Конечно бидна!

BMW 330e G21 Plug-in Hybrid.

Бензиски мотор 2.0 B48B20A, 4 цилиндри со 181 HP/135 kW и електромотор со 111 HP/83 kW упарени со ZF8HP автоматски менувач и погон на задни тркала. Вкупна системска моќност е 292 HP. Батеријата е со капацитет од 11kWh. Произведено 01/2021 (на денот на мојот роденден

), купено со поминати 137.400km и увезено од Белгија.
Малку околу потрагата на возило - почнав да размислувам кое е следното возило за мене уште во декември, после враќањето во Македонија. Размислував помеѓу целосно електрично возило или плаг-ин хибрид. Изборот се сведе на - доколку е електрично Tesla Model 3, доколку е plug-in BMW G20/21, со преференца према G21. По соочувањето со реалноста дека сеуште сме далеку од добра инфраструктура за целосно електрично возило, а и тоа дека сакам подолг период на транзиција према целосно електрично возило, се решив да одам на плаг-ин хибрид опцијата.
Од старт исклучив автоплацови од Македонија и решив дека ќе се носи од странство. Имав неколку колеги од Хрватска кои беа презадоволни со возилата кои ги купија директно преку онлајн аукции од лизинг компании. Опцијата беше да се донесе до Хрватска, па потоа да се извезе до Македонија, се додека не дознав дека
Exleasingcar платформата станува достапна преку овластен претставник во Македонија - дури и за физички лица. Преку платформата може да се купуваат возила од најголемите лизинг компании во Европа - Ayvens (ALD Automotive), Arval, VWE итн. Возилата имаат извештај со сервисна историја и извештај од детална инспекција со слики од сите страни (особено детални слики доколку има визуелни оштетувања) и сите можни технички детали. Во мојов случај инспекцијата беше од DEKRA.
Стапив во контакт со фирмата кај нас, се регистрирав, потпишавме договор и уплатив депозит при што ми го верифицираа акаунтот и можев да пребарувам и наддавам на аукции. После неколку обиди и изгубени аукции, конечно го победив возилото кое и најмногу ми направи мерак како добар all-rounder, одлично сочувано, моќност, боја (Blue Ridge Mountain) и опрема.
Си платив и бев информиран дека возилото ќе стигне во Македонија за еден месец со оглед на тоа што фатив и католички и православен велигден. После точно еден месец од победување на аукцијата, возилото стигна во царински склад во Скопје.
И нормално марфи се јави, падна Шваке системот на Царина и две недели немаше царинење. Оваа недела конечно го зедов, направивме хомологација, технички преглед и сега чекам таблици - во меѓувреме набавив пробни таблици за да можам да свртам некој круг низ град.

Првични импресии - предобро возило! Направив околу 100км низ град, генерално на струја и едвај чекам да ја провозам на отворено да продиши моторот. Иако има прилично висока километража, од кои околу 63 илјади на струја, батеријата е во одлична кондиција со 88% State of Health. Завчера поминав вкупно 40км само на струја.
Од опрема има следново, на кратко:
- Адаптивни LED предни светла, LED DRL, LED магленки, LED задни светла
- Електрични ретровизори со греачи и автоматско затемнување
- Сензори за паркирање напред/позади и камера позади
- Акустични стакла (за дополнителна звучна изолација)
- M кровни носачи, Shadow Line
- Затемнети стакла позади
- Кожни спортски седишта со електрично прилагодување и меморија
- Греење на предни седишта
- Кожен волан
- Автоматска трозонска клима (напред/позади)
- Амбиентално внатрешно осветлување
- Sensatec внатрешност, црн кров
- Virtual Cockpit
- 10.25" inch мултимедија со DAB, WiFi, Apple CarPlay, Android Auto и Connected Package Professional (за MyBMW апликација на телефон)
- Безжично полнење за телефон и USB-C порти напред/позади
- Активен темпомат со Stop&Go функција и лимитер
- Систем за автоматско паркирање
- Фабрички алармен систем
- Keyless, два клуча, NFC картичка и можност за digital key на телефон
- Кука за приколка
- 17" SportLine алуминиумски бандажи - 225/50/R17
Планови за друг пост ќе оставиме..



