Денеска, утре, никако да скоцкам време, и веќе помина повеќе од пола година со Королата.
Време е за едно ферманче.
Морам да признаам дека бев малку заведен под влијание на трендовите и првичната идеја беше Корола Крос.
На хартија се ми одговараше, димензии, технологија...меѓутоа при прво седнување се отрезнив и си реков дека не фрлам толку пари за седење како во Тамче.
Но, сеуште имав мерак за хибрид, и вниманието го свртев кон Королата. Направив неколку тест возења, прекрасна кола. Особено ми прави мерак меката и тивка амортизација, и конечно квалитетно озвучување откога почна да се форсира фабричко аудио во колите.
Меѓутоа, по првобитната еуфорија и откако присобрав повеќе информации, неколку моменти ме одвратија.
Прво, никако не можев да го преџвакам моментот дека ќе плаќам беспотребно опрема која никогаш нема да ја искористам, како греење волан и седишта, лумбарна поддршка, и сл.
Понатаму, хибридот е економичен низ град, на отворено троши исто како бензинец, земено во обзир дека моите потреби се променија и последниве години се 40/60 град/отворено. Градската се намали со службено возило, и отворената вожња се намали и наместо 3 летувања од по 7 дена, 1 пензионерско од 15 денови во Грција, кон Белград исто се намали...
Последно, некои детали околу здравјето за батеријата поради невозење подолг период 2 пати во годината поради престој во US, и мојата прогноза дека не би поминувал над 8.000 годишно го направија хибридот неадекватен за мене.
Е сега, бидејки мотор со турбо не доаѓаше предвид, особено никако 1.0 турбоекоџигимиги и налик, изборот се сведе на Мазда 3 и i30 со 4цилиндри атмосферски мотори. Королата 1.5 отпадна поради 3 цилиндри.
Во Маздата никако не можев да најдам возачка позиција која ќе ми одговара, и веднаш отпадна. Доволно ми беше искуството со Меганот кој веќе по изминати 100 км бев истоштен.
Хјундаи i30 за парите беше одлична зделка, но амортизацијата потврда и од мојата i30 од претходната генерација, и тука повторно мислите ми се вратија кон Королата.
Си реков ништо не кошта тест возење со три цилиндри.
Направив неколку тест возења.
Колку ли пријатно се изненадив од моторот, неверојатно тивок, и неверојатно жив ако се земат во обзир цифрите на хартија, и неверојатно економичен.
Карклуб тестот 5,2 при 120
Околу 5,5 при 120/130/140
Градска 7,2 до 7,5 со моите релации.
Тука би истакнал дека ниту бензинецот, ниту хибридот се за возачи со тешка нога кои сакаат да се најбрзи од семафор до семафор.
Пред да падне одлука се повозив со неколку години постарата Корола на еден мој братучед. Не пронајдов битна замерка.
Да не се разбереме погрешно, не дека е совршена, туку не најдов битна за мене замерка.
Во прилог на одлуката помогна и отсуството на стартстоп системот кој ми оди на нерви. Значи, моторот таков каков што е задоволува еуронорма 6/xyzx (или која ли беше шифра што ја придадоа на 6).
Интересно е што мислев дека никогаш нема да купам кола во црна и бела боја, меѓутоа Королата прекрасно изгледа во бела боја.
Слики, кога ќе ми текне да ја сликам непосредно после перење.
ПС врие Короли низ градов.