Автор Тема: NBA  (Прочитано 72988 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #525 на: 10 Јануари 2015, 15:06:52 pm »
Пак идеш на детали, и (можеби намерно?) ја игнорираш целината на дискусијава. Што би се рекло, од дрвјата не ја гледаш шумата. Се фокусираш на одделни детали, и потоа носиш заклучоци врз база на селективно одбрани моменти.
Да не го дрвам сега како се нарекува оваа пракса во дискутирањето, туку ајде да се задржиме на суштината на муабетов.

Значи без разлика на деталите како семантика, лапсуси, грешки во математика... (еј па кој рече дека сум совршен енциклопедиски познавач на НБА), работата е во тоа дека новиот колективен договор е смислен и направен за да делува против финансискиот монопол на богатите клубови... и со тоа против формирање на супер тимови.
Има многу работи што го прават тој колективен договор. Да „кармело правилото„ е направено за на помалите клубови да им се даде шанса да ги задржат своите руки играчи (и ветерани) по истекот на нивните договори. Што е директна мерка против тенденцијата на правење на супер тимови.
Данокот на луксуз како сакаш дефинирај го, е многукратно зголемување на давачките за тие што одат над лимитот на селари капот. Ајде, пошто ти иде математиката пресметај колку е разликата во данок на луксуз пред 10тина години и сега, за клуб што иде некои 40-50милиони долари над лимитот.
Сеедно, поентата е дека и тој данокот на луксуз е дел од колективниот договор, и е смислен да отежни (или спречи) формирање на супер тимови. Пошто нели ѕвездите сакаат макс плати, а три ѕвезди со макс плати се блиску до лимитот на селари капот. Што патем е дел од причините зошто ЛеБрон повторно ја смени лојалноста, Кавси во меѓувреме се здобија со млад тим, полн со евтино платени таленти. И тука е комедијата на приказнава, кога Кавси од тие таленти практично „фрлија„ една идна ѕвезда како Вигинс (плус уште еден друг прв пик) и ги дадоа за еднасезонски заем на Кевин Лов.


Значи сите факти зборуваат дека новиот колективен договор е смислен и направен за да спречи монопол на ѕвездите и формирање на супер тимови. Дека клубовите ќе се обидуваат да го прават тоа, не е спорно. Но според се до сега, не е спорно и тоа дека после новиот договор сеуште нема успешен супер тим.
Пошто да се обидуваат да освојат титула, не е исто што и да ја освојат таа титула.

Така и Ти, си завршил 50% од работата со Моника Белучи и Летиција Каста. Пошто ете ти сакаш, а тоа значи пола работа е завршена -сега уште и тие да сакаат и 100% ќе биде завршена работата...    ;D

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: NBA
« Одговори #526 на: 10 Јануари 2015, 22:37:40 pm »
Во врска со рестрикциите ја гледаш само едната страна, односно како тие делуваат.Зошто не погледнеш и размислиш зошто се тие донесени на прво место.Под маската дека се спречува да се прават супер тимови, лигата прек тоа собира повеќе пари од тимовите.

Зошто може да ги собира тие пари? Бидејќи НБА како лига и тимовите во неа прават многу пари.Значи НБА тимовите со новите поголеми приходи можат да си дозволат да ги платат новите даноци, бидејќи имаат поголеми приходи.Поради тоа што имаат поголеми приходи, лигата налага поголеми даноци за да не дојде до создавање на ултра супер тимови со по 5 ѕвезди во нив.
Доказ за тоа е како што и кажав поголемио селари кап кој е директно врзан за приходите кои ги остварува лигата.Што поголем селари кап толку поголеми приходи остварува лигата.Приходите немаат опаднато во последните 5-6 години и се со тенденција на растење.
Доказ за доброто работење на лигата е и новиот договор за ТВ правата кој стапува на сила за една или две сезони.Значи цената по која се договорија е 2.6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ,за разлика од предходниот кој изнесуваше 960 милиони.Тоа значи дека селари капот ќе се зголеми грубо за 35%,односно сега ако изнесува 60 милиони, ќе изнесува 80 милиони во иднина.Ете ти место за уште еден супер стар во екипата  ;).

Новите даноци како и се во Америка е шминка.Знаеш дека се тука ама секогаш има начин како да ги избегнеш.Кој може да им забрани на тројца супер старси да се договорат кај ќе играат во иднина.НИКОЈ. Тоа е нивна лична желба и самите си ја одредуваат цената и договорот под кој ќе бидат.Чист пример е Мајами.Си седнаа на маса се договорија,играме за Мајами ќе зимаме помалце пари ама ќе освоиме титула.Тоа никој на никого не може да го забрани да се случи и во иднина.
Што мислиш Њујорк чисти се живо и диво за да остане само со Кармело?НИКАКО.Знаат дека летово на пазарот ќе има одлични играчи и им треба што поголем кап спејс за да може да потпишат минимум двајца ѕвезди.Јас типувам на Марк Гасол и Горан Драгич.

Да резимираме и ова ќе биде мојот последен пост.

Дали може да се создаваат супер тимови? ДА
Дали ќе се создаваат во иднина супер тимови?СЕКАКО
Дали тој процес е отежнат?До некаде
Дали тие ќе бидат успешни времето ќе покаже  ;)

Остани во добро здравје и секое добро  ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: NBA
« Одговори #527 на: 12 Јануари 2015, 11:32:23 am »
Јас не разбирам како е поврзан новиот колективен договор со успешноста или неуспешноста на супертимот кој очигледно може да се создаде и денес??
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #528 на: 12 Јануари 2015, 12:43:07 pm »
Супер-тим, мупер-тим... Семантика, во најголема мерка. За мене, под супер-тим се подразбира само тим што освоил титула, зошто иначе тоа и не е толку супер... тим.
Тука иде успешноста како фактор.
Поврзаноста на новиот колективен договор е со успешноста или неуспешноста на тимот, да стане СУПЕРТИМ, или да биде пропаднат обид (како Лејкерси, и Нетс... а по се изгледа и Кавс).

And BTW...
Цитат
клик:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
;)



Да резимираме и ова ќе биде мојот последен пост.

Дали може да се создаваат супер тимови? ДА
Дали ќе се создаваат во иднина супер тимови?СЕКАКО
Дали тој процес е отежнат?До некаде
Дали тие ќе бидат успешни времето ќе покаже
  ;)

Остани во добро здравје и секое добро  ;)
Моето резиме би било дека е очигледно за кој навиваш, и како тоа ти се провлекува во сите моменти од дискусијава. Очигледно е дека за семантички разлики расправаме цело време.
Тоа е кога зборуваме за супер-тимовите, или тимови со „големите 3„ (или 4, или 5) играчи. Пошто надвор од семантичките разлики, извесно е дека до слични заклочоци доаѓаме.  ;)

Друг заклучок во резимево (а се некако мислам дека ќе го коментираш истово, па можеби ова и нема да биде резиме ;)), друг заклучок би бил и дека свесно ги игнорираш неправдите и конфликтите на интереси од бившиот комесар Штерн. Разбирливо е што тоа го ингнорираш зошто во тој случај ќе треба да се соочиш со реалноста на неправдата каде копитото Штерн го толерираше создавањето на супертимот на Мајами, а малку подоцна го поништи трејдот со кој ќе се создадеше конкурентен таков тим во Лос Анџелес. Што пак, е разбирливо од аспект на желбата да го заштитиш тој за кој навиваш.  ;D

Тоа кажано, сосема е во ред и да се согласиме дека нема да се согласиме...   :D
Остани ми и ти со здравје и секое добро!  8)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: NBA
« Одговори #529 на: 12 Јануари 2015, 13:29:32 pm »
Јас под супертим подразбирам тим со барем 3 супер звезди. А еден тим може да освои 5 титули со една супер звезда и 10 корисни солидни играчи и добра уиграност/тренер.

Може да ги соберат сите топ 10 играчи во еден тим и ради его, неуиграност и карање 3 години да не освојат титула и да се распаднат. Но тоа не значи дека не бил формиран супертим.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #530 на: 12 Јануари 2015, 13:47:22 pm »
Семантика секако, ти како сакаш нарекувај ги а за мене се супер ако освојат титула (па макар и само еднаш, ете на пример како Бостон пред некои 6-7 години). Поврзаноста на новиот колективен договор е тоа што сега клубовите имаат милион отежнувања и за да се оневозможи (барем до некаде) концентрирањето на повеќемина од подобрите играчи во еден ист тим.

Лигата дури сакаше да наметне и фиксен селари кап, како на пример во америчката фудбалска лига (уствари нивната варијанта на рагби). Ама да не навлегуваме сега до толку... секако главната намена на новиот колективен договор е спречување (или отежнување) на создавањето на супертимови. Ова не само што не е тајна, туку и јавно е изјавувано од лигата и од сопствениците на клубовите.

Еве само еден од многу текстови за ова:
http://www.nydailynews.com/sports/basketball/lawrence-nba-owners-big-article-1.1856017
Цитат
The majority of owners reacted in horror when LeBron James, Dwyane Wade and Chris Bosh joined forces in July 2010. A year later, they locked the players out, privately vowing never to again let three stars align on one team on one of their basketball courts.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: NBA
« Одговори #531 на: 12 Јануари 2015, 15:04:36 pm »
Јас под супертим подразбирам тим со барем 3 супер звезди. А еден тим може да освои 5 титули со една супер звезда и 10 корисни солидни играчи и добра уиграност/тренер.

Може да ги соберат сите топ 10 играчи во еден тим и ради его, неуиграност и карање 3 години да не освојат титула и да се распаднат. Но тоа не значи дека не бил формиран супертим.
Тоа е тоа што го зборам.Никој не може да им забрани на три супер ѕвезди да се договорат да играат во ист тим и да зимаат помалце пари.Поради тоа и Штерн и било кој комисионер во иднина ќе биде немоќен да го спречи формирањето на супер тим(она на што алудира Ван).Слободна воља на играчот е тоа и сам го сноси ризикот во случај на повреда што би му ја завршило кариерата, да остане за бајааги милиони покус.
Секој во лигата веќе оди на создавање супер тројки.Летово за малце тоа ќе се случеше и во Хјустон каде што Бош во последен момент се премисли и потпиша за Мајами.НИКОЈ не можеше да го спречи да потпише за помалце пари во Хјустон и да се спои со Харден и Хауард.

Еве мал доказ за тоа што го зборам во врска со зголемениот селари кап и новиот договор за ТВ правата: http://probasketballtalk.nbcsports.com/2015/01/11/report-kevin-love-wont-sign-long-term-deal-this-summer-waiting-for-salary-cap-to-rise/

Тоа лето е мислам клучно за НБА и каде ќе има тектонски поместувања во ростерите и во моќта на екипите.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #532 на: 13 Јануари 2015, 22:01:49 pm »

Ѕвер е малиов:
https://vine.co/v/ODqqjjTUeJV

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: NBA
« Одговори #533 на: 13 Јануари 2015, 22:55:48 pm »

Перо мајсторе  8)


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #534 на: 13 Јануари 2015, 23:11:04 pm »
Летово за малце тоа ќе се случеше и во Хјустон каде што Бош во последен момент се премисли и потпиша за Мајами.НИКОЈ не можеше да го спречи да потпише за помалце пари во Хјустон и да се спои со Харден и Хауард.
Никој... освен ТИЕ ПОМАЛКУТЕ ПАРИ ЗАРАДИ КОИ И НЕ СИ ОТИДЕ ОД МАЈАМИ!!!   ;D  :D
Што всушност и е поентата на новиот колективен договор. Мајами му понуди максимална плата и една година повеќе. Но Хјустон не можеше истото да го понуди, и не само затоа што Харден и Хауард лапаат макс.

Така гледано, никој не ги спречува и цел тим ју-ес-еј да дојдат заедно ете во Кливленд за ветеранска плата (минималец), и на Леброн да му освојуваат не еден, не два, не три.... не осум (прстени).  ;)
Ама парите се слатки, и токму на тоа е сметано со новиот договор. Порано, се можеше да се платат повеќе ѕвезди (во селари капот), но сега истите ќе треба да се откажат од многу пари. Што всушност е (дел од) тоа за што цело време зборуваме.  ::)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: NBA
« Одговори #535 на: 14 Јануари 2015, 04:19:44 am »
Па и предходната тројка играше за помалце пари,па и било која тројка во иднина ќе мора да игра за помалце пари ако сака да игра заедно.
Порано селари капот беше помал ама немаше толкав данок на луксуз.Сега е поголем ама има данок на луксуз.Се е исто само њега нема ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: NBA
« Одговори #536 на: 14 Јануари 2015, 08:46:30 am »
Видовте вчера Гарнет колку идиотски се испонаша? Не знам дали Хауард му префрлил нешто или не, ама срамота е за чоек што 15 години игра у НБА, да се испонаша као копиљ што само што почнал да игра во лигата.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: NBA
« Одговори #537 на: 14 Јануари 2015, 09:01:43 am »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: NBA
« Одговори #538 на: 14 Јануари 2015, 16:02:41 pm »
Не е НБА, ама сеуште ми е нејасно што направи дечково :)

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #539 на: 14 Јануари 2015, 16:25:51 pm »
Ха, мене некако нестварно ми изгледа таков одраз... некако нелинеарно продужи да се дига горе, без постепено успорување. Дај жити се линк од видеото/настанот, баш сакам да го видам ова.

Иначе Гарнет е psycho како и секогаш, а Кауард пи*ица... одма врти газе и се праи дека демек не се замара.  :)
Eве како тоа некогаш се правеше:
http://www.youtube.com/watch?v=nWqv5fNeosc