Автор Тема: Помош со 1.6тди 105hp  (Прочитано 6643 пати)

Отсутен Ronwhitman

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Помош со 1.6тди 105hp
« на: 24 Март 2026, 13:05:30 pm »
Купив пред скоро два месеци Алтеа 2014 со 1.6тди. Колата си беше супер, и напраив одма мал сервис, а поради немање на инфо околу каишот напраив и голем сервис после две недели со кој се смени и поклопецот на вентили бидејќи пушташе од страните малку.

Како ја земав после големиот сервис, така колата не е иста кога станува збор за снага. Го нема бустот што го имаше да повлече убаво, идеше без проблем и 150 на угорница а сега едвај 120. Проблемот е на малите обртаи исто каде што не може да повлече убаво. Освен тоа друг проблем нема. Работи мирно, не тресе, пали лесно.
Кај мајсторот ја враќав два пати со губење два три дена секое враќање за да провери околу каишот. Проблемот не е решен. Се ичисти и МАФ сензорот колку да се проба, џабе и тоа

Според симптомиве е или фазата, не е тајмингот како што треба наместен иако ја враќав два пати… или има boost leak, но нема никакво шуштење/свирење при давање на гас.

Давајте идеи, слични или исти искуства, затоа што уживав во колата две недели и направив голем сервис за да не ме боли глава, а од тој ден само сум натака навака со мајсторот.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #1 на: 24 Март 2026, 13:08:34 pm »
Палењето не е погодено, т.е каишот е поместен најверојатно за 1 заб. Почни од таму. Барај го Митревски, фален на форумов за VW.

Отсутен Ronwhitman

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #2 на: 24 Март 2026, 13:10:49 pm »
Палењето не е погодено, т.е каишот е поместен најверојатно за 1 заб. Почни од таму. Барај го Митревски, фален на форумов за VW.

Фала друже. Бев кај дечките карши олимписки, Фаворит сервисот, таму исто ми рекоа дека е нешто околу тоа. Чекам да ми кажат за да отворат колку ќе ме кошта. Кај мајсторот што ја праев ми нема поента трет пат да идам…

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #3 на: 24 Март 2026, 13:15:38 pm »
Проверете на VCDS:
Torsion Value - ќе видиш дали е моторот во "фаза", треба да е поблиску до 0 степени
Boost Pressure Actual/Boost Pressure Specified - најдобро се мери во трета брзина со полна гас, ако има голема разлика тогаш е вакуум или сензор, но најпрво да се провери "фазата/палењето".
Едит: Проблемот кај нас е тоа што мајсторите немаат соодветен алат (во случајов користат универзални блокатори за мотор на VW). Патем, ги имам шемите за изработка на блокатори за сите тди мотори, од 1.6 до 3.0+ мотори на VW. Конкретно имам изработено за 2.5 V6 TDI од 1998ма (ниеден мајстор не го погоди палењето).
« Последно менување: 24 Март 2026, 13:22:43 pm nestor04 »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2123
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #4 на: 24 Март 2026, 14:27:10 pm »
прашај и кај мартин сервис ваг во долно лисиче

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #5 на: 24 Март 2026, 18:33:16 pm »
Штета што не си го отворил форумот пред да правиш сервис, има толку многу препораки за добар сервис за VW, се надевам ќе се реши што побрзо и што поефтино.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Ronwhitman

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #6 на: 24 Март 2026, 18:35:43 pm »
Штета што не си го отворил форумот пред да правиш сервис, има толку многу препораки за добар сервис за VW, се надевам ќе се реши што побрзо и што поефтино.

Тоа е. Битно ми е да го решам без да се изнадавам плус пари на веќе дадените за голем сервис.
Чекам тука искуства и предлози па ќе видиме.

Фала ви секако на сите што пишавте.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8250
  • Плинаш!!!
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #7 на: 24 Март 2026, 21:27:47 pm »
Пари посекако ќе дадеш (кој и да ја отвара без пари нема да ја отвара) ама барем коа ќе дадеш пари барем кејфот да ти се врати. Со среќа!!!

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Ronwhitman

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #8 на: 25 Март 2026, 13:04:25 pm »
Ја проверија на компјутер. Имаше отстапување на едната дизна. Пример ако се сите 0.45 третата беше 0.33, на ниска гас, па после ги стигаше коа ќе се даде повеќе гас. Значи проблемот лежи тука. Поради промена на поклопецот на вентили доаѓало до ова, необјасниво е зошто дизните не се исто како што биле после вадењето...
Ми рекоа репарација ќе мора доколку не пројде само со чистење на дизните. Друго чаре нема.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #9 на: 25 Март 2026, 14:37:27 pm »
Не знам кои се референтни вредности на дијагностиката каде што ти ги проверувале дизните, но тоа воопшто не е голема отстапка. Не верувам дека дизна е проблемот кај тебе.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #10 на: 25 Март 2026, 15:17:40 pm »
Дизните се перфектни ако после толку години се на 0.33 и 0.45, проблематични се над 1.5.

Отсутен Ronwhitman

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #11 на: 25 Март 2026, 15:48:49 pm »
Затоа што се сомневав и во тајмингот, каде може да ми проверат torsion value на компјутер? Дечкиве денес немаа увид во тоа.
А добро ќе биде и тоа да се провери без да се отвара да се дојде до каишот, ќе треба да платам за работна рака беспотребно а може да не е тоа.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #12 на: 25 Март 2026, 15:55:46 pm »
Го фалат дечките, немам лично искуство:
https://zk.mk/mitrevski-2?choice=00

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #13 на: 25 Март 2026, 21:45:35 pm »
Јас имам 1.6 тди, "најпогодениот" CAYC мотор, и со дизни сум имал мака, ама никогаш не било да не влече поради дизна, така да не би се кладел на тоа. А дизните се секако проблематични, ама друга мака имаш сигурно.

За дизни види и Роберт, Бош сервис  Тетово.
« Последно менување: 25 Март 2026, 22:59:18 pm AUUU »

Отсутен Ronwhitman

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #14 на: 29 Март 2026, 18:02:33 pm »
Имам најобичен скенер од тему за бришење грешки но дава и некои параметри.
Овие се параметрите при возење прееска:
DTC_CNT 0
LOAD_PCT(%) 100.0
ECT(C) 66
MAP(KPA) 221
RPM(/MIN) 1854
VSS(KM/H) 51
IAT(C) 22
MAF(G/S) 15.24
TP(%) 23.5
OBDSUP EOBD
RUNTM(SEC) 250
ML_DIST(KM) 0
FUELPRE(PSI) 44480.0
EQ_RATB1S1 1.773
O2B1S1(V) 3.118
EQR_PTC(%) 0.0
EQR_ERR(%) 0.0
WARM_UPS 6
CLR_DIST(KM) 78
BARO(KPA) 97
VPWR(V) 14.908
TP_R(%) 11.8
AAT(C) 15
APP_D(%) 24.7
APP_E(%) 21.6
TAC_PCT(%) 12.2

Според параметриве (ги ставив на чет џпт) проблеми со усисот/бустот/турбото нема, и посочува дека сепак е нешто околу фазата

Чет џпт вика:
Како се подесува

⚠️ Ова НЕ се прави со ремен повторно да се вади.

Се прави вака:

1️⃣ Се олабавуваат 3-те шрафови на запчаникот од брегастата
2️⃣ Моторот работи во лер
3️⃣ Се врти запчаникот МИНИМАЛНО лево/десно
4️⃣ Се гледа torsion value во живо
5️⃣ Се затегнува кога ќе дојде блиску до 0.0°

Тоа е работа од 20-30 минути ако мајсторот знае што прави.


Има ли логика тука?