знам дека едниот амортизер не ми е добар, па сакав да видам на центрирање кои се резултатите посебно за амортизерите.
За жал тоа неможам да видам, бидејќи воопшто не измериле SAI/KPI. Не знам дали не можат или не мерат, али би било фер да ми кажат.
Плус внесле параметри од погрешен модел на возило и центрирањето го направиле според спецификации за понов модел, океј не е проблем слични се вредностите.
Не го центрирале задниот трап со образложение дека не требало, иако според сликата... треба.

Ова е убедливо најлошото искуство што сум го имал со сервис.
Јас не би ви препорачал да идете кај нив, посебно ако имате спортско возило. Или ако морате, барајте писмени документи и проверете со 4 очи што ви даваат и што прават.