Автор Тема: Нови горива во Макпетрол  (Прочитано 53240 пати)

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #45 на: 27 Декември 2011, 15:15:40 pm »
исти се Боки, Лукоил мислиш spaceage технологија имаат
Колку што мислам да, ама за горивото сум убеден дека е подобро од Мак Петрол :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #46 на: 27 Декември 2011, 18:12:52 pm »
Со појавувањето на новото гориво од МП, Лук оил дефинитивно ја губи битката. Лук оил увезуваше поефтино гориво со пониски стандарди за екологија во банана земјите како нашава. Со додавање на адитиви горивото спецификациски го задоволи стандардот DIN EN 228, а споредбено со конкуренцијата која сеуште нудеше некалорично и ниско октанско гориво - лесно беше брзо да се издвои. Мак петрол имаат интерна лабораторија, а ги користат услугите и на некои екстерни лаборатории за споредбена цел (акредитираните лаборатории по ISO 17025 мораат да го сторат ова).
Нека не ве чуди етанолот ... до 5% е дозволено по сите стандарди. Толуенот е одличен избор, со тоа што пожелно е да не се вози нон-стоп, туку бар на секој втор резервоар, заради можноста од нагризување, додека старото добро тетра етил олово, за жал е забрането од еколошки причини, како и за возила со катализатор. Идеално е „од мајка“ 100 октани :), се надевам дека МП за такво се одлучиле.
Резултатите од испитувањата на горивата се деловна тајна и кога сакате да ги погледате потпишувате еден образец за чување на деловна тајна и тн., така да не верувајте во све што ќе слушнете или прочитате било да е со негативна или позитва конотација ;)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #47 на: 27 Декември 2011, 18:28:57 pm »

Nice post! Ок е сето тоа, се` додека не надмине 5% Етанол - што се однесува до мене :) Веројатно се обврзани да назначат ако е другачие. А инаку не мора да значи дека додавањето на етанол ќе ја зголеми октанската вредност. Има и Е10 (10% етанол) горива со RON 98 или 95... Јас не би имал проблем со Толуен :)

Еве едно интересно читање околу октан бустерите :
http://sportscarforums.com/f13/toluene-my-octane-booster-choice-3257.html

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #48 на: 27 Декември 2011, 18:42:48 pm »
времето, и тестирањето ќе кажи кој горива се подобри... Само не ми е јасно мене, зошто некои членови кои веќе наточиле од новиот бензин, ставиле УЛТРА 100С.... кога на самата етикета кажва дека ова гориво е за сопствениците на современи, високоперформансни и ефикасни автомобили и мотори што бараат зголемена моќност и максимални перформанси... а вие со вашите 90 до 110кс се сметате на сопственици на вакви автомобили  ???  :o Јас не би наточил вакво гориво, со мотор под 150 кс... затоа е тука УЛТРА 95+  ;)
п.с само да не се навреди некој...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #49 на: 27 Декември 2011, 19:24:07 pm »

за да ги појачаат....

Отсутен sase07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #50 на: 27 Декември 2011, 20:39:40 pm »
јас денеска го наполнив резервоарот со 100 ка во скопје и да ви кажам дека е супер можда и грешам али ми ја смири бучавоста на моторот и ја намали потрошувачката

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #51 на: 27 Декември 2011, 20:48:08 pm »
јас денеска го наполнив резервоарот со 100 ка во скопје и да ви кажам дека е супер можда и грешам али ми ја смири бучавоста на моторот и ја намали потрошувачката
Потрошувачката одма ја осети?! Колку км? За колку?! Малку ми е „хммм“ податоков заради краткото време - но ако имаш доволно километри на соодветно позната рута која ја возиш со исто темпо - тогаш ОК...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен sase07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #52 на: 27 Декември 2011, 21:25:44 pm »
јас денеска го наполнив резервоарот со 100 ка во скопје и да ви кажам дека е супер можда и грешам али ми ја смири бучавоста на моторот и ја намали потрошувачката
Потрошувачката одма ја осети?! Колку км? За колку?! Малку ми е „хммм“ податоков заради краткото време - но ако имаш доволно километри на соодветно позната рута која ја возиш со исто темпо - тогаш ОК...
се осети пошо на 130 км со 98 ми показува 8 9л на вожна од 130 до 160 ја наполнив преска на излез од ск и во виница го дополнив резерварот ми собра 7 л на 125 км поминати

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #53 на: 27 Декември 2011, 23:15:09 pm »
мене ми лета колата со бензинот...

и малце ред бул зошто ми дава крилааа

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #54 на: 28 Декември 2011, 04:57:07 am »
мене ми пишува во упатство 95ка да ставам и кога ја купив ми рекоа 95ка да ставам. прашањето за кое најмногу одговор очекува од џиџи, ми е: што ако ставам 98ица или од ова 100кава, дали може некако да му се наштети на моторот, дали таа препорака за какво гориво да точам од сервис што ми ја дадоа кога ја купив колата има цврста причина позади неа?

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #55 на: 28 Декември 2011, 05:26:48 am »
кај мене пишува и 95 и 98 ама ја би 100 че и + октан бустерче :) :) :) :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #56 на: 28 Декември 2011, 08:17:56 am »
Можеш да туриш и златна прашина во резервоарот, нема колата да ти иде ни побрзо, ни поубаво, ниту поекономично, ниту моторот ќе работи помирно.

Само ќе фрлиш пари на течност која нема ама баш никаков позитивен ефект. Исто би било ако разликата во горивата 95, 98 и 100 е само октанскиот број. Ако моторот е дизајниран и конфигуриран да работи со 95 октани бадијала ќе ставиш гориво со миљарда октани, не менува ништо.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #57 на: 28 Декември 2011, 12:28:42 pm »
Не сум запрал на МП да видам пошто полнам од Лук, каков е овој Ултра Џет дизел?

Разлика меѓу Еуродизел и Оној бостиранион Екто (демек) јас не сум осетил, ни на перформанси нит никој курац, единствено сум приметил дека за нијанса повеќе ми го троши, зошто навистина не ми е јасно?

Пред некое време пак наполнив чисто да видам дали првите неколку резервоара што ги извозев било сугестивно  чуство дека повеќе ми троши, иако мерев потрошувачка од полнење на полнење. Сите ме убедуваа да си ставам од тој дизел а не од еуродизлеот и еве пак сега еве веќе втор резервоар сум при крај со Екто и дефинтивно побрзо го троши. Не многу од 0,3 до 0,5 л на сто ама се приметува. вториов резервоар еве само на отворено скоро ќе го мавнам цел а поминав досега 630 Км и ќе поминам уште максимум 150 км пред да наточам како и стално од 45 до 50 литри гориво, значи неполни 800 км горе доле да речеме со 50 литра што изнесува отприлика 6,42 што е многу за 90% извозени километри на отворен пат.
Обично на отворено е секогаш просечната на крај испод 6 литри кај мене со ни малку нежно возење (скоро никогаш испод 140 на автопат).

Ќе полнам пред НГ уште еден резервоар па баш ќе видам точно колку ќе биде и ќе пишам со слики, нормално.
Значи дајте мислење за Ултра џетов ако мислите дека е добар, во смилса да е чист и да е поблсику до европските норми, за брзини и перформанси има чип тјунинг кај маршер и рево чип кој сака. :)
« Последно менување: 28 Декември 2011, 13:04:01 pm Sportex »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #58 на: 28 Декември 2011, 13:03:23 pm »
Јас синојка ставив ултра 95. Не осетив никаква разлика а за потрошувачката е рано да се каже. Следниот резервоар ќе ставам 100-ка па да видиме дали ке има разлика во потрошувачката. Со претходните 95 и 98 имаше разлика. Убедливо повеќе поминував со 98-ката. Некаде 2л помалку ми трошеше на 450км а можеби и сугестивно али моторот пофино ми брчеше.

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #59 на: 28 Декември 2011, 13:05:26 pm »
Можеш да туриш и златна прашина во резервоарот, нема колата да ти иде ни побрзо, ни поубаво, ниту поекономично, ниту моторот ќе работи помирно.

Само ќе фрлиш пари на течност која нема ама баш никаков позитивен ефект. Исто би било ако разликата во горивата 95, 98 и 100 е само октанскиот број. Ако моторот е дизајниран и конфигуриран да работи со 95 октани бадијала ќе ставиш гориво со миљарда октани, не менува ништо.

јас не би рекол ако ставиш 95ка и 100ка со октан бустер исто ќе се понаша колата ..... имам пробано барем со октан бустер колата ДА работи немирно али одзивот на гаста каде каде е подобар и е по жива ...