Пак идеш на детали, и (можеби намерно?) ја игнорираш целината на дискусијава. Што би се рекло, од дрвјата не ја гледаш шумата. Се фокусираш на одделни детали, и потоа носиш заклучоци врз база на селективно одбрани моменти.
Да не го дрвам сега како се нарекува оваа пракса во дискутирањето, туку ајде да се задржиме на суштината на муабетов.
Значи без разлика на деталите како семантика, лапсуси, грешки во математика... (еј па кој рече дека сум совршен енциклопедиски познавач на НБА), работата е во тоа дека новиот колективен договор е смислен и направен за да делува против финансискиот монопол на богатите клубови... и со тоа против формирање на супер тимови.
Има многу работи што го прават тој колективен договор. Да „кармело правилото„ е направено за на помалите клубови да им се даде шанса да ги задржат своите руки играчи (и ветерани) по истекот на нивните договори. Што е директна мерка против тенденцијата на правење на супер тимови.
Данокот на луксуз како сакаш дефинирај го, е многукратно зголемување на давачките за тие што одат над лимитот на селари капот. Ајде, пошто ти иде математиката пресметај колку е разликата во данок на луксуз пред 10тина години и сега, за клуб што иде некои 40-50милиони долари над лимитот.
Сеедно, поентата е дека и тој данокот на луксуз е дел од колективниот договор, и е смислен да отежни (или спречи) формирање на супер тимови. Пошто нели ѕвездите сакаат макс плати, а три ѕвезди со макс плати се блиску до лимитот на селари капот. Што патем е дел од причините зошто ЛеБрон повторно ја смени лојалноста, Кавси во меѓувреме се здобија со млад тим, полн со евтино платени таленти. И тука е комедијата на приказнава, кога Кавси од тие таленти практично „фрлија„ една идна ѕвезда како Вигинс (плус уште еден друг прв пик) и ги дадоа за еднасезонски заем на Кевин Лов.
Значи сите факти зборуваат дека новиот колективен договор е смислен и направен за да спречи монопол на ѕвездите и формирање на супер тимови. Дека клубовите ќе се обидуваат да го прават тоа, не е спорно. Но според се до сега, не е спорно и тоа дека после новиот договор сеуште нема успешен супер тим.
Пошто да се обидуваат да освојат титула, не е исто што и да ја освојат таа титула.
Така и Ти, си завршил 50% од работата со Моника Белучи и Летиција Каста. Пошто ете ти сакаш, а тоа значи пола работа е завршена -сега уште и тие да сакаат и 100% ќе биде завршена работата...
