Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir 170hp  (Прочитано 1754 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir 170hp
« на: 01 Април 2026, 13:29:13 pm »
Пишав во темата пред некој ден, еве и оглас нека оди.

Ја продавам Алфата, чисто поради тоа што немам повеќе потреба од неа. Две и пол години ме служеше прилично добро, за што имам пишувано и во темата.

Информации на кратко:
  • 2010 година
  • 1.4 бензински мотор со MultiAir, 170 коњи
  • Sport пакет од фабрика (бар мислам дека така се води) со 18" бандажи, Brembo четириклипни шепи напред и странични прагови
  • D.N.A. drive mode selector
  • Автоматска двозонска клима
  • Електрика на предни прозори, електрика и греење на ретровизори
  • Предни магленки
  • Летни гуми Continental SportContact 7, купени на 05.04.2024, со нив поминати досега 13,700 километри
  • Зимски гуми Pirelli Sottozero 3, купени на 28.10.2023, со нив поминати досега 25,800 километри

Од “надградби“ и поправки на чести проблеми со конкретниот модел:
  • Променет е MultiAir модулот во 2021ва година во Сервис Илија, за што имам и фактура
  • Претапацирани се вратите (фабричката еко кожа се распаѓа)
  • Претапациран е воланот бидејќи беше излупен, комбинација од мазна и перфорирана кожа и црвен конец
  • Средени се жиците до задните штопови, чест проблем кај Fiat/Alfa, при што не се само преспоени туку се продолжени за да траат подолго
  • Променети се лупите во фаровите, фабрички се лупи за халогенка, ставени се лупи за Xenon и ставен е BiXenon комплет кратко/долго. Овде би спомнал дека на претходниот сопственик колата му ја чукнале на паркинг, при што едниот фар бил оштетен и сменет со нов ОЕМ, поради тоа едниот е постар и малку пожолтен, а новиот е во одлична состојба. Полирање и ставање на PPF фолија би чинело околу 50 евра, со што релативно трајно би се решил проблемот
  • Сменета е фабричката кугла за менувачот со афтермаркет кугла, алуминиум/кожа/црвен конец, и ставен е 4H shortshifter kit со што менувачот е осетно попрецизен и со пократок од
  • Префарбани се бандажите во сребрена боја кај Rim Doctor, и ставени се OptiVent скриени вентили, нови штрафови, и нови OEM централни капачиња
  • Ставени се LED жмигавци напред и странично (сакав и назад, ама не можев да најдам без CANBUS грешка па останаа фабричките), како и LED рикверц светла
  • Ставен е Bluetooth ресивер на портот за CD charger во радиото позади, со што имате Bluetooth за радиото

Колата не е увезена, купена е од Automobile SK и сите редовни сервиси се правени во овластени сервиси. За повеќето од нив (сите откако е во моја сопственост, и повеќето од претходно) имам и фактури, и комплетна сервисна книшка. Некои помали зафати (ситници на подвозје главно) се правени локално.

Комплетна историја што се е правено откако е кај мене, со цени и километри, имате во табелата.

Последен мал сервис е направен на 201,600 километри во Сервис Илија на 26.02.2026, наредниот би бил на 211,600, или во февруари наредна година.
Последен голем сервис (сет ребраст каиш и водна пумпа) е направен на 165,600 километри во Сервис Илија, на 13.11.2023, со што наредниот би бил на 235,600 километри (70ккм) или во ноември 2028ма (5 години), кое и да дојде прво.

Моментална километража е 203,ххх километри, колата ја возам секојдневно така да бројката би растела. Состојбата е би рекол нормална за 16 години стара кола, и механички и козметички. Нема проблеми од механички аспект, а козметички има забелешки на неколку места. Не пробувам да ја протуркам како совршена/беспрекорна/стакло, таква е каква што е, сакам новиот сопственик да е свесен за состојбата, а и јас да спијам мирно. Немам против проверка каква и да сакате, под услов да ми е во околина.

Оглас уште не е ставен на Reklama5/Pazar3, ќе ја оставам овде неколку дена, па ако нема интерес ќе ја огласувам и таму.

Цена: 6,200 евра, регистрирана со зелен картон до 11.07.

За повеќе информации, пишете на Viber/WhatsApp или звонете на телефон, бројот ми е 076 463 123.












Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir 170hp
« Одговори #1 на: 01 Април 2026, 15:56:57 pm »
Одлична кола и одлична понуда. Може малку повеќе инфо за headunit-от? Заменето е фабричкото радио, или над него е поставено? Делува малку натакнато, ама ако работи...

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir 170hp
« Одговори #2 на: 01 Април 2026, 16:17:57 pm »
Одлична кола и одлична понуда. Може малку повеќе инфо за headunit-от? Заменето е фабричкото радио, или над него е поставено? Делува малку натакнато, ама ако работи...

Headunit-от е AliExpress екстерен дисплеј. Ставен е над фабричкото радио со 3D принтан адаптер кој оди во слотот за CD. “Натакнато“ во секој случај, ама ова го платив 6,000 денари со се продолжен кабел за да го користам 220v упаљачот од багажник и тој во кабина да е слободен - замена за фабричкото радио пред година и пол беше 700 евра (300 за headunit, 100 за адаптер за команди на волан, 100 за новата маска, 100 за рикверц камера, и уште 100 за монтажа за сите глупости), па изиграв вака. За парите е феноменално.

Намерно не е пишано во огласот зато шо големи се шансите да го извадам и да го префрлам во другата кола пред продажба, со што би останало фабричкото радио со Bluetooth ресиверот позади. Ако некој апла инсистират со се него да ја земит колата, ќе го одземам од потенцијалниот простор за договор околу цената :)


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7362
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir 170hp
« Одговори #3 на: 02 Април 2026, 20:01:58 pm »
Убав бандаш, што димензија е?

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir 170hp
« Одговори #4 на: 02 Април 2026, 20:13:27 pm »
Убав бандаш, што димензија е?

18" :)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir 170hp
« Одговори #5 на: 06 Април 2026, 17:47:17 pm »
Bump. Во среда сум во Скопје ако има некој заинтересиран.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir 170hp
« Одговори #6 на: 21 Април 2026, 12:38:28 pm »
Последен бамп пред да ја огласам на Реклама5/Пазар3 и слични огласници.