Купив пред скоро два месеци Алтеа 2014 со 1.6тди. Колата си беше супер, и напраив одма мал сервис, а поради немање на инфо околу каишот напраив и голем сервис после две недели со кој се смени и поклопецот на вентили бидејќи пушташе од страните малку.
Како ја земав после големиот сервис, така колата не е иста кога станува збор за снага. Го нема бустот што го имаше да повлече убаво, идеше без проблем и 150 на угорница а сега едвај 120. Проблемот е на малите обртаи исто каде што не може да повлече убаво. Освен тоа друг проблем нема. Работи мирно, не тресе, пали лесно.
Кај мајсторот ја враќав два пати со губење два три дена секое враќање за да провери околу каишот. Проблемот не е решен. Се ичисти и МАФ сензорот колку да се проба, џабе и тоа
Според симптомиве е или фазата, не е тајмингот како што треба наместен иако ја враќав два пати… или има boost leak, но нема никакво шуштење/свирење при давање на гас.
Давајте идеи, слични или исти искуства, затоа што уживав во колата две недели и направив голем сервис за да не ме боли глава, а од тој ден само сум натака навака со мајсторот.