Тојота Корола и тоа е тоа. На новиот модел раткапните се со релативно покултурен дизајн, но имаш и евтина димензија на гуми. Види дали ќе може да добиеш барем металик гратис ама се сомневам. Моторот е многу економичен, не е за на трки ама не ни троши. Ќе имаш околу 6.5 просечна потрошувачка што е малтене на рамниште на хибридот. На 120 на саат на автопат ќе си тераш пристојно со сите системи за заштита итн. Се произведува во Турција, и ќе се изнаслушаш муабети дека е тоа нешто лошо. Секако нема да ти е гајле пошо во следните 8 до 10 години ќе ставаш само гориво, и ќе пиеш кафе додека си на редовен сервис. За 10 години да сме сите живи и здрави.